ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • bi12 2. Солуњаните 1:1-3:18
  • 2. Солуњаните

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • 2. Солуњаните
  • Свето писмо — превод Нов свет
Свето писмо — превод Нов свет
2. Солуњаните

Второ послание до Солуњаните

1 Павле, Силван и Тимотеј+ до собранието* на Солуњаните, кое е во единство со Бог, нашиот Татко, и со Господарот Исус Христос:

2 Бог, Таткото, и Господарот* Исус Христос нека ви дадат незаслужена доброта и мир!+

3 Должни сме секогаш да му благодариме на Бог за вас,+ браќа, како што прилега, зашто вашата вера сѐ повеќе расте+ и кај сите вас се продлабочува меѓусебната љубов.+ 4 Затоа меѓу Божјите собранија се гордееме со вас+ поради вашата истрајност и вера во сите ваши прогонства и неволји што ги поднесувате.+ 5 Сето тоа е доказ дека Бог праведно суди+ и дека ќе бидете прогласени за достојни за Божјето царство,+ за кое и страдате.+

6 Зашто, праведно е Бог да им ја врати неволјата на оние што ви нанесуваат неволја,+ 7 а вам, кои трпите неволја, да ви донесе олеснување, како и нам, кога од небото ќе се појави+ Господарот Исус со своите моќни ангели+ 8 во распламтен оган, и кога ќе изврши одмазда+ над оние што не го познаваат Бог+ и не ѝ се покоруваат+ на добрата вест за нашиот Господар Исус.+ 9 Тие ќе бидат казнети+ со вечно уништување+ и така ќе бидат оддалечени од лицето на Господарот и од неговата славна моќ,+ 10 кога тој ќе дојде да биде прославен со своите свети+ и во тој ден да му се восхитуваат сите кои поверувале, бидејќи меѓу вас му поверуваа на нашето сведоштво.

11 Затоа и се молиме секогаш за вас, нашиот Бог да ве смета за достојни за својот позив+ и со својата сила потполно да го изврши сето добро што му е по волја, и да го доврши делото што го правите поттикнати од вера, 12 за името на нашиот Господар Исус да се прослави во вас+ и вие во единство+ со него, според незаслужената доброта+ на нашиот Бог и на нашиот Господар Исус Христос.

2 А што се однесува до присутноста*+ на нашиот Господар* Исус Христос и до нашето собирање кај него,+ ве молиме, браќа, 2 не дозволувајте брзо да бидете расколебани во своето расудување, ниту да се вознемирувате од некоја вдахновена изјава,+ ниту од некој збор,+ ниту од некое наводно наше писмо+ во врска со тоа дека Јеховиниот ден+ веќе е тука.

3 Никој нека не ве заведе на каков и да е начин, зашто тој ден нема да дојде додека најнапред не дојде отпадништвото+ и не се открие+ човекот на беззаконието,+ синот на пропаста.+ 4 Тој е противник+ и се возвишува над секој што се нарекува „бог“ или е почитуван, па седи во Божјиот храм, прикажувајќи се како бог.+ 5 Не се сеќавате ли дека тоа ви го зборував уште додека бев со вас?+

6 И така, сега знаете+ што го задржува,+ за да биде откриен дури во свое време.+ 7 Навистина, тајната на ова беззаконие веќе дејствува,+ но ќе остане тајна само додека не биде отстранет оној што сега го задржува.+ 8 Тогаш ќе биде откриен беззаконикот. Него Господарот Исус ќе го убие со здивот* на својата уста+ и ќе го уништи со покажувањето+ на својата присутност.+ 9 Но присутноста на беззаконикот, која Сатана ја овозможува со своето дејствување,+ проследена е со секое моќно дело* и со лажни чудесни знаци и предзнаци+ 10 и со секаква неправда и измама.+ Сето тоа е наменето за оние што заминуваат во пропаст,+ затоа што не ја прифатија љубовта+ кон вистината за да се спасат.+ 11 И затоа Бог допушта врз нив да дејствува заблудата, за да ѝ поверуваат на лагата,+ 12 за да бидат осудени сите тие бидејќи не ѝ веруваа на вистината,+ туку ја сакаа неправдата.+

13 А ние сме должни секогаш да му благодариме на Бог за вас, браќа сакани од Јехова, бидејќи Бог, поради вашата вера во вистината,+ од почетокот ве избра+ за спасение со тоа што ве посвети+ со дух.+ 14 На тоа спасение ве повика преку добрата вест што ја објавуваме,+ за да ја постигнете славата на нашиот Господар Исус Христос.+ 15 Затоа, браќа, бидете непоколебливи+ и држете се за преданијата+ за кои бевте поучени, било со збор било преку наше писмо. 16 И самиот наш Господар, Исус Христос, и Бог, нашиот Татко, кој нѐ сакаше+ и преку својата незаслужена доброта ни даде вечна утеха и прекрасна надеж,+ 17 нека ги утешат вашите срца и нека ве зацврстат во секое добро дело и збор.+

3 И на крајот, браќа, молете се за нас,+ за Јеховината реч+ брзо да се шири+ и да се слави, исто како кај вас, 2 и да бидеме избавени од расипани и зли луѓе,+ зашто сите немаат вера.+ 3 Но Господарот* е верен и тој ќе ве зацврсти и ќе ве чува од Злобниот.+ 4 А како следбеници на Господарот имаме доверба+ во вас дека го правите и дека ќе го правите она што ви го заповедаме.+ 5 Господарот нека ви ги насочува срцата кон љубовта+ кон Бог и кон истрајноста,+ која ви е потребна додека му служите на Христос.

6 Ви заповедаме,+ браќа, во името на Господарот Исус Христос, да се тргате+ од секој брат што живее* неуредно,+ а не според преданието што го примивте од нас.+ 7 Зашто, сами знаете на кој начин треба да се угледате на нас,*+ бидејќи, додека бевме меѓу вас, не живеевме неуредно,+ 8 ниту, пак, бадијала јадевме нечиј леб.+ Напротив, дење и ноќе тешко и напорно работевме+ за да не му бидеме товар никому од вас.+ 9 Не затоа што не би имале право на тоа,+ туку за да ви послужиме како пример кој треба да го следите.*+ 10 Навистина, кога бевме со вас, ви заповедавме:+ „Ако некој не сака да работи, нека и не јаде!“+ 11 Зашто, слушаме дека некои од вас живеат* неуредно,+ дека ништо не работат, туку се мешаат во она што не ги засега.+ 12 На таквите им заповедаме и ги опоменуваме во Господарот Исус Христос да работат во мир и да го јадат лебот што самите го заработуваат.+

13 А вие, браќа, не изморувајте се од правењето на она што е исправно.+ 14 А ако некој не го послуша она што го рековме+ во ова писмо, обележете го,+ не дружете се повеќе со него,+ за да се посрами.+ 15 Но немојте да го сметате за непријател, туку опоменувајте го+ како брат.

16 И самиот Господар на мирот нека ви даде мир секогаш и на секаков начин.+ Господарот нека биде со сите вас.

17 Јас, Павле, ви го пишувам овој поздрав со сопствена рака.+ Тоа е мојот знак во секое писмо — вака пишувам јас.

18 Незаслужената доброта+ на нашиот Господар Исус Христос нека биде со сите вас.

Види ја фуснотата за изразот „собрание“ во Мт 16:18.

Види го додатокот 11.

Грчки: паруси́а (парусија). Види го додатокот 7.

Види го додатокот 11.

Буквално: „со духот“.

Или: „со секое чудо“.

Види го додатокот 11.

Буквално: „оди“.

Или: „како треба да нѐ имитирате“.

Или: „што треба да го имитирате“.

Буквално: „одат“.

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели