ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • bi12 Евреите 1:1-13:25
  • Евреите

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Евреите
  • Свето писмо — превод Нов свет
Свето писмо — превод Нов свет
Евреите

Послание до Евреите

1 Бог, кој во минатото многу пати и на многу начини им зборуваше+ на нашите прататковци преку своите пророци,+ 2 во овие последни денови+ ни се обрати нам преку Синот,+ кого го постави за наследник на сѐ,+ и преку кого го направи+ целиот свет.* 3 Тој е одраз на неговата слава+ и точна слика на неговото битие,+ и поддржува сѐ преку моќната реч.+ Откако нѐ исчисти од гревовите,+ седна од десната страна+ на Величеството на висините.+ 4 И стана толку поголем од ангелите+ колку што името што го наследи+ е повозвишено од нивните имиња.

5 Зашто, кому од ангелите Бог некогаш му рекол: „Ти си мој син, јас денес ти станав татко“?+ И уште: „Јас ќе му бидам татко, а тој ќе ми биде син“?+ 6 А за времето кога повторно го воведува својот Првороден+ во светот* вели: „Нека му се поклонат+ сите Божји ангели“.+

7 За ангелите вели: „Своите ангели ги прави духови, а своите слуги* оган пламенен“.+ 8 А за Синот вели: „Бог е твојот престол во сета вечност,+ и жезолот на твоето царство+ е жезол на справедливоста.+ 9 Ја сакаше праведноста и го мразеше беззаконието. Затоа Бог, твојот Бог, те помаза+ со маслото на радоста повеќе отколку твоите другари“.*+ 10 И уште: „Ти, Господару, во почетокот ги положи темелите на земјата, и небесата се дело на твоите раце.+ 11 Тие ќе исчезнат, а ти ќе останеш. И како алишта,+ сето тоа ќе остари, 12 и ти ќе ги свиткаш како наметка,+ како облека, и ќе бидат заменети. А ти си истиот, и на твоите години им нема крај“.+

13 А за кого од ангелите некогаш рекол: „Седи од мојата десна страна додека не ги положам твоите непријатели како подножје на твоите нозе“?+ 14 Зарем сите тие не се духови+ чија должност е да служат+ и кои се испратени да им служат на оние што ќе наследат+ спасение?

2 Затоа треба да му обрнеме посебно внимание на она што сме го чуле,+ за да не бидеме одвлечени од верата.+ 2 Зашто, ако речта изговорена преку ангелите+ беше цврста, па секој престап и чин на непослушност беше праведно казнет,+ 3 како ќе избегаме ние+ ако занемариме+ толку големо спасение,+ кое почна да го проповеда нашиот Господар*+ и кое ни го потврдија оние што го чуја како зборува,+ 4 а за кое и Бог посведочи со чудесни знаци, со предзнаци, со разни моќни дела*+ и со делење на светиот дух+ по своја волја?+

5 Зашто, не им го подложи на ангелите идниот свет*+ за кој зборуваме. 6 А некој некаде посведочил: „Што е човекот, па да мислиш на него,+ или синот човечки, па да се грижиш за него?+ 7 Си го направил малку понизок од ангелите, си го овенчал со слава и чест+ и си го поставил над делата на своите раце.+ 8 Сѐ си му подложил под нозете“.+ Со тоа што му подложи сѐ,+ Бог не остави ништо што не му е подложено.+ Но сега уште не гледаме дека сѐ му е подложено,+ 9 ама го гледаме Исус, кој беше направен малку понизок од ангелите,+ овенчан со слава+ и чест бидејќи претрпе смрт,+ за со тоа, преку Божјата незаслужена доброта, да ја вкуси смртта за секого.+

10 Зашто, му прилегаше на оној, заради кого е сѐ+ и преку кого е сѐ, доведувајќи многу синови во слава,+ преку страдања+ да го направи совршен Главниот Застапник+ на нивното спасение. 11 Зашто, и оној што посветува и оние кои тој ги посветува+ — сите се од еден татко.+ Затоа тој не се срами да ги нарекува „браќа“,+ 12 кога вели: „Ќе им го објавувам твоето име на своите браќа, ќе те фалам со песна среде насобраното мноштво“.*+ 13 И уште: „Јас ќе се надевам на него“.+ И уште: „Еве, јас и децата што ми ги даде Јехова“.+

14 А бидејќи тие „деца“ се луѓе од крв и месо, и тој стана човек од крв и месо,+ за преку својата смрт+ да го уништи+ оној што ја има моќта да предизвикува смрт,+ односно Ѓаволот,+ 15 и да ги ослободи+ сите кои поради страв од смрт+ целиот живот биле подложени на робување.+ 16 Зашто, тој сигурно не им помага на ангелите, туку му помага на Авраамовото потомство.+ 17 Затоа мораше во сѐ да стане како своите „браќа“,+ за да биде милосрден и верен како првосвештеник во Божјата служба,+ за да принесе жртва помирница+ за гревовите на народот.+ 18 А бидејќи и самиот страдаше кога беше искушуван,+ тој може да им дојде на помош на оние што се во искушенија.+

3 Затоа, свети браќа, учесници во небесниот позив,+ набљудувајте го оној кого го признаваме за апостол+ и првосвештеник+ — Исус. 2 Тој му беше верен+ на Бог, кој го постави во таа служба, како што беше и Мојсеј+ во целата Божја куќа.+ 3 Зашто, Исус е достоен за поголема слава+ од Мојсеј, како што оној+ што ја изградил куќата има поголема чест отколку самата куќа.+ 4 Зашто, секоја куќа некој ја изградил, а Бог е оној што изградил сѐ.+ 5 И Мојсеј како слуга+ беше верен во целата негова куќа, што беше сведоштво за она што требаше да се објави подоцна,+ 6 а Христос беше верен како Син+ поставен над неговата куќа. Ние сме неговата куќа,+ ако до крај ги зачуваме својата слобода на говорот и гордоста поради надежта што ја имаме.+

7 Затоа, како што вели светиот дух:+ „Ако го послушате денес неговиот глас,+ 8 немојте да ги стврднувате срцата како тогаш кога вашите прататковци го предизвикаа мојот гнев,*+ како во денот на искушувањето+ во пустината,+ 9 каде што ме искушуваа со искушение, а ги гледаа моите дела+ четириесет години.+ 10 Затоа почна да ми се гади од тоа поколение, па реков: ‚Секогаш лутаат во своите срца+ и не ги познаваат моите патишта‘.+ 11 Затоа се заколнав во својот гнев: ‚Нема да влезат+ во мојата починка‘ “.+

12 Браќа, чувајте се некој од вас да не отстапи од живиот Бог, та во него да се развие злобно срце во кое нема вера.+ 13 Напротив, опоменувајте се еден со друг+ секој ден, сѐ додека уште трае тоа „денес“,+ за некој од вас да не отрпне поради измамливоста+ на гревот. 14 Зашто, уделот во Христос ќе го имаме+ само ако довербата што ја имавме во почетокот ја зачуваме до крајот,+ 15 сѐ додека се вели: „Ако го послушате денес неговиот глас,+ немојте да ги стврднувате срцата како тогаш кога вашите прататковци го предизвикаа мојот гнев“.+

16 Зашто, кои луѓе беа тие што чуја, а сепак го предизвикаа Божјиот гнев?+ Не беа ли тоа сите оние што под водството на Мојсеј излегоа од Египет?+ 17 А од кого Бог се гадеше четириесет години?+ Зарем не од оние што згрешија, чии мртви тела паднаа во пустината?+ 18 А кому му се заколна+ дека нема да влезат во неговата починка, ако не на оние што беа непослушни?+ 19 Така гледаме дека не можеа да влезат затоа што немаа вера.+

4 Затоа, бидејќи останува ветувањето за влегување во неговата починка,+ внимавајте* некогаш да не се утврди за некој од вас дека во тоа не успеал.+ 2 Зашто, нам ни е објавена добрата вест+ како и ним,+ но речта што ја слушнаа не им користеше,+ бидејќи не беа со вера обединети+ со оние што послушаа.+ 3 А ние кои веруваме, влегуваме во починката, зашто рекол: „Така се заколнав+ во својот гнев: ‚Нема да влезат+ во мојата починка‘ “,+ иако неговите дела се довршени+ од настанувањето на светот.+ 4 Зашто, на едно место вака рекол за седмиот ден: „И на седмиот ден Бог си отпочина од сите свои дела“,+ 5 а овде повторно вели: „Нема да влезат во мојата починка“.+

6 Значи, бидејќи некои допрва треба да влезат во неа, а оние на кои добрата вест најпрво им беше објавена,+ не влегоа поради непослушност,+ 7 тој повторно одредува еден ден: „денес“, зборувајќи за тоа по толку време во Давидовиот псалм, како што е веќе кажано: „Ако го послушате денес неговиот глас,+ немојте да ги стврднувате срцата“.+ 8 Зашто, да ги беше довел Исус Навин+ во починката,+ Бог не би зборувал+ потоа за некој друг ден. 9 Значи, на Божјиот народ му останува саботната* починка.+ 10 Оти, оној што влегува во Божјата починка,+ и самиот си отпочинал од своите дела,+ како и Бог од своите.

11 Затоа, да дадеме сѐ од себе за да влеземе во таа починка, за да не падне некој по примерот на истата непослушност.+ 12 Зашто, речта Божја+ е жива+ и делотворна,+ поостра е од секој меч со две сечила+ и продира дури дотаму што ги разделува душата+ и духот,+ коските* и нивната срцевина, па може да ги процени мислите и намерите на срцето.+ 13 И нема создание кое е скриено пред неговиот поглед,+ туку сѐ е голо и откриено пред очите на оној кому ние мораме да му поднесеме сметка.+

14 Затоа, бидејќи имаме возвишен првосвештеник кој отишол на небото,+ Исус, Синот Божји,+ да се држиме за верата во него, која ја исповедаме.+ 15 Зашто, нашиот првосвештеник не е некој што не може да сочувствува+ со нас во нашите слабости, туку таков кој во сѐ е испитан како и ние, но не згрешил.+ 16 Затоа, да пристапиме+ со слобода на говорот+ кон престолот на незаслужената доброта, за Бог да ни покаже милосрдие и да ни покаже незаслужена доброта кога ќе ни треба помош.+

5 Зашто, секој првосвештеник, кој е земен од луѓето, поставен е да врши Божја служба+ за луѓето: да принесува дарови и жртви за гревови.+ 2 Тој може да сочувствува со оние што грешат од незнаење, зашто и самиот е подложен на сопствената слабост,+ 3 и затоа мора да принесува жртви за гревови — и за себе и за народот.+

4 И никој сам од себе не ја присвојува таа чест,+ туку Бог го повикува на тоа,+ како што го повика Арон.+ 5 Така и Христос не се прослави самиот себеси+ со тоа што стана првосвештеник,+ туку беше прославен+ од оној што му рече: „Ти си мој син, јас денес ти станав татко“.+ 6 А на друго место вели: „Ти си довека свештеник сличен на Мелхиседек“.+

7 Во деновите додека беше во тело, Христос со силни извици+ и солзи упатуваше сесрдни молитви и молби+ до оној што можеше да го спаси од смртта, и беше услишен поради својата богобојазливост.+ 8 Иако беше Син Божји, се научи на послушност од она што го претрпе.+ 9 Кога беше направен совршен,*+ стана носител на вечното спасение+ на сите оние што му се послушни,+ 10 зашто него Бог го прогласи за првосвештеник сличен на Мелхиседек.+

11 За него имаме многу нешто да кажеме, но тоа е тешко да се објасни, бидејќи сте станале мрзливи да слушате.+ 12 Зашто, иако по толку време требаше веќе да бидете учители,+ вас пак треба некој да ве поучува од почеток за основните+ свети Божји објави.+ Станавте такви на кои им треба млеко, а не тврда храна.+ 13 Зашто, секој што се храни со млеко, не ја познава речта на праведноста, оти е дете.+ 14 А тврдата храна е за зрелите, за оние чија моќ на согледување+ преку искуство им е извежбана да разликува добро и зло.+

6 Затоа сега, кога го оставивме основното учење+ за Христос,+ да напредуваме кон зрелост,+ не поставувајќи одново темел:+ покајанието од мртви дела+ и верата во Бог,+ 2 учењето за крштавања,+ полагањето раце,+ воскресението на мртвите+ и вечниот суд.+ 3 Тоа и ќе го сториме, ако допушти Бог.+

4 Зашто, оние што еднаш биле просветлени+ и го вкусиле небесниот дар+ и го примиле светиот дух+ 5 и ја вкусиле+ добрата Божја реч и силите на поредокот* што доаѓа,+ 6 а потоа отпаднале,+ не е можно да се доведат пак до покајание,+ зашто самите одново го приковуваат на столб* Синот Божји и го изложуваат на срам.+ 7 Имено, земјата, која го впива дождот што често паѓа на неа и потоа раѓа растенија што се корисни за оние за кои таа и се обработува,+ прима благослов од Бог. 8 Но ако раѓа трње и плевел,* се отфрла и близу е до проклетство,+ а на крајот ја запалуваат.+

9 Но, иако вака зборуваме, сакани, уверени сме дека вие одите по еден подобар пат, кој води до спасение. 10 Зашто, Бог не е неправеден, па да го заборави вашето дело и љубовта што ја покажавте кон неговото име,+ така што им служевте на светите+ и продолжувате да им служите. 11 Но сакаме секој од вас да покажува таква трудољубивост за да бидете сѐ до крајот+ потполно сигурни+ во исполнувањето на својата надеж,+ 12 за да не станете мрзливи,+ туку да се угледате на*+ оние што поради својата вера и стрпливост го наследуваат она што е ветено.+

13 Зашто, кога Бог му го даде ветувањето на Авраам,+ бидејќи не можеше да се заколне во некој што е поголем, се заколна во себеси:+ 14 „Навистина ќе те благословам и навистина ќе те намножам“.+ 15 И така Авраам, откако покажа стрпливост, го доби тоа ветување.+ 16 Зашто, луѓето се колнат во оној што е поголем,+ и нивната заклетва, како гаранција, им е крај на секоја препирка.+ 17 Затоа и Бог, сакајќи на наследниците на ветувањето+ појасно да им ја покаже непроменливоста на својата намера,+ ја загарантира со таа заклетва, 18 за да можеме — со помош на двете непроменливи работи во кои е невозможно Бог да лаже+ — ние кои побегнавме во Божјето прибежиште да примиме силно охрабрување, кое ни помага да се држиме за надежта+ што ни е дадена. 19 Таа надеж+ ни е како сигурна и цврста котва за душата и нѐ носи зад завесата,+ 20 каде што за нас како претходник влезе+ Исус, кој засекогаш стана првосвештеник сличен на Мелхиседек.+

7 Зашто, Мелхиседек, царот на Салим, свештеник на Севишниот Бог,+ кој му излезе во пресрет на Авраам, кога се враќаше откако ги порази царевите, и го благослови,+ 2 и кому Авраам му оддели десеттина од сѐ,+ најпрво е „цар на праведноста“ (што е превод на неговото име), а потоа и цар на Салим,+ односно „цар на мирот“. 3 Поради тоа што е без татко, без мајка, без родословие и нема ни почеток на неговите денови+ ни крај на неговиот живот, туку е направен сличен на Синот Божји,+ тој останува свештеник засекогаш.+

4 Гледајте, тогаш, колку голем беше тој човек кому прататкото* Авраам му даде десеттина од најдобриот плен.+ 5 Вистина, оние Левиеви синови,+ кои примаат свештеничка служба, имаат заповед според Законот да собираат десеттини+ од народот,+ односно од своите браќа, иако и тие потекнуваат од Авраам.*+ 6 Но Мелхиседек, кој не беше од нивната лоза,+ зеде десеттини од Авраам+ и го благослови него, кој ги доби ветувањата.+ 7 А нема сомнение дека помалиот прима благослов од поголемиот.+ 8 И овде примаат десеттини+ смртни луѓе, а таму оној за кого се сведочи дека живее.+ 9 И може да се рече дека и Леви, кој прима десеттини, преку Авраам плати десеттини, 10 бидејќи сѐ уште не му беше роден на својот прататко Авраам*+ кога Мелхиседек му излезе во пресрет.+

11 Значи, да се постигнеше совршенството+ преку свештеничката служба на синовите на Леви+ — како истакнато обележје на Законот даден на народот+ — зошто би било потребно+ да се појави некој друг свештеник за кого се вели дека е сличен на Мелхиседек,+ а не сличен на Арон? 12 А бидејќи се менува свештеничката служба,+ мора да се промени и законот.+ 13 А оној за кого се кажува ова, му припаѓаше на друго племе,+ од кое никој не служеше кај жртвеникот.+ 14 Зашто, јасно е дека нашиот Господар* потекна од Јуда,+ од племе за кое Мојсеј ништо не рече кога зборуваше за свештениците.

15 И уште појасно ни е дека се поставува друг свештеник+ — сличен на Мелхиседек+ — 16 кој не стана таков според заповедите на законот, кои се однесуваа на она што е телесно,+ туку според силата која дава неуништлив живот,+ 17 бидејќи е посведочено: „Ти си засекогаш свештеник сличен на Мелхиседек“.+

18 Значи, претходната заповед се укинува поради нејзината слабост+ и бескорисност.+ 19 Зашто, Законот ништо не направи совршено,+ туку тоа го стори подобрата надеж+ воведена наместо него, преку која му се приближуваме на Бог.+ 20 Затоа што тоа не се случи без заклетва — 21 бидејќи тие, навистина, без заклетва станале свештеници, но тој стана преку заклетвата на оној што му рече: „Јехова се заколна,+ и нема да жали: ‚Ти си засекогаш свештеник‘ “+ — 22 Исус стана гаранција за подобар сојуз.+ 23 Освен тоа, мнозина мораа да преземат свештеничка служба+ зашто смртта ги спречуваше+ свештениците трајно да останат во таа служба, 24 но неговата свештеничка служба, поради тоа што тој живее засекогаш,+ никој нема да ја преземе. 25 Затоа и може во потполност да ги спаси оние што преку него му пристапуваат на Бог, бидејќи секогаш е жив за да се зазема за нив.+

26 Таков првосвештеник ни беше потребен:+ лојален,+ незлоблив,+ неизвалкан,+ одвоен од грешниците+ и повозвишен од небесата.+ 27 Тој не треба секојдневно,+ како оние првосвештеници, да принесува жртви — најпрво за своите гревови,+ а потоа за гревовите на народот+ — зашто тоа го стори еднаш+ засекогаш кога се принесе самиот себе.+ 28 Имено, Законот поставува за првосвештеници+ луѓе кои имаат слабости,+ а речта на заклетвата,+ која е дадена по Законот, поставува Син, кој е засекогаш направен совршен.*+

8 А во ова излагање главното е ова: имаме таков првосвештеник,+ кој седна од десната страна на престолот на Величеството на небесата.+ 2 Тој е слуга кој за луѓето служи* на светото место+ и во вистинскиот шатор што го подигна Јехова,+ а не човек.+ 3 Зашто, секој првосвештеник се поставува за да принесува дарови и жртви.+ Затоа беше потребно и тој да има што да принесе.+ 4 А да е на земјата, не би бил свештеник,+ бидејќи веќе постојат оние што принесуваат дарови според Законот, 5 но тие му служат на Бог* на место кое е слика+ и сенка+ на она небесното, како што на Мојсеј, кога требаше да направи шатор,+ му беше дадена заповед од Бог,+ кој рече: „Гледај да направиш сѐ според образецот што ти беше покажан на планината“.+ 6 Но сега Исус доби служба која е повозвишена од поранешната, па стана посредник+ на сојузот што исто така е подобар од оној претходниот, на сојузот+ кој е законски втемелен врз подобри ветувања.+

7 Зашто, да беше без недостаток оној првиот сојуз, немаше да биде потребен вториот.+ 8 А Бог, укорувајќи го народот, вели: „,Еве, доаѓаат денови‘, вели Јехова, ‚кога ќе склучам нов сојуз со домот на Израел и со домот на Јуда,+ 9 не според оној сојуз+ што го склучив со нивните татковци во денот кога ги зедов за рака за да ги изведам од египетската земја,+ зашто тие не останаа во мојот сојуз,+ па повеќе не се грижев за нив‘, вели Јехова.+

10 ‚Зашто, ова е сојузот што ќе го склучам со домот на Израел по тие денови,‘ вели Јехова. ‚Ќе ги ставам своите закони во нивниот ум и ќе ги запишам во нивните срца.+ И јас ќе им бидам Бог,+ а тие ќе бидат мој народ.+

11 И нема повеќе никој да го учи својот сограѓанин, ниту својот брат, велејќи: „Запознај го Јехова!“+ Зашто, ќе ме познаваат сите,+ од најмал до најголем. 12 Зашто, ќе бидам милостив спрема нивните неправедни дела, и повеќе нема да се присетувам+ на нивните гревови‘ “.+

13 Кога вели „нов сојуз“, оној претходниот го направи застарен.+ А она што е застарено и што старее, близу е до исчезнување.+

9 А поранешниот сојуз имаше прописи за Божјата служба*+ и свое земно свето место.+ 2 Имено, беше направен шатор во чија прва просторија+ беа светилникот,+ масата+ и изложените лебови.+ Таа просторија се викаше „Светиња“.+ 3 А зад втората завеса+ во шаторот имаше просторија наречена „Светиња над светињите“.+ 4 Во неа имаше златна кадилница+ и ковчег на сојузот,+ целиот обложен со злато,+ во кој се наоѓаа златниот сад со мана+ и Ароновиот расцутен стап+ и плочите+ на сојузот. 5 А над него беа славните херувими,*+ кои го засенуваа помирителниот поклопец.+ Но сега не треба да се зборува детално за ова.

6 Откако сето ова е така направено, свештениците постојано влегуваат во првата просторија од шаторот+ за да ја вршат Божјата служба.*+ 7 А во втората просторија влегува само првосвештеникот еднаш годишно,+ и тоа не без крв,+ која ја принесува за себе+ и за гревовите на народот направени од незнаење.+ 8 Така светиот дух јасно покажува дека патот+ во светото место уште не беше отворен додека стоеше првиот шатор.+ 9 Тој шатор е слика+ за времето кое веќе дојде,+ и сѐ уште се принесуваат дарови и жртви.+ Но тие не можат совршено+ да ја исчистат совеста+ на оној што му ги принесува на Бог,* 10 туку се однесуваат само на јадења+ и пијалаци+ и на разни обредни чистења.*+ Тие одредби на Законот се однесуваа на она што е телесно+ и беа наметнати до времето одредено за да се доведе сѐ во ред.+

11 Но кога Христос дојде како првосвештеник+ кој ги овозможи благословите што дојдоа, помина преку поголемиот и посовршен шатор, кој не е направен со раце, односно не е од ова создание,+ 12 и еднаш засекогаш влезе во светото место, но не со крвта+ на јарци и јунци, туку со својата крв,+ и така ни прибави вечно избавување.+ 13 Зашто, ако крвта на јарци+ и јунци+ и пепелта+ од јуница ги посветуваат извалканите,+ кои се попрскани со неа, па телото им станува чисто,+ 14 колку повеќе крвта+ на Христос, кој преку вечниот дух самиот себеси неизвалкан му се принесе на Бог,+ ќе ја исчисти+ нашата совест од мртви дела+ за да му служиме* на живиот Бог?+

15 Затоа Христос е посредник+ на новиот сојуз, за оние што се повикани да го добијат ветувањето за вечното наследство,+ бидејќи тој умре за тие да бидат ослободени+ преку откупнина од престапите направени под поранешниот сојуз.+ 16 Зашто, таму каде што има сојуз+ со Бог, мора да настапи смртта на оној што посредувал во склучувањето на сојузот. 17 Имено, сојузот е полноважен дури по смртта, бидејќи тој не вреди додека е жив оној што посредувал во склучувањето на сојузот. 18 Според тоа, ни поранешниот сојуз+ не беше воспоставен без крв.+ 19 Зашто, кога Мојсеј на целиот народ му ги изговори сите заповеди од Законот,+ ја зеде крвта од јунците и од јарците со вода и со црвена волна и исоп+ и ги попрска и книгата и сиот народ, 20 велејќи: „Ова е крвта на сојузот со кој Бог ве обврза“.+ 21 Потоа ги попрска со крвта+ и шаторот+ и сите садови за службата. 22 Да, според Законот скоро сѐ се чисти со крв,+ и без пролевање крв+ нема простување.+

23 Затоа беше потребно земните слики+ на она што е на небото да се чистат на тој начин,+ а она што е на небото се чисти со подобри жртви од таквите жртви. 24 Зашто, Христос не влезе во свето место направено со раце,+ кое е претслика на она вистинското,+ туку во самото небо,+ за сега да се појави пред Божјето лице за нас.+ 25 И не влезе за да се принесува себеси многупати, како што првосвештеникот секоја година+ влегува во светото место+ со туѓа крв, 26 зашто инаку би требало многу пати да страда од настанувањето на светот.+ Но сега, на завршетокот на овој поредок,*+ се појави+ еднаш засекогаш+ за да го отстрани гревот со својата жртва.+ 27 И како што на луѓето им е определено+ еднаш да умрат, а потоа доаѓа суд,+ 28 така и Христос беше еднаш засекогаш+ принесен за да ги понесе гревовите на мнозина.+ А кога ќе се покаже+ по вторпат,+ тоа нема да биде за повторно да го отстрани гревот,+ а ќе го видат оние што желно го очекуваат за да добијат спасение.+

10 Со оглед на тоа што во Законот наоѓаме само сенка+ на идните благослови, а не самите благослови, свештениците не можат никогаш со истите жртви, кои ги принесуваат непрестајно од година во година, да ги направат совршени+ луѓето кои му пристапуваат на Бог. 2 Зарем, во спротивно, не би престанало принесувањето на жртвите, бидејќи оние што му ги принесуваат на Бог* би биле исчистени еднаш засекогаш и повеќе не би имале свест за гревовите?*+ 3 Но со тие жртви од година во година се потсетува на гревовите,+ 4 бидејќи крвта на јунци и јарци не може да ги однесе гревовите.+

5 Затоа, влегувајќи во светот, тој вели: „,Жртва и принос не сакаше,+ туку ми подготви тело.+ 6 Не ти беа по волја жртвите паленици и жртвите за грев‘.+ 7 Тогаш реков: ‚Еве, дојдов — во свитокот на книгата е напишано за мене+ — да ја вршам твојата волја, Боже‘ “.+ 8 Најпрво вели: „Не ги сакаше и не ти беа по волја жртвите и приносите и палениците и жртвите за грев“+ — жртви кои се принесуваат според Законот.+ 9 А потоа вели: „Еве, дојдов да ја вршам твојата волја“.+ Тој го укинува првото за да го воспостави второто.+ 10 Според таа „волја“+ сме посветени+ со принесувањето+ на телото на Исус Христос еднаш засекогаш.+

11 Секој свештеник од ден на ден+ доаѓа на своето место+ за да ја врши службата и многупати да ги принесува истите жртви, бидејќи тие никогаш не можат да ги однесат гревовите.+ 12 А овој за сите времиња принесе една жртва за гревови+ и седна од десната страна на Бог,+ 13 па оттогаш чека неговите непријатели да бидат положени како подножје за неговите нозе.+ 14 Зашто, со еден жртвен принос+ ги направи засекогаш совршени+ оние што се посветуваат. 15 А и светиот дух ни сведочи,+ зашто вели: 16 „,Ова е сојузот што ќе го склучам со нив по тие денови‘, вели Јехова. ‚Ќе ги ставам моите закони во нивните срца и ќе ги запишам во нивниот ум‘ “.+ 17 А потоа вели: „И повеќе нема да се присетувам на нивните гревови и беззакони дела“.+ 18 А каде што се простени гревовите,+ повеќе нема жртви за грев.+

19 Значи, браќа, бидејќи имаме потполна доверба дека можеме да влеземе+ во светото место+ преку крвта на Исус — 20 по нов и жив пат, кој го отвори за нас преку завесата,+ односно преку своето тело+ — 21 и бидејќи имаме голем свештеник поставен над домот Божји,+ 22 да пристапиме со искрено срце, полни со сигурност и вера, бидејќи срцата со попрскување ни се очистени од нечиста совест,+ а телата измиени со чиста вода.+ 23 Истрајно и непоколебливо+ да ја објавуваме нашата надеж,+ зашто е верен+ оној што го дал ветувањето. 24 И да размислуваме еден за друг за да се поттикнуваме+ кон љубов и кон добри дела,+ 25 и да не ги пропуштаме нашите состаноци,+ како што некои имаат обичај, туку да се храбриме+ еден со друг, толку повеќе колку што гледате дека се приближува денот.+

26 Зашто, ако намерно грешиме,+ откако добро ја запознавме* вистината,+ повеќе не ни преостанува жртва за гревови,+ 27 туку страшно очекување на судот+ и на распламтениот гнев, кој ќе ги проголта противниците.+ 28 Кој го отфрла Мојсеевиот закон, умира без милост, на темел на изјавата од двајца или тројца сведоци.+ 29 Замислете само колку потешка казна+ ќе заслужи оној што го погазил Синот Божји+ и смета дека крвта на сојузот,+ со која е посветен, нема никаква посебна вредност и го навредува духот+ на незаслужената доброта! 30 Зашто, ние го знаеме оној што рече: „Моја е одмаздата, јас ќе возвратам“,+ и уште: „Јехова ќе му суди на својот народ“.+ 31 Страшно е да се падне во рацете на живиот Бог.+

32 А сеќавајте се на поранешните денови кога, откако бевте просветлени,+ издржавте голема борба и страдање.+ 33 Понекогаш сами бевте јавно изложени*+ на исмејувања и неволји, а понекогаш бевте и со оние со кои така се постапувало.+ 34 Зашто, сочувствувавте со оние што беа во затвор и со радост го поднесовте одземањето на вашиот имот,+ знаејќи дека имате подобар и траен посед.+

35 Според тоа, немојте да престанете да зборувате слободно,+ бидејќи тоа носи голема награда.+ 36 Зашто, истрајноста ви е потребна+ за, извршувајќи ја Божјата волја,+ да го примите она што е ветено.+ 37 Зашто, уште „само малку“,+ и ќе стигне „оној што доаѓа и нема да одолговлекува“.+ 38 „А мојот праведник ќе живее поради верата“,+ но „ако се повлече, не е по волја на мојата душа“.+ 39 А ние не сме од оние што се повлекуваат, па одат во пропаст,+ туку од оние што веруваат и си го спасуваат животот.*+

11 Верата+ е цврста увереност дека ќе се случи она на кое се надеваме,+ доказ за она што е вистинско, иако не се гледа.+ 2 Зашто, поради неа луѓето од старо време примија сведоштво дека му се по волја на Бог.+

3 Со вера сфаќаме дека целиот свет*+ е подреден со Божјата реч,+ така што она што е видливо настанало од невидливото.+

4 Со вера Авел му принесе на Бог повредна жртва отколку Каин,+ и поради таа вера доби сведоштво дека е праведен, бидејќи Бог посведочи+ дека ги прифаќа неговите дарови. И поради таа вера, иако е мртов, сѐ уште зборува.+

5 Со вера Енох+ беше пренесен за да не види смрт, и не можеше да се најде, бидејќи Бог го пренесе.+ А пред да биде пренесен, го прими сведоштвото дека му угодил на Бог.+ 6 А без вера+ не е можно да му се угоди на Бог,+ зашто оној што му пристапува мора да верува дека тој постои+ и дека ги наградува+ оние што ревносно го бараат.+

7 Со вера Ное+ — откако Бог го предупреди за она што сѐ уште не се гледаше+ — покажа дека се бои од Бог и изгради арка+ за спасение на својот дом. Со таа вера го осуди светот+ и стана наследник на праведноста,+ која доаѓа поради верата.

8 Со вера Авраам,+ кога беше повикан, послуша и отиде во крај кој требаше да го добие како наследство. Отиде не знаејќи каде оди.+ 9 Со вера се насели како дојденец во ветената земја како во туѓина+ и живееше во шатори+ со Исак+ и Јаков,+ сонаследници на истото ветување.+ 10 Зашто, очекуваше град+ со вистински темели, чиј градител и творец е Бог.+

11 Со вера и Сара+ доби моќ да зачне потомок, иако веќе ѝ беше поминато времето за раѓање,+ зашто го сметаше за верен оној што ѝ даде ветување.+ 12 Затоа од еден човек,+ кој беше премногу стар за да има деца,*+ се роди мноштво бројно како ѕвездите на небото, и неизбројно како песокот на морскиот брег.+

13 Сите овие умреа во вера,+ а не го добија она што им беше ветено,+ туку го видоа оддалеку+ и го поздравија, изјавувајќи дека се туѓинци и привремени жители во земјата во која живееја.+ 14 Зашто, оние што зборуваат така, докажуваат дека ревносно бараат татковина.+ 15 А да мислеа на онаа од која заминаа,+ уште би имале можност да се вратат таму.+ 16 Но сега тие тежнеат за подобра, односно за онаа што му припаѓа на небото.+ Затоа Бог не се срами од нив да го нарекуваат свој Бог+ — дури им подготви и град.+

17 Со вера Авраам, кога беше искушуван,+ го принесе Исак. Тој што ги прими ветувањата на кои се израдува, беше спремен да го принесе својот единороден син,+ 18 иако му беше речено: „Она што ќе се нарече ‚твое потомство‘ ќе дојде преку Исак“.+ 19 Но сметаше дека Бог може и од мртвите да го подигне.+ Оттаму и го доби, а тоа служи како споредба.+

20 Со вера и Исак ги благослови Јаков+ и Исав+ во врска со она што требаше да дојде.

21 Со вера Јаков, пред смртта,+ ги благослови двата сина на Јосиф+ и му се поклони на Бог* потпрен на врвот од својот стап.+

22 Со вера Јосиф, пред крајот на животот, го спомна излегувањето+ на Израеловите синови и им заповеда што да направат со неговите коски.+

23 Со вера родителите на Мојсеј, кога се роди, го криеја три месеци,+ зашто видоа дека детето е убаво+ и не се плашеа од царската наредба.+ 24 Со вера Мојсеј, кога порасна,+ одби да биде наречен син на фараоновата ќерка.+ 25 Повеќе сакаше да биде малтретиран заедно со Божјиот народ отколку да ужива во минливите грешни задоволства. 26 Го направи тоа затоа што срамот што го трпеше+ како помазаник* го сметаше за поголемо богатство од египетските ризници, зашто го насочи погледот кон наградата што ќе ја добие.+ 27 Со вера го остави Египет+ — но не го направи тоа затоа што се плашеше од царскиот гнев+ — бидејќи остана постојан како да го гледа Невидливиот.+ 28 Со вера ја прослави Пасхата+ и ги попрска вратите со крв,+ за погубителот да не ги допре нивните првородени.+

29 Со вера поминаа преку Црвеното Море како по суво,+ а кога Египќаните се обидоа да го сторат истото, се удавија.+

30 Со вера паднаа ѕидиштата на Ерихон откако седум дена се кружеше околу нив.+ 31 Со вера блудницата Раав+ не загина заедно со непокорните, зашто мирољубиво ги прими извидувачите.+

32 И што уште да кажам? Нема да имам доволно време ако почнам да раскажувам за Гедеон,+ Варак,+ Самсон,+ Јефтај,+ Давид,+ па за Самоил+ и за другите пророци,+ 33 кои со вера поразија царства,+ го направија она што е праведно,+ добија ветувања,+ затворија уста на лавови,+ 34 ја угаснаа силата на огнот,+ го избегнаа сечилото на мечот,+ беа зајакнати во слабоста,+ станаа смели во војна,+ растераа војски на туѓинци.+ 35 Жените ги добија своите мртви преку воскресение.+ А други беа мачени зашто не прифатија да бидат ослободени со некоја откупнина, затоа што сакаа да добијат подобро воскресение. 36 Други пак беа искушувани со исмејувања и камшикувања, па дури и со окови+ и затвори.+ 37 Беа каменувани,+ искушувани,+ препилени, убиени+ со меч, одеа во овчи и козји кожи,+ беа во немаштија,+ во неволја,+ беа малтретирани.+ 38 Светот не беше достоен за нив. Талкаа по пустини, планини, пештери+ и по земни јами.

39 А сите тие, поради својата вера, добија сведоштво дека му се по волја на Бог, но не го добија она што им беше ветено,+ 40 бидејќи Бог за нас+ подготви нешто подобро,+ за тие+ да не бидат направени совршени+ без нас.+

12 Значи, бидејќи сме опколени од толку голем облак од сведоци,+ да го симнеме и ние секој товар+ и гревот, кој лесно може да нѐ намами во замка,+ и со истрајност+ да ја трчаме трката+ што е пред нас.+ 2 Тогаш, да го впериме погледот во Главниот Застапник+ и Усовршител на нашата вера,+ Исус. Поради радоста што стоеше пред него, претрпе маченички столб,*+ не мислејќи на срамот, и седна од десната страна на Божјиот престол.+ 3 Значи, добро погледнете го оној што поднесе такво противење од устата+ на оние што грешеа против себе, за да не се уморите и душите да не ви папсаат.+

4 Во борбата против тој грев уште не моравте да ја пролеете својата крв+ 5 и го заборавивте советот што ви е упатен како на синови:+ „Сине мој, не омаловажувај го укорот* од Јехова и не губи сила кога тој те опоменува,+ 6 зашто кого Јехова го сака, него и го укорува, го тепа секого кого го признава за син“.+

7 Вие трпите заради вашето воспитување.+ Бог со вас постапува како со синови.+ А кој татко не го укорува својот син?+ 8 Но, ако не го примате укорот, кој сите го примаат, тогаш сте незаконски деца,+ а не синови. 9 Освен тоа, нашите телесни татковци нѐ укоруваа+ и ние ги почитувавме. Зарем нема уште поспремно да му се подложиме на Таткото на нашиот духовен живот, и така да живееме?+ 10 Всушност, тие нѐ укоруваа само кратко време, онака како што мислеа дека е добро,+ а тој го прави тоа за наша корист, за да имаме удел во неговата светост.+ 11 Се разбира, ниту едно укорување на почетокот не причинува радост, туку жалост,+ но на оние што преку него се поучени, подоцна им донесува плод полн со мир+ — праведност.+

12 Затоа исправете ги премалените раце+ и ослабените колена+ 13 и израмнете ги патеките по кои одат вашите нозе,+ за да не се шине куцото, туку напротив, да оздрави.+ 14 Тежнејте кон мир со сите+ и кон посветување+ без кое никој нема да го види Господарот,*+ 15  и гледајте никој да не остане без Божјата незаслужена доброта+ и да не изникне некаков отровен корен,+ кој би предизвикал штета и со кој мнозина би се извалкале,+ 16 за да не стане некој блудник или човек кој не го цени она што е свето, како Исав,+ кој за едно јадење се одрече од правата што ги имаше како првороден.+ 17 А знаете дека и потоа, кога сакаше да го наследи благословот,+ беше отфрлен,+ бидејќи не најде можност да ја промени татковата одлука,+ иако со солзи го бараше тоа.+

18 Зашто, не ѝ пристапивте на опипливата планина+ која пламти во оган,+ ниту на темниот облак, на густата темнина и на виорот,+ 19 ниту на одекнувањето на трубата+ и на звукот на зборовите.+ Кога го чу тој глас, народот молеше повеќе да не им се зборува.+ 20 Зашто, ги уплаши заповедта: „Ако некое животно ја допре планината, да биде затрупано со камења!“+ 21 А глетката беше толку страшна што Мојсеј рече: „Страв ми е и треперам“.+ 22 А вие, напротив, им се приближивте на планината Сион+ и на градот+ на живиот Бог, небесниот Ерусалим,+ и на десетици илјади ангели,+ 23 на сеопштиот собир+ и на собранието од првородените,+ кои се запишани+ на небесата, и на Бог, кој е Судија на сите,+ и на духовниот живот+ на праведниците, кои се направени совршени,+ 24 и на Исус, посредникот+ на новиот сојуз,+ и на крвта на попрскувањето,+ која зборува подобро од крвта на Авел.+

25 Внимавајте да не му бидете непослушни на оној што зборува.+ Зашто, ако не избегаа оние што му беа непослушни на оној кој на земјата го пренесе Божјето предупредување,+ уште помалку ќе избегаме ние ако се одвратиме од оној што зборува од небесата.+ 26 Тогаш неговиот глас ја потресе земјата,+ а сега тој ветува: „Уште еднаш ќе направам метеж не само на земјата туку и на небото“.+ 27 А зборовите „уште еднаш“ значат дека ќе биде отстрането она што може да се потресе, односно она што не го направил Бог,+ за да може да остане она што не може да се потресе.+ 28 И така, бидејќи треба да добиеме царство кое не може да се затресе,+ да останеме достојни на Божјата незаслужена доброта, преку која можеме да му служиме* на Бог така како што е по негова волја, со страв и со страхопочит.+ 29 Зашто, нашиот Бог е и оган што голта.+

13 Братската љубов и понатаму нека владее меѓу вас.+ 2 Не заборавајте ја гостољубивоста+ зашто некои, покажувајќи ја, без да знаат нагостија ангели.+ 3 Мислете на оние што се во окови+ како да сте и вие со нив оковани,+ и на оние што се малтретирани,+ зашто и самите уште сте во тело. 4 Бракот нека биде чесен меѓу сите и брачната постела нека биде чиста,+ зашто Бог ќе им суди на блудниците и на прељубниците.+ 5 Во вашиот живот нека нема љубов кон парите,+ туку бидете задоволни+ со она што го имате.+ Зашто, тој рекол: „Никогаш нема да те оставам и никогаш нема да те напуштам“.+ 6 Затоа, исполнети со храброст,+ можеме да речеме: „Јехова е мојот помошник, нема да се плашам. Што може да ми направи човек?“+

7 Сеќавајте се на оние што ве предводат,+ кои ви ја зборуваа Божјата реч. Набљудувајќи го исходот од нивниот начин на живот, угледајте се на*+ нивната вера.+

8 Исус Христос е истиот вчера, и денес, и засекогаш.+

9 Не дозволувајте да ве заведат разни туѓи учења.+ Зашто, добро е срцето да се зацврсти со Божјата незаслужена доброта,+ а не со јадења,+ кои не им користат на оние што се занимаваат со нив.

10 Имаме жртвеник од кој немаат право да јадат оние што служат* во шаторот.+ 11 Зашто, телата на тие животни, чија крв првосвештеникот ја внесува во светото место за да се исчистат гревовите, се запалуваат надвор од логорот.+ 12 Затоа и Исус, за да го посвети+ народот со својата крв,+ страдаше надвор од градските порти.+ 13 Затоа, да излеземе кај него надвор од логорот, носејќи го срамот што го носеше тој,+ 14 зашто овде немаме град кој ќе остане,+ туку желно го чекаме оној што ќе дојде.+ 15 Преку Исус секогаш му принесуваме на Бог жртва на фалба,+ односно плод на усните+ кои го објавуваат неговото име.+ 16 И не заборавајте да правите добро+ и да делите со другите, зашто со таквите жртви му се угодува на Бог.+

17 Бидете им послушни на оние што ве предводат+ и бидете им подложни+ — зашто тие бдеат над вашите души како оние што ќе положат сметка за тоа+ — за да го прават со радост, а не со воздишки, зашто тоа вам би ви било на штета.+

18 Молете се за нас,+ зашто сме уверени дека имаме чиста* совест, бидејќи сакаме во сѐ да постапуваме чесно.+ 19 Сесрдно ве молам да го правите тоа за да ви се вратам што поскоро.+

20 А Богот на мирот,+ кој го изведе+ од мртвите големиот пастир+ на овците,+ нашиот Господар* Исус, кој ја имаше крвта на вечниот сојуз,+ 21 нека ве опреми со секое добро, за да ја вршите неговата волја, и преку Исус Христос нека го прави во нас она што му е благоугодно.+ Нему нека му е слава во сета вечност!+ Амин.*

22 А ве молам, браќа, да го прифатите овој збор на охрабрување, зашто ви напишав кратко писмо.+ 23 Знајте дека е ослободен нашиот брат Тимотеј.+ Ако дојде наскоро, ќе ве посетам заедно со него.

24 Поздравете ги сите што ве предводат+ и сите свети. Ве поздравуваат оние од Италија.+

25 Незаслужената доброта+ нека биде со сите вас.

Буквално: „ги направи вековите“. Види ја фуснотата за Мт 12:32.

Буквално: „на населената земја“.

Или: „јавни слуги; слуги што служат за општото добро“.

Односно, другите цареви од лозата на Давид.

Види го додатокот 11.

Или: „со разни чуда“.

Буквално: „населена земја“.

„Насобраното мноштво“ — буквално „еклезија“ (грчки: еклиси́а). Спореди ја фуснотата за Мт 16:18.

Буквално: „огорченост“.

Буквално: „да се плашиме“.

Буквално: „сабатната“. Види ја фуснотата за Мт 12:1.

Буквално: „зглобовите“.

Или: „овластен за службата; воведен во службата“. Види ја фуснотата за 3Мо 21:10. Спореди ја и фуснотата за 3Мо 8:33.

Види ја фуснотата за Мт 12:32.

Види го додатокот 8.

Или: „бодликав плевел; чички“.

Или: „ги имитирате“.

Или: „главата на семејството“. Буквално: „патријархот“.

Буквално: „иако и тие излегоа од бедрата на Авраам“.

Буквално: „зашто уште беше во бедрата на својот татко“.

Види го додатокот 11.

Или: „овластен за службата; воведен во службата“. Види ја фуснотата за Ев 5:9.

Или: „врши јавна служба“.

Или: „вршат света служба“.

Или: „светата служба“.

Херувими се ангели на висока положба.

Или: „светата служба“.

Или: „оној што врши света служба“.

Или: „разни крштавања“.

Или: „вршиме света служба“.

Буквално: „на завршетокот на вековите“. Види ја фуснотата за Мт 12:32.

Или: „оние што вршат света служба“.

Или: „повеќе не би ги мачела совеста поради гревовите“.

„Добро ја запознавме“ (грчки: епи́гноси) — види ја фуснотата за Ри 1:28.

Буквално: „бевте изложени како во театар“.

Буквално: „душата“.

Буквално: „дека вековите“. Види ја фуснотата за Мт 12:32.

Или: „беше скоро мртов“.

Или: „му покажа почит на Бог; изврши чин на обожавање пред Бог“.

Буквално: „Христовиот срам“.

Види го додатокот 8.

Изразот „укор(ува)“ во стиховите 5⁠-11. и со „воспитување“ во 7. стих, е превод на истиот грчки израз кој има многу широко значење и може, во зависност од контекстот, да се преведе со поимите: „воспитување, образование, поука, опомена, укор, казна, стега, зауздување“. Види ја и фуснотата за Из 1:2.

Види го додатокот 11.

Или: „вршиме света служба“.

Или: „имитирајте ја“.

Или: „вршат света служба“.

Или: „чесна“.

Види го додатокот 11.

Види ја фуснотата за 5Мо 27:15.

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели