ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • g99 8/7 стр. 12-14
  • Зошто не можам да имам сѐ што сакам?

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Зошто не можам да имам сѐ што сакам?
  • Разбудете се! 1999
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • Урамнотежено гледиште за материјалните работи
  • Кога нешто навистина ти е потребно
  • Научи да бидеш задоволен
  • Како да заработам пари?
    Младите прашуваат — делотворни одговори, том 2
  • Како да се контролирам кога трошам?
    Разбудете се! 2006
  • Како подобро да ги запознаам моите родители?
    Разбудете се! 2009
  • Што да правам кога моите родители се караат?
    Младите прашуваат — делотворни одговори, том 2
Повеќе
Разбудете се! 1999
g99 8/7 стр. 12-14

Младите прашуваат . . .

Зошто не можам да имам сѐ што сакам?

„Има некои работи кои се навистина убави и би сакал да ги имам, но моите родители не се во можност да ми ги купат“ (Мајк).

ИМА ли некои работи кои навистина ги сакаш, но не можеш да ги добиеш? Можеби многу сакаш да го имаш она ново радио, оние чевли што ги носат сите други врсници, или едноставно нови фармерки од некоја посебна марка. Некои од твоите врсници ги имаат ваквите работи — и гордо ги истакнуваат. Затоа, ако твоите родители ти рекле дека не се во можност да ти ги купат, можеби си разочаран.

Но, иако е нормално да сакаат извесни материјални работи, кај многу млади желбата да ги поседуваат се граничи со опсесија. Изгледа дека голем дел од ова е резултат на медиумската пропаганда. Вештите реклами од телевизијата, списанијата и радиото пренесуваат порака дека, ако не носите извесна облека или ако не употребувате производи од извесна марка, вие не сте постигнале ништо. Па, само во Соединетите Држави, тинејџерите трошат повеќе од 100 милијарди долари годишно!

Потоа, тука е и притисокот од врсниците. „Во сурово простиот свет на адолесцентите“, вели една статија во списанието Marketing Tools, „да Ве смета дека не сте ‚кул‘ социјалната група по која копнеете не значи само дека не сте ги достигнале мерилата, па дури и дека ќе бидете отфрлени — тоа е знак на Губитник.“ Кој е клучот да се биде „кул“? Во многу кругови, клучот е да се поседуваат најдобрите и најновите материјални работи. А што ако не можеш да си ги дозволиш? „Тоа е многу, многу тешко“, признава еден млад христијанин. „Одиш на училиште со облека која не е со одредена марка и сите те задеваат.“ Една друга младинка признава: „Понекогаш се чувствувам изоставена“.

Сличен притисок можеби чувствуваат младите кои живеат во земјите во развој, каде што луѓето по цел ден напорно работат само за да врзат крај со крај. Ако ова е случај и со твоето семејство, можеби сосема природно копнееш по подобар начин на живот. Ако си гледал ТВ емисии и филмови од побогатите земји, можеби си почнал да развиваш копнеж и за скапата облека, куќите и автомобилите кои се пропагираат во таквите емисии и филмови. Бидејќи тие работи можеби ти изгледаат безнадежно недостижни, може да се чувствуваш огорчен, па дури и депримиран.

Сеедно дали живееш во сиромашна или во богата земја, лутината или фрустрацијата поради тоа што не можеш да имаш некои работи може само да ти наштети. Тоа може да води и до постојани расправии со твоите родители. Прашањето е: Како да се справиш?

Урамнотежено гледиште за материјалните работи

Прво, мораш да сфатиш дека не е желба на Јехова Бог неговиот народ да живее во сиромаштија или да ги нема работите кои навистина му се потребни. Па, Бог не ги ставил Адам и Ева во депонија за ѓубре туку во една прекрасна градина полна со дрвја кои биле пожелни за очите (1. Мојсеева 2:9). Подоцна, некои Божји слуги, како што биле Авраам, Јов и Соломон, поседувале голем материјален имот (1. Мојсеева 13:2; Јов 1:3). Само Соломон имал толку многу злато што среброто ‚не се сметало за нешто‘ за време на неговото царување! (3. Царства 10:21, 23).

Но, општо земено, поголемиот дел од Јеховиниот народ бил со скромни средства. Самиот Исус Христос бил сиромашен; немал дури ни „каде глава да потслони“ (Матеј 8:20). Сепак, никогаш не си прочитал дека Исус се жалел дека не може да си го дозволи она што го сакал. Наместо тоа, тој поучувал: „Не грижете се и не говорете: што да јадеме, или што да пиеме, или во што да се облечеме? Зашто вашиот Отец небесен знае дека за сето ова имате потреба. Но барајте го најнапред царството на Бога и Неговата правда, и сѐ ова ќе ви се придаде“ (Матеј 6:31—33).

Тоа не значи дека Бог е обврзан да исполни нечиј копнеж за облека од врвни дизајнери или за електронска опрема. Бог ги задоволува нашите потреби — но не обавезно и нашите желби. Затоа Библијата нѐ поттикнува да бидеме задоволни само со „храна и облекло“ (1. Тимотеј 6:8). Но, мора да се признае дека не е лесно да се биде задоволен. „Водиш постојана борба помеѓу своите желби и своите потреби“, признава еден младинец по име Мајк. Освен нашите сопствени себични склоности, мораме да се бориме и против влијанието на Божјиот пранепријател, Сатана Ѓаволот (1. Јованово 5:19). А еден од неговите најстари трикови е да ги натера луѓето да имаат чувство дека пропуштаат нешто. На овој начин Ева била наведена да размислува дека нешто ѝ недостига — иако живеела во совршен рај! (1. Мојсеева 3:2—6).

Како можеш да избегнеш да паднеш во мамката на незадоволството? Можеби звучи како клише, но има многу причини зошто да размислуваш за своите благослови. Не запаѓај во негативни размислувања за она што го немаш. Размислувај позитивно и потсетувај се на она што сепак го поседуваш. (Спореди Филипјаните 4:8.) Мајк го изразува ова на следниов начин: „Има многу работи кои навистина ги сакам, но не размислувам за нив“.

Од помош е да се биде скептичен кон лукавите реклами кои ги искористуваат твоите емоцииa (Изреки 14:15). Пред да избрзаш со заклучокот дека ќе „умреш“ ако ги немаш тие нови патики или тој CD-плеер, обиди се смирено да анализираш. Запрашај се: ‚Дали навистина ми е потребно ова? Дали служи за некаква практична цел? Дали ми е доволно она што веќе го поседувам?‘ Посебно внимавај на рекламите кои унапредуваат престиж за она што се поседува. Отрезнувачки се зборовите на апостол Јован, кои се наоѓаат во 1. Јованово 2:16: „Сѐ што е во светот — похотта на телото, желбата на очите и гордоста на животот, не е од Отецот, туку од овој свет“.

Кога нешто навистина ти е потребно

Што ако има нешто што навистина ти е потребно? Пред да разговараш за тоа со своите родители, направи мала подготовка. Биди спремен да објасниш зошто ти треба тоа нешто, како планираш да го употребиш и зошто мислиш дека ќе ти користи. Можеби твоите родители ќе најдат начин да го вклучат во семејниот буџет. Но, што ако не можат, барем засега? Можеби немаш друг избор освен да бидеш стрплив (Проповедник 7:8). Ова се „времиња тешки“ и многу родители едноставно не можат да купат сѐ што ќе побараат нивните деца (2. Тимотеј 3:1). Ако избегнуваш да им поставуваш неразумни барања на своите родители, навистина ќе можеш малку да им ја олесниш и онака тешката работа.

Меѓутоа, можеби ти лично можеш да преземеш иницијатива. На пример, дали добиваш џепарлак? Тогаш, обиди се да научиш како внимателно да ги планираш своите пари за да можеш да заштедиш по малку секој месец. Можеби ќе можеш дури и да отвориш штедна сметка во некоја банка. (Спореди Лука 19:23.) Тоа го направила една млада девојка по има Абигајл. Таа вели: „Ги ставам парите на две различни купчиња — едното е за мојата банковна сметка, а другото е за трошење“. Ако си доволно возрасен, би можел дури и да се обидеш да се зафатиш со некоја работа или работно место со скратено работно време.b Во секој случај, ако твоите родители видат дека ти навистина сакаш да купиш нешто и дека совесно штедиш, можеби ќе бидат поттикнати и самите да покријат дел од трошокот, ако тоа воопшто е можно.

Некои промени во начинот на кој купуваш би можеле исто така да ти користат. На пример, ако некој производ е многу скап, би можел да се пазариш за пониска цена. Ако тоа не успее, почекај и види дали тој производ ќе биде на распродажба. Гледај и во други продавници за да видиш дали можеш да го најдеш истиот производ за пониска цена. Научи внимателно да ги испитуваш производите во поглед на квалитетот; понекогаш производите кои не се од некоја марка се одличен пазар.c

Научи да бидеш задоволен

Изреки 27:20 предупредува: „Пеколот и бездната не можат да се наситат: така се ненаситни и очите човечки“. Да, токму онака како што гробот има незаситен апетит, така и некои луѓе секогаш сакаат сѐ повеќе и повеќе — без оглед на тоа колку веќе имаат. Избегнувај го тој себичен правец на размислување. Долгорочно гледано, алчноста води само до фрустрација и несреќа. Младиот Џонатан забележува: „Ако твојата среќа секогаш се заснова на поседувањето работи, никогаш нема да бидеш среќен. Секогаш ќе има нешто ново што ќе го сакаш. Треба да научиш да бидеш среќен со она што го имаш“.

Ако си задоволен, ќе можеш да се справиш со притисокот од врсниците. Младиот Винсент вели: „Не значи дека, само поради тоа што ќе видам дека некој носи патики од позната марка, морам и јас да си купам такви“. Се разбира, од време на време можеби сѐ уште ќе те измачува тоа што нема да можеш да го имаш она што го сакаш. Но, никогаш не заборавај дека Јехова ги знае твоите потреби (Матеј 6:32). А во не толку далечна иднина, тој ќе ‚ја задоволи желбата на сѐ живо‘ (Псалм 145:16, NW).

[Фусноти]

a Видете ја серијата „Реклами — како влијаат врз Вас?“, која излезе во изданието на Разбудете се! од 8 декември 1998.

b Види ја статијата „Младите прашуваат . . . Како можам да заработам пари?“, во нашето издание од 8 декември 1998.

c За дополнителни корисни предлози, види ја статијата: „Младите прашуваат . . . Како можам да си ја подобрам гардеробата“, во нашето издание од 22 јануари 1995 (хрв.).

[Истакната мисла на страница 13]

„Одиш на училиште со облека која не е со одредена марка и сите те задеваат“

[Слика на страница 14]

Можеш да бидеш среќен без да имаш сѐ што сакаш

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели