ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • g97 8/4 стр. 18-19
  • Тешкото искушение на Меги и мојот благослов

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Тешкото искушение на Меги и мојот благослов
  • Разбудете се! 1997
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • Благословен со здраво бебе
  • Соочување со смртта и снаоѓањето после тоа
  • Поддршка од сохристијаните
  • Задоволства сега и идните изгледи
  • „Сега ја сакам службата“
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство (за проучување) 2021
  • Се соочував со испитите со сила од Бог
    Разбудете се! 2001
  • ‚Ја запазив верата‘
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1994
  • Кога детето има рак
    Разбудете се! 2011
Повеќе
Разбудете се! 1997
g97 8/4 стр. 18-19

Тешкото искушение на Меги и мојот благослов

Вторник, 2 мај 1995 година, беше денот кога се роди ќерка ми и денот кога почина мојата сопруга. За жал, Меги никогаш не го виде лицето на своето бебе. Сега имам надеж да ѝ ја претставам Тамара на нејзината мајка кога таа ќе воскресне.

ПОСЛЕ 16 години брак, докторот на мојата сопруга Меги ѝ кажа дека таа има рак на дојката и дека ѝ остануваат уште неколку месеци од животот. Тоа беше пред пет години. За среќа, Меги можеше да живее доста нормално во текот на тие последни години од нејзиниот живот. Дури при крајот, болката стана скоро неиздржлива.

Поради големината на нејзиниот рак, докторите рекоа дека шансите да остане бремена се многу мали. Затоа, можете да си го замислите нашиот шок кога во текот на рутинската процедура со ултразвук за да се провери растот на канцерозните тумори, тие видоа бебе во нејзината утроба! Беше девојче. Меги тогаш била веќе четири и пол месеци бремена. Беше исполнета со радост поради изгледот првпат да стане мајка.

Меги стори апсолутно сѐ што можеше за да осигури бебето да се роди здраво. Внимаваше на својата исхрана и почна да зема лекови против болките дури во последните две седмици од нејзиниот живот, само кога болката стануваше мачна и кога не можеше повеќе да ја поднесе.

Благословен со здраво бебе

В сабота, на 29 април, Меги доби палпитација на срцето, па рече: „Мислам дека ќе умрам“. Останав со неа цел викенд. Откако го повикав лекарот во понеделникот, веднаш ја одведов во болницата во Монтреал (Канада), недалеку од нашиот дом во Сен Жером.

Околу 5.30 часот следното утро, една болничарка поминала покрај вратата од собата на Меги и забележала дека има болки. Очигледно имала срцев удар. Веднаш бил повикан еден лекар од соседната соба. Иако Меги умрела, медицинската екипа била во можност да го спаси нашето бебе. Тамара се роди два и пол месеци предвреме и тежеше само 1,1 килограм.

Поради тоа што крвната слика на Тамара беше лоша, лекарите сакаа да ѝ дадат трансфузија на крв. Меѓутоа, беа охрабрени да го користат синтетичкиот хормон еритропоетин наместо трансфузија. Тоа и го сториле, и кога употребата на овој производ се покажала успешна во подобрувањето на крвната слика, една болничарка рекла: „Зошто не го користат тоа кај сите бебиња?“

Тамара имаше и други проблеми поврзани со предвременото раѓање, но сите тие беа решени. Всушност, кога д-р Ватерс, неуролог, подоцна ја прегледал, на болничарката ѝ рекол: „Мислам дека ми донесе на преглед погрешно бебе; мене ми изгледа сосема нормално“.

Соочување со смртта и снаоѓањето после тоа

Тешко ми беше кога гледав како Меги умира. Се чувствував толку беспомошно. Ми беше многу тешко да зборувам за смртта на Меги. Сепак, зборував кога моите христијански браќа и сестри дојдоа во болницата. Колку повеќе зборував за тоа толку повеќе попушташе болката. Секогаш кога ќе прочитам некоја статија од Стражарска кула или Разбудете се! која особено ме засега мене, ја ставам настрана во еден мал приватен дел од мојата библиотека и ја вадам и читам кога чувствувам потреба за тоа.

Друг предизвик беше доаѓањето дома во празна куќа. Соочувањето со осаменоста е многу тешко. Тоа чувство сѐ уште излегува на површина, иако ми користи изградувачкото христијанско дружење. Меги и јас правевме сѐ заедно, и разговаравме за проблемот што ќе го имам со осаменоста. Таа сакаше да се преженам. Сепак, работите не се така едноставни.

Поддршка од сохристијаните

Не знам што би правел без поддршката од Одборот за контактирање со болниците (HLC) на Јеховините сведоци. Утрото кога Меги почина, еден добро информиран Сведок од HLC беше во болницата и ми ја даде помошта која ми беше потребна.

Болничкиот персонал беше импресиониран од помошта што ја добив од нашето христијанско собрание во Сан Жером, како и од другите собранија во подрачјето. Вечерта кога на нашиот христијански состанок беше објавена смртта на Меги, преку 20 наши драги пријатели се одѕваа нудејќи помош. Поддршката беше навистина огромна.

Пријателите ми подготвија храна; преградата за замрзнување од мојот фрижидер со месеци беше полна. Моето семејство и христијанските браќа и сестри дури се погрижија да набават и облека за мојата ќеркичка. Толку многу работи ми донесоа што немав доволно место каде да ги ставам сите.

Задоволства сега и идните изгледи

Тамара ми помага да не мислам на мојата загуба. Таа сосема ми го освои срцето. Секој ден кога ја поздравувам со весело „добро утро“, таа целата возбудена возвраќа со голема насмевка, почнува да „зборува“ и ги мафта рацете и нозете.

Како аматер астроном, радосно го исчекувам моментот кога ќе ја држам Тамара во скутот и ќе гледа низ мојот телескоп во небесните чуда на нашиот Голем Творец, Јехова. Размислувањето за бескраен живот во Рај на Земјата е вистински извор на утеха. И спознанието дека тоа е изгледот кој стои и пред Тамара ми дава додатно задоволство (Псалм 36:9—11, 29).

Размислувајќи за настаните од изминатите пет години, најдобро што би можел да ги опишам е дека беа и трауматски и радосни. Многу научив за себеси и за самиот живот. Желно ја очекувам иднината кога, како што опишува Библијата, „смрт нема да има веќе; ни плач, ни пискот, ниту болка нема да има веќе“ (Откровение 21:3, 4).

Потоа, во воскресението, Меги ќе може длабоко да дише без болка. Над сѐ, мојата цврста надеж и желба е да бидам таму и да ѝ ја претставам Тамара на Меги за да може да го види малото девојче за кое направи толку многу (раскажал Лорн Вилкинс).

[Слика на страница 18]

Со мојата сопруга

[Слика на страница 18]

Нашата ќерка Тамара

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели