Прво послание до Солуњаните
1 Павле, Силван*+ и Тимотеј+ до собранието* на Солуњаните, кое е во единство+ со Бог, Таткото, и со Господарот* Исус Христос:
Незаслужената доброта и мирот нека бидат со вас!+
2 Секогаш му благодариме на Бог за сите вас кога ве спомнуваме во своите молитви,+ 3 зашто непрестајно ги имаме на ум вашите дела поттикнати од вера+ и вашиот труд поттикнат од љубов и вашата истрајност која произлегува од вашата надеж+ во нашиот Господар Исус Христос, пред нашиот Бог и Татко. 4 Зашто, знаеме, браќа сакани од Бог, дека тој ве избра,+ 5 бидејќи добрата вест што ја проповедаме не дојде кај вас само со зборови, туку и со моќ+ и со свет дух и со длабоко уверување.+ А и самите знаете какви бевме меѓу вас заради вас.+ 6 И вие се угледавте на*+ нас и на Господарот+ зашто, и покрај многу неволји,+ ја прифативте речта со радоста што доаѓа преку светиот дух,+ 7 така што им станавте пример на сите верници во Македонија* и во Ахаја.*
8 И не само што Јеховината реч+ од вас одекна во Македонија и во Ахаја туку и вашата вера+ во Бог се рашири насекаде,+ така што ние не треба ништо да зборуваме. 9 Зашто, самите тие раскажуваат за тоа како дојдовме кај вас и како од своите идоли се обративте кон Бог+ за да му робувате на живиот+ и вистински Бог+ 10 и дека чекате+ да дојде од небесата неговиот Син,+ Исус, кого го подигна од мртвите+ и кој нѐ избавува од гневот што доаѓа.+
2 И сами знаете, браќа, дека нашето доаѓање кај вас+ не беше залудно.+ 2 Напротив, откако во Филипи,+ како што знаете, најпрво пострадавме+ и бевме малтретирани,+ собравме смелост со помош на нашиот Бог да ви ја проповедаме+ Божјата добра вест со голема борба. 3 Зашто, нашиот поттик не произлегува од заблуда, ниту од нечисти+ побуди, ниту од желба да измамиме некого, 4 туку зборуваме како луѓе кои Бог ги испита и ги сметаше за достојни да им ја довери добрата вест+ — тоа не го правиме како да им угодуваме на луѓето,+ туку на Бог, кој ги испитува нашите срца.+
5 Зашто, како што знаете, никогаш не се послуживме со ласкави зборови,+ ниту правевме нешто од прикриена+ лакомост+ — Бог е сведок! 6 И не баравме слава од луѓе+ — ниту од вас ниту од другите — иако, како Христови апостоли, можевме да ви бидеме товар.+ 7 Напротив, кон вас бевме благи, како мајка која ги храни и ги негува своите деца.+ 8 Така, полни со љубов кон вас,+ бевме спремни да ви ја дадеме не само Божјата добра вест туку и својот живот,*+ бидејќи ве засакавме.+
9 Зашто, се сеќавате, браќа, на нашиот труд и напор. Додека ви ја проповедавме Божјата добра вест, работевме+ ден и ноќ, за да не му бидеме товар никому од вас.+ 10 Сведоци сте и вие и Бог колку верно и праведно и беспрекорно+ се однесувавме кон вас кои верувате. 11 А добро знаете и дека, како татко+ своите деца, секого од вас го поттикнувавме+ и го тешевме и го заколнувавме 12 да водите живот достоен*+ на Бог, кој ве повикува+ во своето царство+ и слава.
13 Затоа и непрестајно му благодариме на Бог+ што Божјата реч, која ја примивте+ откако ја чувте од нас, не ја прифативте како реч човечка,+ туку како реч Божја, каква што таа навистина е, и таа дејствува во вас кои верувате.+ 14 Зашто, вие, браќа, се угледавте на* Божјите собранија кои се во Јудеја во единство со Христос Исус, бидејќи и вие почнавте да го трпите+ од своите сонародници истото што го трпат и тие од Евреите, 15 кои ги убија и Господарот* Исус+ и пророците,+ а нас нѐ прогонуваа.+ Тие не му угодуваат на Бог, туку се противат на она што е добро за сите луѓе, 16 бидејќи се обидуваат да нѐ спречат+ да им проповедаме на незнабошците за да се спасат+ тие луѓе. Со сето тоа и тие ја навршуваат мерата+ на своите гревови. Но неговиот гнев ги стигнува.+
17 А ние, браќа, кога за кратко бевме одвоени од вас — со лицето, но не и со срцето — многу копнеевме по вас, и на секој начин настојувавме да ги видиме вашите лица.+ 18 Затоа сакавме да дојдеме кај вас — јас, Павле, и првиот и вториот пат — но Сатана нѐ спречи. 19 Зашто, што е нашата надеж или радост или круна*+ со која ќе се гордееме пред нашиот Господар Исус во времето на неговата присутност?*+ Зарем не сте тоа вие? 20 Да, вие сте нашата слава и радост!
3 Затоа, кога веќе не можевме да издржиме, решивме да останеме сами во Атина,+ 2 а Тимотеј,+ нашиот брат и Божји слуга, кој ја проповеда добрата вест+ за Христос, го испративме да ве зацврсти и да ве утеши за да ја зајакне вашата вера, 3 за да не се поколеба никој поради тие неволји.+ Зашто, и самите знаете дека тие мора да ни се случуваат.+ 4 Всушност, кога бевме кај вас, однапред ви зборувавме+ дека мора да нѐ снајдат неволји,+ а тоа, како што знаете, и се случи.+ 5 Затоа, бидејќи не можев повеќе да издржам, го испратив за да дознаам за вашата верност,+ зашто се плашам да не ве искушал некако Искушувачот+ и нашиот труд да се покаже залуден.+
6 А Тимотеј само што ни се врати откај вас+ и ни донесе добри вести за вашата верност и љубов,+ и дека сѐ уште со задоволство се сеќавате на нас и копнеете да нѐ видите, исто како и ние вас.+ 7 Затоа, браќа, покрај сета наша немаштија и неволја, се утешивме+ кога чувме за вашата верност,+ 8 зашто сега, кога ја гледаме вашата непоколебливост во Господарот,* ние оживеавме.+ 9 Зашто, како да му се заблагодариме на Бог за вас, за сета радост+ што ја чувствуваме поради вас пред нашиот Бог, 10 додека дење и ноќе најсесрдно се молиме+ да ги видиме вашите лица и да ја надополниме вашата вера во она што ѝ недостига?+
11 И самиот наш Бог, и Татко, и нашиот Господар Исус+ успешно нека го насочат нашиот пат кон вас. 12 А вам Господарот нека ви овозможи да растете+ и да обилувате во љубовта+ еден кон друг и кон сите, како што и ние обилуваме во љубовта кон вас, 13 за да ви бидат срцата цврсти, беспрекорни+ во светоста пред нашиот Бог и Татко, и како такви да ја дочекате присутноста*+ на нашиот Господар Исус со сите негови свети.+
4 На крајот, браќа, ве поучивме како треба да живеете* и да му угодувате на Бог+ — а вие така и живеете — па ве молиме и ве поттикнуваме во Господарот* Исус уште повеќе да напредувате во тоа.+ 2 Зашто, знаете какви заповеди+ ви дадовме во името на Господарот Исус.
3 Зашто, Божја волја е да бидете свети+ — да се воздржувате од блуд,+ 4 секој од вас да знае како да завладее со своето тело*+ во светост+ и чест, 5 а не во незауздана сексуална страст+ својствена на народите+ што не го познаваат Бог,+ 6 и никој да не му прави ништо лошо на својот брат и да не се меша во неговите права,+ зашто Јехова казнува за сето тоа,+ како што веќе ви кажавме и темелно ви посведочивме.+ 7 Зашто, Бог не нѐ повика за да живееме нечисто, туку да бидеме свети.+ 8 Според тоа, оној што го отфрла тоа,+ не отфрла човек, туку Бог,+ кој ви го дава својот свет дух.+
9 А за братската љубов+ не треба да ви пишуваме, зашто и самите сте поучени од Бог+ да се сакате еден со друг,+ 10 а вие навистина ги сакате сите браќа во цела Македонија. Но ве поттикнуваме, браќа, тоа да го правите уште повеќе 11 и да се трудите мирно да живеете,+ да си ја гледате својата работа+ и да работите со своите раце,+ како што ви заповедавме, 12 за да се однесувате достојно*+ пред оние што се надвор од собранието+ и од никого ништо да не ви треба.+
13 И не сакаме, браќа, да бидете во незнаење во врска со оние што се умрени,*+ за да не тагувате како другите, кои немаат надеж.+ 14 Зашто, ако веруваме дека Исус умрел и воскреснал,+ тогаш Бог и оние што умреле во единство со Исус ќе ги доведе со него.+ 15 Зашто, ова ви го зборуваме преку Јеховината реч:+ ние живите, кои преостануваме до времето на присутноста* на Господарот,+ нема да ги престигнеме оние што се умрени, 16 зашто, самиот Господар ќе слезе од небото+ со заповеднички повик, со глас на архангел+ и со Божја труба,+ и најпрво ќе станат оние што се мртви во единство со Христос.+ 17 Потоа ние живите, кои ќе преостанеме, заедно со нив+ ќе бидеме однесени+ во облаците+ за да се сретнеме+ со Господарот во воздухот. И така ќе бидеме секогаш со Господарот.+ 18 Затоа, тешете се еден со друг со овие зборови.
5 А за времињата и раздобјата,+ браќа, не треба да ви се пишува. 2 Зашто, и самите добро знаете дека Јеховиниот ден+ доаѓа токму како крадец во ноќта.+ 3 Кога ќе зборуваат:+ „Мир+ и сигурност!“ — тогаш ненадејно ќе ги снајде уништување+ како како што ја снаоѓаат родилни болки бремена жена,+ и нема да побегнат.+ 4 Но вие, браќа, не сте во темнина,+ па тој ден да ве затече како што би затекол крадци,+ 5 зашто сите вие сте синови на светлината+ и синови на денот.+ Ние не ѝ припаѓаме ниту на ноќта ниту на темнината.+
6 Затоа, да не спиеме+ како и останатите,+ туку да бдееме+ и да бидеме трезвени.+ 7 Зашто, оние што спијат,+ ноќе спијат,+ и оние што се опиваат, ноќе се опиваат. 8 А ние кои му припаѓаме на денот, да бидеме трезвени и на градите да го ставиме оклопот+ на верата+ и љубовта и да го ставиме шлемот+ — надежта во спасението.+ 9 Зашто, Бог не нѐ одредил да го искусиме неговиот гнев,+ туку да постигнеме спасение+ преку нашиот Господар* Исус Христос,+ 10 кој умре за нас+ за — сеедно дали бдееме или спиеме — да живееме заедно со него.+ 11 Затоа, тешете се меѓусебно и изградувајте се еден со друг,+ како што веќе и правите.+
12 Ве молиме, браќа, почитувајте ги оние што се трудат меѓу вас и предводат+ во делото на Господарот и ве опоменуваат, 13 и нив особено ценете ги со љубов поради нивната работа.+ Бидете во мир еден со друг.+ 14 А ве поттикнуваме, браќа, опоменувајте ги оние што живеат неуредно,+ тешете ги потиштените души,+ помагајте им на слабите, бидете долготрпеливи+ со сите. 15 Гледајте никој никому да не му враќа зло за зло,+ туку секогаш настојувајте да правите добро еден на друг и на сите останати.+
16 Радувајте се секогаш.+ 17 Молете се непрестајно.+ 18 За сѐ благодарете.+ Зашто, тоа е за вас волјата Божја во Христос Исус. 19 Не гаснете го духот.+ 20 Не презирајте ги пророштвата.+ 21 Сѐ испитувајте за да се уверите во тоа,+ држете се за она што е добро.+ 22 Тргајте се од секакво зло.+
23 Самиот Бог на мирот+ нека ве посвети потполно.+ И, браќа, целиот ваш дух и душа и тело нека бидат зачувани беспрекорни до времето на присутноста* на нашиот Господар Исус Христос.+ 24 Верен е оној што ве повикува, и тој и ќе го стори тоа.
26 Поздравете ги сите браќа со свет бакнеж.+
27 Ве заколнувам во Господарот, ова писмо да им биде прочитано на сите браќа.+
28 Незаслужената доброта+ на нашиот Господар Исус Христос нека биде со вас!
Или: „Сила“.
Види ја фуснотата за изразот „собрание“ во Мт 16:18.
Види го додатокот 11.
Или: „почнавте да нѐ имитирате“.
Види ја фуснотата за Де 16:9.
Види ја фуснотата за изразот „Ахаја“ во Де 18:12.
Буквално: „своите души“.
Буквално: „да одите достојно“.
Или: „ги имитиравте“.
Види го додатокот 11.
Или: „венец“.
Грчки: паруси́а (парусија). Види го додатокот 7.
Види го додатокот 11.
Грчки: паруси́а (парусија). Види го додатокот 7.
Буквално: „одите“.
Види го додатокот 11.
Буквално: „со својот сад“.
Буквално: „за да одите достојно“.
Глаголот „умре“ во стиховите 13-15 буквално гласи: „заспие“.
Грчки: паруси́а (парусија). Види го додатокот 7.
Види го додатокот 11.
Грчки: паруси́а (парусија). Види го додатокот 7.