ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • g99 8/5 стр. 9
  • Дали совршеното здравје е само сон?

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Дали совршеното здравје е само сон?
  • Разбудете се! 1999
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • Ослободување од болестите
  • Свет без болести!
    Разбудете се! 2007
  • Секој сака да е здрав!
    Разбудете се! 2007
  • Како ќе исчезнат инвалидностите
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2002
  • Прекрасниот нов свет создаден од Бог
    Дали Бог се грижи за нас?
Повеќе
Разбудете се! 1999
g99 8/5 стр. 9

Дали совршеното здравје е само сон?

ДАЛИ некогаш сте биле сериозно болни или сте се подложиле на сериозна операција? Ако да, веројатно сега уште повеќе го цените животот. Но, каква и да е Вашата физичка состојба, дали верувате дека е возможно да имате совршено здравје? Ова можеби изгледа нереално со оглед на распространетоста на таквите исцрпувачки болести како што се ракот или срцевите заболувања. Всушност, повеќето од нас се разболуваат одвреме навреме. Сепак, потполната благосостојба не е само сон.

Човекот бил создаден да ужива во одлично здравје, а не да се бори со болести и смрт. Затоа, за да им стави крај на болестите и смртта, Јехова ја обезбедил основата за совршено здравје и вечен живот преку откупната жртва на Христос Исус. „Бог толку го возљуби светот, што Го даде Својот Единороден Син, та секој што верува во Него, да не погине, но да има живот вечен“ (Јован 3:16). Оние кои ќе живеат вечно во Божјиот ветен нов свет нема да се борат со лошо здравје или старост. Тогаш, што ќе се случи со болестите?

Ослободување од болестите

Начинот на кој Исус Христос ги лечел болните ни дава пример. За таквите лечења било речено: „Слепи прогледуваат и сакати проодуваат; лепрозни се очистуваат и глуви прослушуваат, мртви воскреснуваат и на бедните им се проповеда Евангелието“ (Матеј 11:3—5). Да, сите болни кои му пристапиле на Исус ‚се излекувале‘ (Матеј 14:36). Како резултат на тоа, „народот се восхитуваше, гледајќи како неми зборуваат, фатени оздравуваат, хроми се движат и слепи прогледуваат и Го прославуваше Бога Израилев“ (Матеј 15:31).

Всушност, иако никој денес не може да извршува такви лекувања, можеме да бидеме уверени дека под Божјата влада човештвото ќе биде воздигнато до совршеност, излечено од сите душевни и физички болести. Божјето ветување е запишано во Откровение 21:3, 4: „Ете ја скинијата на Бога меѓу луѓето, и Он ќе живее со нив; тие ќе бидат Негов народ, а Сам Бог ќе биде со нив — нивни Бог. И ќе ја избрише Бог секоја солза од очите нивни, и смрт нема да има веќе; ни плач, ни пискот, ниту болка нема да има веќе, бидејќи поранешното помина“.

Замислете си еден свет во кој нема да има потреба од фармацевтска индустрија или болници, хирургија или терапија! Понатаму, во обновениот Рај, депресијата и душевните болести ќе бидат минато. Животот ќе биде вистинско уживање, а среќата — трајно чувство. Всушност, Божјата безгранична моќ ќе ги активира регенеративните процеси на телото, а користите од откупот ќе го отстранат негативното дејство на гревот. „Ниеден од жителите нема да каже: ‚болен сум‘“ (Исаија 33:24).

Колку само прекрасна надеж — да се ужива во совршено физичко и духовно здравје под Божјето Царство! Додека одржувате урамнотежен и здрав начин на живот сега, очекувајте ги благословите на Божјиот нов свет. Јехова нека ‚ја исполнува со блага Вашата желба, и како на орел нека ја обнови Вашата младост‘! (Псалм 102:5).

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели