ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • bi12 Јаков 1:1-5:20
  • Јаков

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Јаков
  • Свето писмо — превод Нов свет
Свето писмо — превод Нов свет
Јаков

Послание од Јаков

1 Јаков,+ роб+ на Бог и на Господарот* Исус Христос, ги поздравува дванаесетте племиња,+ кои се расеани+ по светот.

2 Сметајте дека навистина имате за што да се радувате, браќа мои, кога ќе се најдете во разни искушенија,+ 3 знаејќи дека искушувањето на вашата вера* во вас гради истрајност.+ 4 А истрајноста нека го доврши своето дело за да бидете совршени+ и потполни, без никаков недостаток.+

5 И ако некому од вас му недостига мудрост,+ нека бара од Бог,+ зашто тој им дава на сите великодушно и без прекорување,+ и ќе му ја даде.+ 6 Но нека бара+ со вера, не сомневајќи се ни најмалку,+ зашто оној што се сомнева е како морски бран кого ветрот го носи и го тера ваму-таму.+ 7 Таквиот нека не мисли дека ќе добие нешто од Јехова.+ 8 Таквиот човек е неодлучен,+ непостојан+ на сите свои патишта.

9 Сиромашниот брат нека се радува што е возвишен,+ 10 а богатиот+ што е понижен, бидејќи поминува како полски цвет.+ 11 Зашто, сонцето излегува и пече и ги суши растенијата, па нивниот цвет отпаѓа и нивната убавина исчезнува. Така и богатиот ќе овене на своите патишта.+

12 Среќен е човекот што истрајува во искушението+ бидејќи, откако ќе биде искушан, ќе ја прими наградата* — животот,+ кој Јехова им го вети на оние што го сакаат.+ 13 Никој, кога ќе се најде во искушение,+ нека не вели: „Бог ме искушува“. Зашто, Бог не може да се искуша со зло, а и тој никого не искушува со зло. 14 Туку секого го искушува неговата желба, така што го привлекува и го мами.+ 15 Потоа желбата, кога ќе зачне, раѓа грев,+ а гревот, кога е направен, донесува смрт.+

16 Не залажувајте се,+ браќа мои сакани. 17 Секој добар дар+ и секој совршен подарок е одозгора,+ зашто слегува од Таткото на небесните светла,+ а тој не се менува, не е како непостојана сенка.*+ 18 По своја волја+ нѐ родил преку речта на вистината+ за да бидеме и ние првини+ меѓу неговите суштества.

19 Ова знајте го, браќа мои сакани. Секој човек треба да биде брз на слушање, а бавен на зборување+ и бавен на гнев,+ 20 зашто човековиот гнев не ја донесува праведноста+ што ја бара Бог. 21 Затоа, отфрлете ја сета валканост и злоба,+ таа непожелна особина, и со благост прифатете да се всади во вас Божјата реч,+ која може да ви ги спаси душите.+

22 Но немојте само да ја слушате речта, туку и извршувајте ја,+ за да не се залажувате самите себе.+ 23 Зашто, ако некој ја слуша речта, а не ја извршува,+ тој е како човек кој го гледа своето лице во огледало, 24 но откако ќе се погледне, си оди и веднаш заборава каков е. 25 А оној што ќе се задлабочи во совршениот закон+ на слободата и ќе се прилепи до него, и не е заборавлив слушател, туку извршител на речта,+ ќе биде среќен+ што ја врши.

26 Ако некој мисли дека го почитува Бог на исправен начин,*+ а не го зауздува својот јазик,+ туку го мами своето срце,+ неговото почитување е залудно.+ 27 Почитувањето* кое е чисто+ и неизвалкано+ пред нашиот Бог и Татко е ова: да се грижиш за сираците+ и за вдовиците+ во нивната неволја+ и да се чуваш од валканоста+ на овој свет.+

2 Браќа мои, можно ли е да верувате во нашиот Господар* Исус Христос, нашата слава,+ а истовремено да постапувате пристрасно?+ 2 Зашто, ако на ваш состанок+ дојде човек со златни прстени и во раскошна облека, а дојде и сиромав во валкана облека,+ 3 па вие со наклоност гледате+ на оној што носи раскошна облека и му велите: „Седни овде на убаво место“, а на сиромавиот му велите: „Ти остани да стоиш“, или: „Седни таму на подот“, 4 зарем тогаш не правите разлики меѓу себе+ и зарем не сте станале судии+ кои донесуваат зол суд?+

5 Слушајте, браќа мои сакани. Зарем Бог не ги избра оние што се сиромашни+ во светот за да бидат богати+ во верата и наследници на царството, кое им го вети на оние што го сакаат?+ 6 А вие го пониживте сиромавиот. Не се ли токму богатите тие што ве угнетуваат?+ Не ве влечат ли токму тие пред судови?+ 7 Не хулат ли+ токму тие на чесното име што го носите?+ 8 Значи, ако го исполнувате царскиот закон,+ според зборовите од Писмото: „Сакај го својот ближен како себеси“,+ добро правите. 9 Но, ако сте пристрасни,+ правите грев, и законот ве осудува+ како престапници.

10 Зашто, кој го држи целиот Закон, а прекршува само една одредба, виновен е како да прекршил сѐ.+ 11 Зашто, оној што рекол: „Не врши прељуба“,+ исто така рекол: „Не убивај“.+ Значи, ако не вршиш прељуба, но убиваш, виновен си за престапување на законот. 12 Зборувајте и постапувајте како оние што очекуваат да бидат судени според законот на слободата.+ 13 Зашто, оној што не е милосрден кон другите, него го чека немилосрден суд.+ Милосрдноста слави победа над судот.

14 Од каква корист е, браќа мои, ако некој вели дека има вера,+ но нема дела?+ Може ли таквата вера да го спаси?+ 15 Ако некој брат или сестра немаат што да облечат и им недостасува секојдневната храна,+ 16 а некој од вас им рече: „Одете во мир, згрејте се и наситете се“, но не им го даде она што му е потребно на нивното тело, од каква корист е тоа?+ 17 Така е и со верата — ако нема дела,+ сама по себе е мртва.

18 Но некој би можел да рече: „Ти имаш вера, а јас имам дела. Покажи ми ја својата вера без дела, а јас ќе ти ја покажам својата вера преку своите дела“.+ 19 Веруваш дека постои еден Бог, зар не?+ Добро правиш. Но и демоните веруваат — и се тресат.+ 20 Кога ќе сфатиш, неразумен човеку, дека верата без дела е бескорисна? 21 Зарем Авраам, нашиот татко,+ не беше прогласен за праведен поради неговите дела, кога на жртвеникот го принесе својот син Исак?+ 22 Гледаш дека неговата вера им се придружи на неговите дела, и преку делата му се усоврши верата+ 23 и се исполнија зборовите од Писмото: „Авраам му поверува на Јехова, а тој го сметаше за праведен поради тоа“,+ и беше наречен „Јеховин пријател“.+

24 Гледате дека човек ќе биде прогласен за праведен+ поради делата,+ а не само поради верата.+ 25 Зарем и блудницата Раав+ не беше исто така прогласена за праведна поради делата, кога гостољубиво ги прими извидувачите и ги испрати по друг пат?+ 26 Значи, како што телото без дух* е мртво,+ така и верата без дела е мртва.+

3 Меѓу вас нека нема многу учители,+ браќа мои, зашто знаете дека ќе бидеме построго судени.+ 2 Зашто, сите ние честопати грешиме.+ Ако некој не греши во зборови,+ тој е совршен човек,+ способен да го заузда и целото тело. 3 Ако на коњите им ставиме узда+ во устата за да ни бидат покорни,+ управуваме и со целото нивно тело. 4 Погледнете ги и бродовите. Иако се толку големи и носени од силни ветрови, мала крма+ ги управува таму каде што сака кормиларот.

5 Исто така, јазикот е мал дел од телото, а се фали со големи работи.+ Ете, мал оган е потребен за да се запали голема шума! 6 Јазикот е оган.+ Јазикот е свет на злото меѓу нашите делови на телото, зашто го валка целото тело,+ па му го уништува целиот живот* на човекот и пали како геената.* 7 Зашто, секој вид диво животно и птица и лазач и морско суштество може да се скроти, и човечкиот род го скротил.+ 8 Но јазикот никој од луѓето не може да го скроти. Тој е незауздано зло, полно со смртоносен отров.+ 9 Со него го благословуваме Јехова,+ Таткото,+ а со него ги проколнуваме луѓето,+ кои се создадени „слични на Бог“.+ 10 Од истата уста излегува и благослов и проклетство.

Не смее, браќа мои, тоа да биде така!+ 11 Зарем од истиот извор+ извира и слатка и горчлива вода? 12 Браќа мои, може ли смоква да роди маслинки или лоза смокви?+ Така ниту од солената вода не може да настане слатка вода.

13 Кој е меѓу вас мудар и разборит?* Со примерниот живот нека ги покаже своите дела+ со благост која ѝ е својствена на мудроста. 14 Но, ако во срцата имате горчлива љубомора+ и кавгаџиство,+ не фалете се+ и не лажете против вистината.+ 15 Тоа не е мудроста која доаѓа одозгора,+ туку е земна,+ телесна, демонска.+ 16 Зашто, каде што има љубомора+ и кавгаџиство, таму има неред и секакво зло.+

17 Но мудроста+ одозгора пред сѐ е чиста,+ потоа мирољубива,+ разумна,*+ спремна да послуша, полна со милосрдие и со добри плодови,+ непристрасна,+ нелицемерна.+ 18 А плодот+ на праведноста+ се сее во мир+ и ќе го соберат оние што творат мир.+

4 Од каде војни и од каде борби меѓу вас? Зарем не од вашите себични желби,+ кои се во судир со вашите делови на телото?+ 2 Посакувате, а немате. Убивате+ и копнеете,+ а не можете да добиете. Се борите+ и војувате. А немате, затоа што не барате од Бог. 3 Барате, а не примате, бидејќи барате со зла намера,+ за да го потрошите тоа на своите себични желби.+

4 Прељубници,+ зарем не знаете дека пријателството со светот е непријателство со Бог?+ Затоа, кој сака да биде пријател со светот,+ му станува непријател на Бог.+ 5 Мислите ли дека Писмото залудно вели: „Духот на завист, кој го носиме во себе,+ постојано копнее по нешто“? 6 Но незаслужената доброта, која Бог ја покажува, е поголема од нашата завист.+ Затоа Писмото вели: „Бог им се спротивставува на вообразените,+ а на понизните им покажува незаслужена доброта“.+

7 Затоа, подложете му се на Бог,+ а спротивставете му се на Ѓаволот,+ и тој ќе побегне од вас!+ 8 Приближете му се на Бог, и тој ќе ви се приближи вам!+ Исчистете ги рацете, грешници,+ и прочистете ги срцата,+ неодлучни!+ 9 Јадосувајте се и тажете и плачете!+ Вашата смеа нека се претвори во тага и вашата радост во жалост!+ 10 Понизете се пред Јехова,+ и тој ќе ве возвиши.+

11 Престанете да зборувате еден против друг, браќа.+ Оној што зборува против некој брат или го осудува братот,+ зборува против законот и го осудува законот. А ако го осудуваш законот, не си извршител на законот, туку судија.+ 12 Но еден е законодавец и судија+ — оној што може да спаси и да погуби.+ А кој си ти да го осудуваш својот ближен?+

13 Слушајте сега, вие што велите: „Денес или утре ќе отпатуваме во тој и тој град и таму ќе поминеме една година, ќе тргуваме и ќе заработиме“,+ 14 а не знаете каков ќе ви биде животот утре.+ Зашто сте магла која се појавува за кратко време, па исчезнува.+ 15 Треба да речете: „Ако Јехова сака,+ ќе живееме и ќе го направиме ова или она“.+ 16 А сега се расфрлате со вообразени зборови.+ Секоја таква гордост е зла. 17 Затоа, ако некој знае да го прави она што е исправно, а не го прави,+ тоа му е грев.+

5 Слушајте сега, вие богати,+ плачете и лелекајте поради маките што доаѓаат врз вас!+ 2 Вашето богатство изгни и молци ви ја изгризаа облеката.+ 3 Вашето злато и сребро ’рѓосаа и нивната ’рѓа ќе биде сведоштво против вас и ќе ви ги изеде телата. Како оган+ е тоа што сте го насобрале+ во последните денови.+ 4 Еве, вика платата+ што им ја скративте на работниците,+ кои ги ожнеаја вашите ниви. Повиците за помош+ од жетварите допреа до ушите+ на Јехова над војските. 5 Живеете во раскош на земјата и се препуштивте на задоволствата.+ Ги згоивте срцата свои за денот на колење.+ 6 Го осудивте и го убивте праведникот. Зарем тој не ви се спротивставува?+

7 Затоа, браќа, бидете стрпливи+ до времето на присутноста* на Господарот.* Ете, земјоделецот стрпливо го чека драгоцениот плод од земјата додека не ги добие раниот и доцниот дожд.+ 8 И вие бидете стрпливи+ и срцата нека ви се зацврстат, зашто се приближи времето на присутноста на Господарот.+

9 Не огорчувајте се еден од друг, браќа, за да не бидете осудени.+ Еве, Судијата стои пред вратата.+ 10 Браќа, како пример+ за поднесување зло+ и за стрпливост+ нека ви послужат пророците+ кои зборуваа во името на Јехова.+ 11 Ете, ги прогласуваме за среќни оние што истрајаа.+ Чувте за истрајноста на Јов+ и видовте до каков исход Јехова го доведе неговото искушение+ — видовте дека Јехова е полн со сочувство и милосрден.+

12 А пред сѐ, браќа мои, не заколнувајте се повеќе ниту во небото, ниту во земјата, ниту во што и да било друго.+ Туку кога ќе кажете: ‚Да‘, тоа нека значи ‚да‘, а кога ќе кажете: ‚Не‘, тоа нека значи ‚не‘, за да не бидете осудени.+

13 Страда ли некој меѓу вас? Нека се моли.+ Дали е некој весел? Нека пее псалми.*+ 14 Болен ли е некој меѓу вас?+ Нека ги повика старешините+ од собранието,* па тие нека се молат за него и нека го намачкаат со масло+ во името на Јехова. 15 И молитвата упатена со вера ќе го оздрави болниот,+ и Јехова ќе го подигне.+ И ако направил гревови, ќе му биде простено.+

16 Затоа, признавајте си ги гревовите+ еден на друг и молете се еден за друг, за да оздравите.+ Сесрдната молитва на праведникот има голема сила и може да направи многу добра.+ 17 Илија беше обичен човек како нас,*+ но кога сесрдно се помоли да не врне,+ не врнеше на земјата три години и шест месеци. 18 Потоа пак се помоли, и небото даде дожд и земјата го донесе својот род.+

19 Браќа мои, ако некој меѓу вас застрани од вистината, па некој го врати,+ 20 знајте дека оној што вратил грешник од неговиот крив пат,+ ќе ја спаси неговата душа од смрт+ и ќе покрие мноштво гревови.+

Види го додатокот 11.

Или: „дека верата која е испитана (докажана)“.

Буквално: „круната; венецот“.

Или: „кај него нема промена во движењето на сенката“.

Или: „дека е вистински верник; дека е религиозен“.

Или: „Религијата (верата)“.

Види го додатокот 11.

Или: „животна сила“ (грчки: пне́вма).

Или: „па го пали тркалото на животот“.

Види го додатокот 4.

Види ја фуснотата за Мр 12:33.

Или: „спремна да попушти“.

Грчки: паруси́а (парусија). Види го додатокот 7.

Види го додатокот 11.

Или: „фалбени песни на Бог“.

Види ја фуснотата за изразот „собрание“ во Мт 16:18.

Или: „беше човек кој имаше исти чувства како и ние“.

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели