ОБСЕ — Што е тоа? Дали ќе успее?
Од дописникот на Разбудете се! во Португалија
ПОСЛЕ II светска војна, помеѓу западните демократски капиталистички држави и источниот комунистички советски блок се појави борба за власт. Секој блок си разви своја сопствена безбедносна организација: Северноатлантскиот пакт (НАТО) на Запад и Варшавскиот пакт на Исток.
До 1975 година, студената војна доволно попушти за 35 држави, вклучувајќи ги Соединетите Држави и Русија, да го потпишат она што се нарекуваше Хелсиншка спогодба. Се роди Конференцијата за европска безбедност и соработка (КЕБС). Тоа беше мултилатерален форум за дијалог и преговарање помеѓу двата блока.
На самитот во Будимпешта во 1994, КЕБС го промени своето име во Организација за безбедност и соработка на Европа (ОБСЕ). Денес, таа се состои од 54 држави учеснички, вклучувајќи ги Соединетите Држави, Канада и сите земји на поранешниот Советски Сојуз.
Нејзината цел
Целта на земјите членки на ОБСЕ е да ја гарантира безбедноста на Европа како и да го унапредува спроведувањето на човековите права, разоружувањето, демократските слободи и управувањето со регионалните конфликти.
Од 2 до 3 декември 1996, во Лисабон (Португалија), се одржа самитски состанок на ОБСЕ. Во почетокот, вниманието беше насочено кон НАТО, затоа што неколку членки на НАТО, вклучувајќи ги Соединетите Држави, се за проширување на НАТО со вклучување на уште земји од Централна и Источна Европа. Но, наместо да го поддржуваат зголемувањето на НАТО со вклучување на сојузници од поранешниот Источен блок, Русија и некои од нејзините сојузници на поранешниот Источен блок сакаат ОБСЕ да стане форум за работите во врска со европската безбедност.
Рускиот премиер Виктор Черномирдин, на состанокот рече: „Ние сме за зајакнување на ОБСЕ, кое е единственото место во Европа каде што сите држави можат заеднички да работат. Тоа е најдоброто интернационално место за дискутирање за безбедноста и одбраната“.
Блескавото попладневно Сонце како да создаваше клима на општ оптимизам на завршетокот од самитот, и покрај коментарите од печатот во врска со неговите нејасни резултати. Без разлика на тоа какви успеси или неуспеси ОБСЕ може да оствари, мирољупците насекаде можат да бидат сигурни дека вистинскиот мир и безбедност наскоро ќе бидат остварени ширум Земјата под владата на Божјето Царство (Псалм 71:1, 7, 8).
[Слика на страница 30]
Културниот центар Белем во Лисабон (Португалија), каде што се одржа конференцијата