ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • g96 8/5 стр. 18
  • Пријателски настроената црвеношијка

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Пријателски настроената црвеношијка
  • Разбудете се! 1996
  • Сличен материјал
  • Дали Бог ќе ми остане пријател?
    Разбудете се! 1997
  • Зошто не абортиравме
    Разбудете се! 2009
  • 8. Личен пример
    Разбудете се! 2018
  • Дали сиромаштијата го оправдува крадењето?
    Разбудете се! 1998
Повеќе
Разбудете се! 1996
g96 8/5 стр. 18

Пријателски настроената црвеношијка

ОД ДОПИСНИКОТ НА РАЗБУДЕТЕ СЕ! ВО БРИТАНИЈА

ДОЛГО пред темноцрвените тонови да ги променат нашите шуми на Нортамберленд во пријатниот амбиент на есента, црвеношијката ја огласува својата присутност. Нејзините светло-црвени гради и сребреникавите ритми на нејзината песна ѝ придаваат боја и радост на нашата градина. Колку само прекрасно другарче е тоа!

Црвеношијката лесно се препознава по нејзините маслинесто-кафеави раменици и глава; по нејзините портокалово-црвени гради, грло и чело; по нејзиниот белузлав стомак. Оваа тркалезна птица, секогаш будна, стои весело исправена. Долга е 14 сантиметри од главата до опашката. Не изненадува тоа што во 1961 година, црвеношијката беше избрана за национална птица на Британија.

Британската црвеношијка е помала од нејзиниот американски двојник, на кого првите колонисти од Англија му го дале името црвеношијка, име кое им било познато. Меѓутоа, британската црвеношијка има свој посебен карактер.

Кога се приближува есента, црвеношијката доаѓа до израз во британската градина. Таа ќе застане во близината на оној кој го копа земјиштето, чекајќи да излезе црвец на површината. Понекогаш, кога градинарот се одмора, црвеношијката ќе слета на лопатата за да го разгледува пејзажот. За оваа палава птица дури е познато дека ја следи трагата на кртицата за да ги испита нејзините новоископани насипи. Исхраната на црвеношијката е разновидна — инсекти, семки, зрнести плодови, како и црви.

Колкаво само задоволство е да се најде гнездо на црвеношијка! Секоја отворена врата или прозорец од шупа е покана за двојката за парење. Гнездата можат брзо да се градат во стари саксии или исфрлени чајници, на навои од жица, па дури и во џебовите од градинарското палто! Остроумноста на црвеношијката да изнаоѓа необични места за своите гнезда, не познава никакви граници.

Црвеношијката е една од птиците кои можат најлесно да се научат да се хранат од вашата рака. Додека се приближува зимата и се намалуваат нејзините природни залихи на храна, ставете малку храна на вашата испружена дланка — парченца сирење или ларви од бубачки — и малку на некој неподвижен предмет во близината. Откако два-три пати ќе земе од храната на предметот, црвеношијката ќе стекне доверба и ќе почне да зема парчиња и од вашата испружена рака. Иако можеби никогаш нема да ви слета на прстите, сепак оттогаш црвеношијката секогаш ќе гледа на вас како на пријател. Нема да ве заборави кога ќе се врати следната сезона — како што и вие нема да го заборавите вашето пријателче, црвеношијката!

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели