ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • bi12 1. Петрово 1:1-5:14
  • 1. Петрово

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • 1. Петрово
  • Свето писмо — превод Нов свет
Свето писмо — превод Нов свет
1. Петрово

Прво Петрово послание

1 Петар, апостол+ на Исус Христос, до вас кои сте привремени жители на овој свет,+ распрснати+ по Понт, Галатија, Кападокија,+ Азија* и Витинија, избрани+ 2 според она што Бог, Таткото, однапред го знаеше,+ посветени со духот,+ за да бидете послушни и попрскани+ со крвта на Исус Христос:+

Нека ви се умножи незаслужената доброта и мирот.+

3 Благословен да е Богот и Таткото на нашиот Господар* Исус Христос,+ зашто според своето големо милосрдие повторно нѐ роди+ за жива надеж+ преку воскресението+ на Исус Христос од мртвите, 4 за наследството што е нераспадливо и неизвалкано и кое не венее.+ Тоа е зачувано на небесата за вас,+ 5 кои Божјата сила преку верата+ ве чува за спасение,+ кое е подготвено да се објави+ во последното време.+ 6 На тоа многу радувајте се, иако сега можеби за кратко ќе мора да се жалостите поради разните искушенија,+ 7 за испитаноста на вашата вера,+ која е многу повредна од златото, кое пропаѓа иако се испитува со оган,+ да ви донесе фалба и слава и чест кога ќе се појави Исус Христос.+ 8 Иако никогаш не сте го виделе, вие го сакате.+ Иако сега не го гледате, сепак верувате во него и воскликнувате со неискажана и силна радост, 9 бидејќи сте сигурни дека, поради својата вера, ќе бидете наградени со спасение на своите души.+

10 Тоа спасение внимателно го испитуваа и го истражуваа+ пророците кои пророкуваа+ за незаслужената доброта која ви е наменета вам.+ 11 Истражуваа во кое или на какво време+ укажуваше духот+ во нив во врска со Христос+ кога сведочеше за страдањата што го очекуваа Христос+ и за сето она што е славно, кое доаѓа по нив.+ 12 Им беше откриено дека не си служеле себеси, туку вам,+ изнесувајќи ви го она што сега ви е јавено+ преку оние што ви ја објавија добрата вест со светиот дух+ испратен од небото. Во тоа и ангелите сакаат да ѕирнат.+

13 Затоа, подгответе го умот за напорна работа,*+ бидете трезвени во сѐ.+ Надевајте се на незаслужената доброта+ што ќе ви биде покажана кога ќе се појави Исус Христос.+ 14 Како послушни деца, немојте да дозволите и понатаму да ве обликуваат+ желбите што ги имавте додека бевте во незнаење, 15 туку, како што е свет оној што ве повикал, и вие бидете свети во сѐ што правите,+ 16 бидејќи е напишано: „Бидете свети, зашто јас сум свет“.+

17 И ако го повикувате Таткото, кој непристрасно му суди+ секому според неговото дело, живејте богобојазливо+ додека престојувате во туѓина.+ 18 Зашто, знаете дека не сте избавени+ со нешто распадливо,+ со сребро или злато, од својот суетен начин на живот, кој сте го наследиле од своите прататковци, 19 туку со драгоцената крв+ на Христос,+ која е како крвта на јагне неизвалкано и без недостаток.+ 20 Вистина, тој беше одреден пред настанувањето на светот,+ но се појави на крајот од времињата заради вас+ 21 кои преку него верувате во Бог,+ оној што го подигна од мртвите+ и му даде слава,+ за вашата вера и надеж да ја полагате во Бог.+

22 Сега, кога со послушноста кон вистината ги исчистивте+ своите души за да можете да покажувате нелицемерна братска љубов,+ сакајте се еден со друг силно и од срце.+ 23 Зашто, не сте повторно родени+ од распадливо,+ туку од нераспадливо+ семе,+ преку речта+ на живиот и вечен Бог.+ 24 И зашто, „сите луѓе се како трева, и сета нивна слава е како цветот на тревата.+ Тревата венее и цветот паѓа,+ 25 но Јеховината реч останува засекогаш“.+ А „речта“+ е тоа што ви е објавено+ како добра вест.

2 Затоа, отфрлете ја секоја злоба+ и секоја измама и лицемерство и завист и секакво клеветење,+ 2 и како новородени деца,+ развивајте желба за чистото млеко+ од Божјата реч, за да можете, хранејќи се со него, да пораснете до спасение,+ 3 ако навистина сте вкусиле колку е добар+ Господарот.*

4 Доаѓајќи кај него како кај жив камен,+ кој е, навистина, отфрлен+ од луѓето,+ но избран од Бог, скапоцен во негови очи,+ 5 и вие како живи камења се вградувате во духовен храм+ за да бидете свето свештенство, за да принесувате духовни жртви+ прифатливи за Бог преку Исус Христос.+ 6 Зашто, во Писмото стои: „Гледај! Поставувам на Сион избран камен, аголен камен-темелник, скапоцен. Никој кој верува во него никогаш нема да се разочара“.+

7 Значи, за вас тој е скапоцен, бидејќи верувате, но за оние што не веруваат, „оној камен што градителите го отфрлија+ стана аголен камен“+ 8 и „камен за спрепнување и карпа, која е пречка на нивниот пат“,*+ и тие се спрепнуваат на неа бидејќи ѝ се непослушни на речта Божја. За тоа биле и одредени.+ 9 Но вие сте „избран род, царско свештенство, свет народ,+ народ кој е Божја сопственост,+ за да ги објавувате доблестите“+ на оној што ве повикал од темнината во својата прекрасна светлина.+ 10 Зашто, некогаш не бевте народ, а сега сте Божји народ.+ Порано не ви беше покажана милост, а сега ви е покажана милост.+

11 Сакани, ве поттикнувам како туѓинци и привремени жители во овој свет+ да се воздржувате од желбите на телото,+ бидејќи тие војуваат против душата.+ 12 Живејте примерно меѓу луѓето во светот.+ Макар што ве обвинуваат дека правите зло, кога ќе ги видат вашите добри дела,+ ќе го слават Бог во денот кога ќе дојде да испита какви се делата што се прават.+

13 Заради Господарот,* подложете се+ на секоја човечка власт:+ било на царот+ како на повисок, 14 било на управителите како на такви кои тој ги праќа да ги казнат злосторниците, а да ги пофалат оние што прават добро.+ 15 Зашто, тоа е Божјата волја, правејќи добро да ги замолкнете неразумните луѓе, кои го зборуваат она во кое не се упатени.+ 16 Живејте како слободни луѓе,+ но не како оние на кои слободата им е како покривка за злобата,+ туку како Божји робови.+ 17 Почитувајте го секого,+ сите браќа сакајте ги,+ од Бог бојте се,+ царот почитувајте го.+

18 Слугите нека им бидат подложни на своите господари+ со должна почит,+ не само на добрите и на разумните туку и на оние на кои е тешко да им се угоди. 19 Зашто, ако некој поднесува неволји и трпи неправда затоа што сака да зачува чиста совест пред Бог, тоа му се допаѓа на Бог.+ 20 Зашто, што има пофално во тоа ако поднесувате удари затоа што грешите?+ Но ако трпите затоа што правите добро,+ и стрпливо го поднесувате тоа, тоа му се допаѓа на Бог.+

21 На тоа сте и повикани, бидејќи и Христос страдаше за вас+ и ви даде пример во сѐ да одите по неговите стапки.+ 22 Тој не направи грев,+ ниту, пак, се најде измама во неговата уста.+ 23 Кога го навредуваа,+ не враќаше со навреди.+ Кога страдаше,+ не се закануваше, туку му се препушти на оној што праведно суди.+ 24 Тој во своето тело ги понесе нашите гревови+ на столбот,*+ за да ги оставиме гревовите+ и да живееме за праведноста. „Преку неговите рани сте излекувани.“+ 25 Зашто, бевте како залутани овци,+ но сега се вративте кај пастирот+ и чувар* на вашите души.

3 Така и вие,+ жени, бидете им подложни на своите мажи,+ за да ги придобиете+ без збор, со своето однесување,+ оние што не ѝ се послушни+ на Божјата реч, 2 кога ќе ги видат вашето чисто однесување+ и длабоката почит. 3 И вашиот украс нека не биде надворешен, имено плетењето на косата+ и украсувањето со злато+ или облекувањето облеки, 4 туку тоа нека биде тајниот човек+ на срцето, облечен во нераспадливото руво+ на мирниот и благ дух,+ кој е драгоцен во Божји очи. 5 Зашто, така некогаш се украсуваа и светите жени кои се надеваа на Бог и им беа подложни на своите мажи. 6 Така и Сара му беше послушна на Авраам, нарекувајќи го „господар“.+ А вие сте нејзини ќерки ако правите добро и не се плашите од никакви застрашувања.+

7 Така и вие, мажи,+ живејте со своите жени во склад со она што сте го научиле,+ почитувајќи ги+ како послаби садови, зашто и тие со вас се наследници+ на незаслужениот дар на животот. Во спротивно, вашите молитви ќе наидат на препрека.+

8 И најпосле, сите бидете со еднакви мисли,+ сочувствителни, полни со братска љубов, сомилосни,+ понизни,+ 9 не враќајте зло за зло,+ ни навреда за навреда,+ туку, напротив, благословувајте,+ бидејќи за тоа сте повикани за да го наследите благословот.

10 Зашто, „кој сака да живее и да види добри денови,+ нека го воздржи својот јазик+ од зло, и своите усни од измамничко зборување,+ 11 нека се трга од злото+ и нека прави добро, нека бара мир и нека оди по него.+ 12 Зашто, очите на Јехова+ ги гледаат праведниците и ушите негови ги слушаат нивните сесрдни молитви,+ а лицето на Јехова е против оние што прават зло“.+

13 Кој ќе ви наштети ако ревносно правите добро?+ 14 Но дури и ако трпите поради праведноста, среќни сте.+ И не плашете се од она од кое се плашат тие+ и не вознемирувајте се.+ 15 Туку Христос, како Господар,* нека биде свет во вашите срца+ и секогаш бидете спремни за одбрана+ пред секој што од вас бара да ја образложите надежта која е во вас, но тоа правете го благо+ и со длабока почит.

16 Зачувајте чиста совест,+ за оние што со омаловажување зборуваат за вашето добро христијанско однесување+ да се посрамат+ поради она што го зборуваат против вас. 17 Зашто, подобро е да трпите затоа што правите добро,+ ако е тоа Божја волја, отколку затоа што правите зло.+ 18 Па и Христос умре еднаш засекогаш за гревовите,+ праведник за неправедните,+ за да ве доведе кај Бог,+ тој, кој беше убиен во тело,+ но беше оживеан во духот.+ 19 Така замина и им проповедаше на духовите во затвор,+ 20 кои некогаш беа непослушни+ кога Бог стрпливо+ чекаше во Ноевите денови додека се градеше арката+ во која само неколкумина, односно осум души, се спасија, поминувајќи преку водата.+

21 Она што беше предочено со тоа, сега и вас ве спасува,+ имено крштавањето (кое не е отстранување на телесната нечистотија, туку молба упатена до Бог за чиста совест),+ на темел на воскресението на Исус Христос.+ 22 Тој е од десната страна на Бог+ бидејќи отиде на небото, и нему му се подложени+ ангелите+ и властите и силите.

4 Значи, поради тоа што Христос страдаше во тело,+ и вие вооружете се со истиот тој став,+ бидејќи кој страда во тело, прекинал со гревовите+ 2 за да може преостанатото време во тело да не го живее+ според човечките желби, туку според Божјата волја.+ 3 Зашто, доста е што во минатото+ ја вршевте волјата на луѓето од светот+ кога живеевте во бесрамност,+ во страсти, во пијанство,+ во разуздани гозби, во натпивања и во недозволени идолопоклонства.+ 4 Поради тоа што повеќе не трчате со нив во истата таа тиња на распуштеноста,+ се чудат и зборуваат срамно за вас.+ 5 Но тие ќе одговараат пред оној+ што веќе е готов да им суди на живите и на мртвите.+ 6 Всушност, затоа добрата вест им е објавена и на мртвите,+ за во телото да бидат осудени во очите на луѓето,+ но во Божји очи да живеат по духот.+

7 А се приближи крајот на сѐ.+ Затоа, бидете разборити+ и не занемарувајте ја молитвата.+ 8 Пред сѐ, горливо сакајте се еден со друг,+ зашто љубовта покрива мноштво гревови.+ 9 Гостољубиво примајте се еден со друг без негодување.+ 10 Служете си еден на друг — секој со дарот што го примил — како добри управители на Божјата незаслужена доброта, која се покажува на разни начини.+ 11 Ако некој зборува, нека зборува во согласност со Божјите свети објави.+ Ако некој служи,+ нека се потпира на силата што ја дава Бог.+ Така Бог ќе се прослави во сѐ+ преку Исус Христос. Негова е славата+ и моќта во сета вечност. Амин.*

12 Сакани, не чудете се на огнот што пламти меѓу вас за да ве искуша,+ како да ви се случува нешто необично! 13 Напротив, радувајте се+ што страдате како што страдаше Христос,+ за да се радувате и да ликувате и за време на појавувањето+ на неговата слава. 14 Ако ве исмејуваат поради Христовото име,+ среќни сте,+ бидејќи духот на славата — духот Божји — почива врз вас.+

15 Но никој од вас нека не страда+ затоа што е убиец или крадец или злосторник или затоа што се меша во туѓи работи.+ 16 Но, ако страда+ затоа што е христијанин, нека не се срами,+ туку нека го слави Бог носејќи го тоа име. 17 Зашто, време е да започне судот — и тоа од домот Божји.+ А ако започнува од нас,+ каков ли ќе им биде крајот на оние што не ѝ се послушни на Божјата добра вест?+ 18 „И ако праведникот тешко се спасува,+ тогаш каде ќе се најдат безбожникот и грешникот?“+ 19 Затоа, оние што страдаат во склад со Божјата волја, нека му ги доверуваат своите души на верниот Создател додека прават добро.+

5 И така, ги поттикнувам старешините меѓу вас, зашто и самиот сум старешина+ како нив и сведок+ на Христовите страдања, а и соучесник во славата која ќе се појави:+ 2 Пасете го+ Божјето стадо+ кое ви е доверено — не со сила, туку доброволно;+ не поради нечесна добивка,+ туку горливо; 3 не како да господарите+ над оние што се Божја сопственост,+ туку бидете му пример на стадото.+ 4 А кога ќе се појави врховниот пастир,+ ќе го примите венецот* на славата+ што не венее.+

5 Така и вие, помлади мажи, бидете им подложни+ на старешините.* А сите вие, во меѓусебното однесување, опашајте се со понизност,+ бидејќи Бог им се спротивставува на вообразените, а им укажува незаслужена доброта на понизните.+

6 Затоа, понизете се под моќната Божја рака за да ве возвиши кога ќе дојде време,+ 7 и сите свои грижи+ фрлете ги на него,* зашто тој се грижи за вас.+ 8 Бидете трезвени, бдејте!+ Вашиот противник, Ѓаволот, оди наоколу како разрикан лав и бара некого да проголта.+ 9 А вие спротивставете му се+ цврсти во верата, знаејќи дека истите страдања ги поднесуваат и вашите браќа по светот.+ 10 А откако малку ќе пострадате,+ Богот на сета незаслужена доброта, кој поради вашето единство+ со Христос ве повика во својата вечна слава,+ ќе го доврши вашето обучување, ќе ве зацврсти,+ ќе ве зајакне.+ 11 Неговата моќ+ е вечна. Амин.

12 По Силван,+ кого го сметам за верен брат, ви пишувам накратко+ за да ве охрабрам и со увереност да ви посведочам дека ова е вистинската Божја незаслужена доброта. Во неа стојте!+ 13 Ве поздравува онаа што е во Вавилон,+ избрана како и вие, а и Марко,+ мојот син. 14 Поздравете се еден со друг со бакнеж на љубовта.+

Мир на сите вас кои сте во единство со Христос.+

Види ја фуснотата за Де 2:9.

Види го додатокот 11.

Буквално: „опашете ги бедрата на својот ум“. Или: „засукајте ги скутовите на својот ум“.

Види го додатокот 11.

Или: „поради кој го напуштаат исправниот пат“.

Види го додатокот 11.

Или: „дрвото“. Види го додатокот 8.

Или: „надгледник“.

Види го додатокот 11.

Види ја фуснотата за 5Мо 27:15.

Или: „круната“.

Или: „на постарите мажи“.

Или: „доверете му ги нему“.

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели