Прво послание до Тимотеј
1 Павле — апостол+ на Христос Исус по заповед на Бог,+ нашиот Спасител,+ и на Христос Исус, нашата надеж+ — 2 до Тимотеј,+ вистинскиот син+ во верата:
Незаслужената доброта, милосрдието и мирот од Бог, Таткото, и од Христос Исус, нашиот Господар* нека бидат со тебе!+
3 Како што те поттикнував кога заминував за Македонија,*+ така те поттикнувам и сега: остани во Ефес за да им заповедаш+ на некои да не поучуваат за поинакво учење+ 4 и да не се занимаваат со измислени прикаски+ и со родословија, бидејќи тоа не води никаде.+ Тоа само придонесува за да се поставуваат непотребни прашања, а не за да се распределува она што Бог го дава за изградување на нашата вера. 5 А целта на оваа заповед е љубов+ од чисто срце,+ чиста совест+ и нелицемерна вера.+ 6 Некои отстапија од тоа и застранија+ во празни муабети.+ 7 Сакаат да бидат учители+ на законот,+ а не го разбираат ниту она што го зборуваат ниту она што упорно го тврдат.
8 А знаеме дека Законот е добар+ ако некој правилно се служи со него,+ 9 свесен за тоа дека законот не е донесен за праведниците, туку за беззакониците+ и непокорните,+ за безбожните и грешниците, за неверните+ и за оние кои го осквернуваат она што е свето, за убијците на татковци, на мајки и на други луѓе, 10 за блудниците,+ за мажите што легнуваат со мажи, за трговците со луѓе,* за лажливците, за кривоклетниците+ и за сите други што го прават она што е спротивно+ на здравото учење,+ 11 кое е во склад со славната добра вест на среќниот Бог,+ која ми е доверена.+
12 Благодарен сум му на Христос Исус, нашиот Господар, кој ми даде сила, зашто сметаше дека сум достоен за доверба,+ па ме постави во служба,+ 13 иако порано бев хулител, прогонител+ и дрзок човек.+ Но ми беше покажано милосрдие,+ зашто бев во незнаење+ и го правев тоа додека немав вера. 14 И примив во изобилство од незаслужената доброта на нашиот Господар+ заедно со верата и љубовта која е во Христос Исус.+ 15 Оваа изјава е веродостојна и заслужува потполно да се прифати:+ Христос Исус дојде во светот за да ги спаси грешниците,+ од кои најголемиот сум јас.+ 16 Сепак, покажано ми е милосрдие+ мене, најголемиот грешник, за Христос Исус да ја покаже сета своја долготрпеливост и да им даде пример на сите што ќе поверуваат+ во него за да добијат вечен живот.+
17 А на Царот на вечноста,+ на нераспадливиот,+ невидлив,+ единствен Бог,+ нека му е чест и слава во сета вечност!+ Амин.*
18 Оваа заповед+ ти ја предавам, сине Тимотеј, во склад со пророштвата+ кои се однесуваа на тебе, за да водиш добра војна,+ потпирајќи се на нив, 19 чувајќи ги верата и чистата совест,+ кои некои ги отфрлија+ и доживеаја бродолом во верата.+ 20 Меѓу нив се Именеј+ и Александар,+ кои му ги предадов на Сатана+ за да научат* дека не смеат да хулат.+
2 Затоа, пред сѐ, поттикнувам да се упатуваат барања,* молитви,+ молби* и благодарења за најразлични луѓе,+ 2 за цареви+ и за сите што се на власт,+ за да можеме да водиме мирен и тивок живот во потполна оддаденост на Бог и во чесност.+ 3 Тоа е добро и прифатливо+ во очите на нашиот Спасител, Бог,+ 4 кој сака најразлични луѓе+ да се спасат+ и добро да ја запознаат*+ вистината.+ 5 Зашто, еден е Бог+ и еден е посредник+ помеѓу Бог+ и луѓето,+ човекот, Христос Исус,+ 6 кој се даде себеси како соодветна откупнина за сите.+ А за тоа ќе се сведочи во свое време. 7 Заради ова сведоштво+ јас сум поставен за проповедник и апостол+ — вистина ви велам,+ не лажам — за учител на незнабошците+ во верата+ и вистината.
8 Затоа сакам мажите да се молат секаде каде што ќе се собирате, кревајќи ги верните раце,+ без гнев+ и расправии.+ 9 Исто така, сакам жените да се облекуваат пристојно, а притоа да бидат скромни+ и разборити, да не се украсуваат со плетење на косата и со злато или со бисери, или со многу скапа облека,+ 10 туку со добри дела,+ како што им прилега на жени кои велат дека го почитуваат Бог.+
11 Жената нека прима поуки молчешкум, со потполна подложност.+ 12 На жената не ѝ дозволувам да поучува,+ ниту да господари над мажот,+ туку нека молчи. 13 Зашто, прво е создаден Адам, а потоа Ева.+ 14 И Адам не беше измамен,+ туку жената беше потполно измамена+ и направи престап.+ 15 Но жените ќе ги заштити раѓањето+ ако останат во верата, љубовта, посветеноста и разборитоста.+
3 Оваа изјава е веродостојна.+
Ако некој сака да служи како надгледник,+ тој сака служба вредна за пофалба. 2 Затоа надгледникот треба да биде беспрекорен,+ да има само една жена, да биде умерен во сѐ,+ разборит,+ да живее уредно,+ да биде гостољубив,*+ способен да поучува други,+ 3 не пијаница,+ ни кавгаџија,*+ туку разумен,*+ не воинствен,+ ни алчен за пари.+ 4 Треба добро да управува со својот дом,+ а децата треба да му бидат послушни и да покажуваат потполна почит.*+ 5 Зашто, ако некој не знае да управува со својот дом, како ќе се грижи за Божјето собрание?* 6 Не смее да биде новообратен,+ за да не се возгордее+ и да падне под истата осуда како Ѓаволот.+ 7 А треба да биде и на добар глас кај луѓето надвор од собранието,+ за да не падне во срам и во замката+ на Ѓаволот.
8 Слугите помошници,+ исто така, треба да бидат достојни за почит,* не дволични, да не пијат многу вино, да не бидат алчни за нечесна добивка,+ 9 да се држат за светата тајна+ на верата и да имаат чиста совест.+
10 И најпрво треба да бидат испитани,+ и ако нема за што да им се приговори,+ нека ја извршуваат службата.
11 Жените исто така треба да бидат достојни за почит,* не клеветнички,+ туку умерени+ и верни во сѐ.+
12 Слугите помошници нека имаат само една жена,+ добро нека управуваат со децата и со својот дом.+ 13 Зашто, оние што добро ја извршуваат службата, стекнуваат добро име+ и можат со голема слобода да им зборуваат+ на другите за верата во Христос Исус.
14 Иако се надевам дека наскоро ќе дојдам кај тебе,+ ти го пишувам ова 15 за да знаеш, ако се задржам, како треба да се однесуваш во Божјиот дом,+ кој е собрание на живиот Бог, столб и потпора+ на вистината. 16 И, без сомнение, голема е светата тајна+ на оддаденоста на Бог: ‚Тој се појави во тело,+ беше прогласен за праведен во духот,+ им се покажа на ангелите,+ за него се проповедаше меѓу народите,+ во светот поверуваа во него,+ беше вознесен на небото во слава‘.+
4 А вдахновената објава јасно вели дека во идните времиња+ некои ќе отпаднат+ од верата, слушајќи заведувачки вдахновени објави+ и учења на демони,+ 2 заведени од лицемерството на лажливците+ со затапена совест,*+ 3 кои забрануваат брак+ и бараат воздржување од јадења,+ кои Бог ги создал+ за да ги јадат со благодарност оние што веруваат+ и добро ја познаваат* вистината. 4 Зашто, сѐ што создал Бог е добро,+ и не треба ништо да се отфрла+ ако се зема со благодарење,+ 5 бидејќи тоа се посветува преку Божјата реч и преку молитвата која се упатува за тоа.
6 Укажувај им на браќата на ова, па ќе бидеш добар слуга на Христос Исус, хранет со зборовите на верата и со доброто учење,+ кое постојано го следиш.+ 7 Избегнувај ги измислените прикаски,+ кои го сквернават она што е свето, прикаски својствени за старите жени. Наместо тоа, вежбај да му бидеш оддаден на Бог.+ 8 Зашто, телесното вежбање малку користи, а оддаденоста на Бог+ е корисна во секој поглед,+ бидејќи ветува живот — сегашен и иден.+ 9 Оваа изјава е веродостојна и заслужува потполно да се прифати.+ 10 Затоа работиме напорно и се напрегаме,+ бидејќи се надеваме+ на живиот Бог, кој е Спасител+ на најразлични луѓе,+ посебно на оние што се верни.+
11 Тоа да го заповедаш+ и за тоа да ги поучуваш.+ 12 Никој нека не те потценува поради твојата младост,+ туку биди им пример+ на верните+ во говорот, во постапките, во љубовта, во верата, во чистотата.+ 13 Додека да дојдам, посвети се на јавното+ читање,+ на поттикнувањето, на поучувањето. 14 Не занемарувај го дарот+ што е во тебе, кој ти е даден преку пророштво+ и кога старешинството положи раце+ врз тебе. 15 Размислувај за тоа,+ сиот посвети се на тоа, за твојот напредок+ да им биде видлив на сите. 16 Добро внимавај како живееш+ и како поучуваш.+ Истрај во тоа, зашто, правејќи го тоа ќе се спасиш и себеси и оние што те слушаат.+
5 Немој да прекоруваш постар човек,+ туку советувај го како татко, помладите мажи како браќа, 2 постарите жени+ како мајки, а помладите жени како сестри+ — со сета чистота.
3 Почитувај ги вдовиците кои навистина се вдовици.+ 4 Но, ако некоја вдовица има деца или внуци, првин тие нека научат со дела да покажуваат оддаденост на Бог во својот дом+ и да им возвраќаат на своите родители,+ како и на дедовците и бабите, за она што го добиле од нив, бидејќи тоа е прифатливо за Бог.+ 5 А жената која навистина е вдовица, и кога е во немаштија+ се надева на Бог+ и истрајно упатува барања* и молитви ноќ и ден.+ 6 Но онаа што им се предава на задоволствата+ е мртва,+ иако живее. 7 Заповедај им го тоа,+ за да бидат беспрекорни.+ 8 Навистина, ако некој не се грижи за своите,+ а посебно за домашните,+ се одрекол+ од верата+ и полош е од неверник.
9 На список нека биде ставена онаа вдовица што има најмалку шеесет години, која му била верна на мажот,+ 10 која е позната по своите добри дела:+ одгледала деца,+ била гостољубива,+ им ги миела нозете на светите,+ им помагала на оние што биле во неволја,+ марливо правела секакво добро дело.+
11 А помладите вдовици не ставај ги на список зашто, кога нивните сексуални нагони ќе им станат поважни од Христос,+ сакаат да се мажат, 12 па заслужуваат осуда, бидејќи ја отфрлиле верата што ја имале на почетокот.+ 13 А покрај тоа се учат да бидат без работа, да скитаат по куќите, и не само што се без работа, туку и озборуваат, се мешаат во туѓи работи+ и зборуваат што не би требало. 14 Затоа сакам помладите вдовици да се мажат,+ да раѓаат деца,+ да водат домаќинство, да не му даваат повод на противникот да зборува погрдно за нас.+ 15 Некои, всушност, веќе застранија и отидоа по Сатаната. 16 Ако некоја верница има вдовици во своето семејство, нека им помага+ за да не се оптоварува собранието. Тогаш собранието може да им помага на оние што навистина се вдовици.+
17 Старешините, кои ве предводат+ на добар начин, сметајте ги за достојни за двојна чест,+ особено оние што марливо говорат и поучуваат за Божјата реч.+ 18 Зашто, во Писмото стои: „Не врзувај му ја устата на бикот, кој го врши житото“+ и „Работникот ја заслужува својата плата“.+ 19 Не примај обвинение против старешина, освен на темел на изјава од двајца или тројца сведоци.+ 20 Оние што прават грев,+ укори ги+ пред сите, за да имаат страв и другите.+ 21 Те заколнувам пред Бог и пред Христос Исус+ и пред избраните ангели, да се држиш за ова и да не донесуваш суд однапред, и ништо да не правиш од пристрасност.+
22 Врз никого не полагај раце пребрзо+ и не учествувај во гревовите на другите.+ Чувај се себеси чист!+
23 Повеќе не пиј вода, туку земај по малку вино+ поради желудникот и честите свои болести.
24 Гревовите на некои луѓе се видливи+ за сите и веднаш водат до осуда, додека гревовите на други се покажуваат подоцна.+ 25 Така и добрите дела се видливи за сите,+ а оние што не се, не можат да се скријат.+
6 Сите оние што се под јарем, робови, нека ги сметаат своите господари за достојни за секоја чест,+ за никогаш да не се зборува лошо за Божјето име и учење.+ 2 А оние чии господари се верници,+ нека не ги почитуваат помалку+ затоа што се браќа.+ Напротив, нека им служат уште подобро, зашто оние што имаат корист од нивната добра служба се верници и сакани браќа.
За ова поучувај+ и на ова поттикнувај! 3 Ако некој поучува поинаку+ и не се согласува со здравите зборови,+ зборови на нашиот Господар Исус Христос, ниту со учењето што е во склад со оддаденоста на Бог,+ 4 тој е горд+ и ништо не разбира,+ туку е болен+ од потпрашувања и препирки околу зборови.+ Тоа доведува до завист,+ караници, навредлив говор,+ злонамерни сомнежи, 5 жолчни расправии за ситници, во кои се впуштаат луѓе со расипан ум,+ кои ја немаат вистината+ во себе и ја сметаат оддаденоста на Бог за извор на добивка.+ 6 Несомнено, оддаденоста на Бог+ е извор на голема добивка,+ кога човек е задоволен со она што го има.+ 7 Зашто, ништо не сме донеле на светов, па не можеме ништо ни да однесеме од него.+ 8 Значи, ако имаме храна, облека и покрив над главата, со тоа да бидеме задоволни.+
9 А оние што решиле да се збогатат, паѓаат во искушение+ и во замка и во многу неразумни и штетни желби,+ кои ги туркаат луѓето во уништување и во пропаст.+ 10 Зашто, љубовта кон парите+ е корен+ на секакви зла+ и, поради неа, некои одлутаа од верата и си нанесоа многу маки.+
11 А ти, човеку Божји, бегај од тоа!+ Стреми се кон праведност, оддаденост на Бог, вера, љубов, истрајност, благост!+ 12 Води ја добрата борба на верата,+ освој го вечниот живот на кој си повикан, за кое си дал добро сведоштво+ пред многу сведоци.
13 Ти заповедам+ пред Бог, кој дава живот на сѐ, и пред Христос Исус, кој даде добро сведоштво+ пред Понтиј Пилат:+ 14 држи ја таа заповед на чист и беспрекорен начин додека не се појави+ нашиот Господар* Исус Христос. 15 Кога ќе дојде времето+ за да се појави, ќе се покаже среќниот и единствен Владетел,+ Цар+ над царевите и Господар+ над господарите, 16 единствениот кој има бесмртност+ и престојува во непристапната светлина,+ кого никој од луѓето не го видел, ниту може да го види.+ Нему нека му е честа+ и вечната моќ! Амин.
17 На оние што се богати+ во сегашниов свет* заповедај им да не бидат вообразени+ и да не се потпираат* на несигурното богатство,+ туку на Бог, кој богато ни дава сѐ за да уживаме во тоа.+ 18 Заповедај им да прават добро,+ да се богатат со добри дела,+ да бидат дарежливи, спремни да го делат со другите она што го имаат.+ 19 Со тоа ќе го собираат она богатство+ што е добар темел+ за иднината, за да го освојат вистинскиот живот.+
20 О Тимотеј, чувај го она што ти е доверено+ и избегнувај ги празните разговори, кои го сквернават она што е свето, и противречното таканаречено спознание.+ 21 Поради тоа што се расфрлаа со таквото таканаречено спознание, некои отстапија од верата.+
Незаслужената доброта нека биде со вас!
Види го додатокот 11.
Види ја фуснотата за Де 16:9.
Или: „киднаперите“.
Види ја фуснотата за 5Мо 27:15.
Види ја фуснотата за Ев 12:5.
Или: „сесрдни молитви“.
Или: „да се заземате (во молитва) за другите“.
„Добро да ја запознаат“ (грчки: епи́гноси) — види ја фуснотата за Ри 1:28.
Или: „да им излегува во пресрет на странците“. Буквално: „кој ги сака странците“.
Или: „оној што задава удари“. Буквално: „удирач“.
Или: „спремен да попушти“.
Или: „послушни со сета сериозност“.
Види ја фуснотата за изразот „собрание“ во Мт 16:18.
Или: „сериозни“.
Или: „сериозни“.
Буквално: „на кои совеста им е запечатена со вжештено железо“.
„Добро ја познаваат“ (грчки: епигино́ско) — види ја фуснотата за Ри 1:28.
Или: „сесрдни молитви“.
Види го додатокот 11.
Види ја фуснотата за Мт 12:32.
Или: „да не се надеваат“.