ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • g93 8/4 стр. 3-4
  • Како се променил нашиот свет?

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Како се променил нашиот свет?
  • Разбудете се! 1993
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • Променетиот потрошувачки свет
  • Промени во науката
  • Политички промени
  • Нашиот свет се менува — каде оди?
    Разбудете се! 1993
  • Човечки планови за меѓународна безбедност
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1992
  • Години безуспешни обиди
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1995
Разбудете се! 1993
g93 8/4 стр. 3-4

Како се променил нашиот свет?

ДАЛИ вашиот свет се изменил? Древниот грчки филозоф Хераклит рекол: „Ништо не е трајно освен промената“. Промената е константа во животот на секој од нас.

Кои промени сте ги виделе кога ќе погледнете наназад 10, 20, 30 или повеќе години? Можеби сте виделе промена во вид на модернизација и отфрлување на традиционалните вредности. Без сомнение, некои промени ги сметате за позитивни, а други за негативни.

Ако имате преку 70 години, кои промени сте ги виделе од времето на вашата младост? Се сеќавате на време кога не постоел телевизор, кога авионите се движеле бавно, со брзина од 150 километри на час, кога поголемиот дел од меѓународното патување се вршело со големи патнички бродови, кога злоупотребата на дрога се чинело дека била ограничена на опиумските скривалишта, кога автомобилите биле малубројни и доста ретки. Да, вашиот свет навистина се променил.

Променетиот потрошувачки свет

Но светот се променил дури и за помладите луѓе. Само до пред 45 години, на светските пазари доминирале производи и стручност од Запад. Сега, ориенталните земји од крајбрежниот појас на Пацификот предводат во производството на автомобили, компјутери, камери, телевизори и многу видови електронски уреди.

Еден кинески патник тоа вака го опиша за Разбудете се!: „Само до пред 30 или 40 години, сонот на еден просечен Кинез беше да добие велосипед и машина за шиење. Тоа беа тогашните симболи на статусот. Сега сонот е да се има телевизор во боја, видеорекордер, фрижидер и моторцикл“. Потрошувачкиот свет, без разлика дали во Кина или на други места, го променил својот вкус и барања.

Ваквата промена во гледиштетото настапила кај многу нации откако се подобрила нивната економија. Педро, Каталонец во своите рани 40-ти години, наведе: „Пред 30 години во Шпанија беше амбиција да се поседува барем еден малечок „Фиат СЕАТ“ од 600 кубици. Сега Шпанците копнеат по германски БМВ!“ Јагдиш Пател, жител на Соединетите Американски Држави, коментираше за едно неодамнешно патување во својата родна Индија: „Бев изненаден од бројот на автомобили кои сега можат да се видат на индиските патишта. На автопатиштата сѐ уште можат да се видат истите автомобили „Хиндустан“, но сега тие се придружени од современи видови автомобили, веспи и моторцикли, произведени во Индија под лиценца на странски фирми“.

Промени во науката

До пред само 25 години, многу луѓе ја сметале месечината за фасцинантна тајна. Оттогаш, човекот оставил свои траги и научни инструменти на таа непозната месечева површина и донел примероци од камења за анализа. Летовите на американските вселенски бродови сега се редовна појава, а американските научници зборуваат за воспоставување на трајна вселенска станица и за патување на Марс.

Кој слушнал за СИДА пред 15 години? Сега тоа е чума раширена по целиот свет и милиони живеат во страв од неа.

Политички промени

Само пред четири години, градот Берлин беше поделен со навидум неуништлив ѕид; постоеше комунистички Советски Сојуз и студена војна. Берлин сега е избран за главен град на обединета Германија, а 11 од 15-те републики на поранешниот Советски Сојуз оформија Заедница на независни држави.

До пред само неколку години, Обединетите нации воглавно беа арена за борбата помеѓу капиталистичките и комунистичките сили, со таканаречените неврзани народи кои избегнуваа да се обврзат и кои беа само во улога на посматрачи. Сега народите и на Исток и на Запад зборуваат за мир и безбедност, а Обединетите нации имаат поголема моќ и ефикасност. Можат да испратат воени сили во кризните подрачја ширум светот. До пред три години, постоеја земјите Југославија и Чехословачка. Сега обете се расцепкани на помали независни држави.

Со сите овие промени, дали светот напредувал кон вистински мир, правда и праведна распределба на храната и природните извори? Дали светот станал поцивилизиран? Дали можете да одите по улица без страв од криминалци? Дали сме научени повеќе да не ги мразиме другите луѓе поради нивната раса, религија, политика, начин на живот или јазик? Дали промените водат до вистински прогрес за човечката фамилија воопшто, и за нашиот дом, Земјата? Каде одиме? Следните статии ќе ги разгледаат овие и други прашања.

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели