ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • g99 8/7 стр. 15-17
  • Тежок пораз за Ксеркс

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Тежок пораз за Ксеркс
  • Разбудете се! 1999
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • Ксеркс — решителен освојувач
  • Термопил — скапо, тесно парче земја
  • Ефијалт, ноќен кошмар
  • Саламис — „дрвените ѕидови“ на дело
  • Тежок пораз
  • Битката на Платеа — една „мечка“ е поразена
    Разбудете се! 1999
  • Дали сте знаеле?
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2012
Разбудете се! 1999
g99 8/7 стр. 15-17

Тежок пораз за Ксеркс

ОД ДОПИСНИКОТ НА РАЗБУДЕТЕ СЕ! ВО ГРЦИЈА

БЕЗГРИЖНИОТ патник е заинтригиран од топлите извори и гејзери кои исфрлаат сулфурни гасови. Можеби ќе се изненади кога ќе дознае дека крајбрежната долина — на ова место наречена Термопил, што значи „Топли порти“ — некогаш била речиси непроодно парче земја. Но, можеби ќе биде уште позаинтригиран од сознанието дека овде, како и малку појужно, на островот Саламис, може да најде конкретни докази за извонредната точност на библиските пророштва.

Всушност, кога ќе се фрли поглед во минатото, како и во светло на исполнувањето, деталите на извесни пророштва од библиската книга Даниил, кои раскажуваат за овие предели, се едноставно вчудовидувачки. Тие даваат убедлив доказ дека Библијата е Божја реч. Во Даниил 11. поглавје наоѓаме еден впечатлив пример. На Даниил му била дадена пророчка информација во „првата година на Мидјанинот Дариј“, околу 538 пр. н. е. (Даниил 11:1). Но, исполнувањето на она што било откриено тогаш, се протегало во период од многу векови.

Во Даниил 11:2 е проречено за извесен персиски цар: „Еве, уште тројца цареви ќе се издигнат во Персија; потоа четвртиот ќе ги надмине сите со големо богатство, и кога ќе го намножи богатството свое, ќе ги крене сите против грчкото царство“.

Во редоследот од Кир II, Камбис II и Дариј I, ‚четвртиот цар‘ кој следел бил Ксеркс I, кој изгледа дека е Артаксеркс кој се спомнува во библиската книга Естира. Дали тој навистина ‚ги кренал сите против грчкото царство‘, и каков бил исходот од тоа?

Ксеркс — решителен освојувач

Ксеркс морал да се справи со последиците од поразот кај Маратон на војските на неговиот татко, Дариј.a Значи, Ксеркс ги поминал првите години од своето владеење задушувајќи бунтови во империјата и стекнувајќи „големо богатство“.

Меѓутоа, во мислите на Ксеркс се вртело освојувањето на Грција, на кое бил поттикнат од своите амбициозни дворјани. Затоа, почнувајќи од 484 пр. н. е., од сите сатрапии и држави кои биле под персиска контрола, за три години собрал една од, како што се вели, најголемите војски кои некогаш марширале по лицето на Земјата. Според грчкиот историчар Херодот, вкупната сила на копнените и на поморските сили на Ксеркс била неверојатни 2.317.610 војници.b

Во меѓувреме, Грците почнале да се подготвуваат на свој начин. Иако биле морепловци, им недостигала поморска сила. Но сега, како одговор на заканата од персиски напад и на пророчиштето од Делфи кое ги советувало да се бранат со „дрвени ѕидови“, Атина почнала да создава воена морнарица.

Рудниците во Лауриум, кои биле сопственост на државата, биле богато наоѓалиште на сребро, а Темистокле, истакнат атински политичар, го убедил собранието да го искористи целиот профит за да формира флота од 200 триреми. После почетната неодлучност, Спарта предводела во создавањето на Елинистичката лига, составена од околу 30 грчки градови-држави.

Во меѓувреме, Ксеркс почнал да ја преселува својата агресорска деструктивна сила во Европа — што воопшто не било лесна работа. Требало да се набави храна од градовите долж патот, со трошок од 400 таленти злато на ден за само еден оброк на целата војска. Неколку месеци пред тоа, однапред биле испратени гласници за да подготват жито, стока и живина за царската трпеза. Само Ксеркс имал шатор; останатиот дел од војската спиел под ведро небо.

Големата војска најнапред требало да го премине Хелеспонт (сега наречен Дарданели), тесен премин кој ги одвојува Азија и Европа. Откако два бродски моста се срушиле за време на една бура, Ксеркс — разбеснет и гневен — наредил водите на Хелеспонт да се камшикуваат со 300 удари, да се жигосаат со железо и да се стават во пранги. Исто така, наредил да им се отсечат главите на инженерите. Кога преку Хелеспонт бил изграден втор пар мостови, на војската ѝ требала цела седмица за да помине.

Термопил — скапо, тесно парче земја

Некаде во средината на 480 пр. н. е., царската персиска војска, придружена од флотата, стигнала на брегот на Тесалија. Грчките здружени сили конечно одлучиле да застанат во Термопил, тесно парче земја каде што во тоа време планините од копното стрмно се спуштале до 15 метри на брегот.c

Персијците ќе морале да го преминат ова парче во една толку тесна колона што група оддадени војници би можеле да ги запрат. Напредна сила од 7.000 Грци под водство на спартанскиот цар Леонида, зазела позиција во протоците во близина на Термопил. Во меѓувреме, грчката морнарица составена од 270 воени бродови, била оддалечена од брегот во Артемисиум, играјќи си мачка и глувче со персиската флота.

Ксеркс стигнал во Термопил на почетокот на август, уверен дека неговите огромни сили ќе ги поразат Грците. Кога Грците не попуштале, тој ги испратил Медијците и Сисијците да ги исфрлат; но овие сили доживеале големи загуби, а „Бесмртните“ (вешта борбена трупа), кои Ксеркс ги испратил под водство на сатрапот Хидарнес, не поминале ништо подобро.

Ефијалт, ноќен кошмар

Токму тогаш кога изгледало дека Персијците се надитрени, Ефијалт (грчки назив за „ноќен кошмар“), алчен фармер од Тесалија, се понудил да ги води низ ридовите, од задната страна на грчките сили. Следното утро, Персијците се приближиле за да ги нападнат Грците од зад грб. Спартанците, сфаќајќи дека се осудени на пропаст, жестоко се бранеле; голем број од нивните напаѓачи, со силата на камшикот биле поразени до смрт или, пак, втерани во морето. На крајот, царот Леонида и сите оние кои биле со него, околу 1.000 мажи, биле убиени. Хидарнес стигнал до најоддалечениот дел на Спарта.

Персиската војска, заедно со остатоците од персиската флота, ги изгонила дома Атинјаните. Ксеркс зачекорил на Атика, ограбувајќи и палејќи додека навлегувал. Атинјаните се иселиле на блискиот остров Саламис. Грчката флота останала помеѓу Атина и Саламис. За две недели паднал атинскиот Акропол. Сите бранители биле убиени, а светилиштата биле срушени, запалени и опљачкани.

Саламис — „дрвените ѕидови“ на дело

Грчките воени бродови веќе се имале сретнато со персиската флота во неколку жестоки но нерешени борби во близината на Термопил. Потоа, отстапувајќи кон копното, грчката флота се повлекла на југ. Потоа, повторно се собрала во заливот Саламис, каде што Темистокле почнал да разработува план за борба.

Тој знаел дека 300-те феникиски воени бродови кои го сочинувале јадрото на персиската морнарица биле поголеми, но полесни за маневрирање отколку помалите, поцврсти грчки триреми. Персиската флота броела околу 1.200 бродови, во споредба со 380 од грчките сили. Освен тоа, грчките морнари не биле толку искусни како морнарите на персиските воени бродови. Но, каналот помеѓу Саламис и брегот на Атика бил тесен, доволно широк само 50 бродови да одат еден покрај друг. Доколку Грците би можеле да ги привлечат Персијците во оваа природна инка, тогаш Персијците би ја изгубиле предноста во поглед на бројот и можноста за маневрирање. Наводно, Темистокле ја забрзал битката со тоа што му испратил лажна порака на Ксеркс, која му кажувала да нападне пред грчката флота да има прилика да избега.

Тоа и се случило. Персиската флота, со сите воени бродови во целосен борбен строј со своите редови веслачи и нејзината борбена сила од стрелци со копје и стрелци со лак, го обиколила врвот на Атика и запловила кон каналот. Ксеркс, сигурен во победата, го сместил својот престол на една планина од каде што можел удобно да ја гледа борбата.

Тежок пораз

Завладеала голема збрка кога Персијците се насобрале во тесниот премин. Одеднаш, една труба одекнала од височините на островот Саламис, и грчките бродови запловиле напред во подредени строеви. Триремите удриле во персиските бродови, кршејќи ги нивните бродски трупови и терајќи ги еден во друг. Грчките војници прескокнувале на поразените непријателски бродови, вкрстувајќи ги мачевите.

На песоците на бреговите на Атика биле расфрлани растурени греди и осакатени тела. Како резултат на оваа катастрофа, Ксеркс ги собрал преостанатите бродови и тргнал дома. Неговата кампања за таа година завршила. Но, тој оставил таму да презимува прилично голема војска под команда на неговиот зет Мардониј.

За трудољубивите студенти на Библијата, поразот на Саламис бил еден показател, долго време однапред, за конечната превласт на грчкиот „козел“ од пророштвото на Даниил врз ‚овенот со два рога‘ на Медо-Персија (Даниил 8:5—8). Што е уште поважно, библиското пророштво ги уверува Божјите слуги дека залудната човечка борба за превласт конечно ќе заврши со владетелството на царот Исус Христос (Исаија 9:6; Даниил 2:44).

[Фусноти]

a За натамошни детали, видете „Маратонската битка — понижување на една светска сила“, во изданието на Разбудете се! од 8 август 1995 (срп.).

b Како што е случај со многу древни битки, цифрите за бројот на персиската армија се спорни. Историчарот Вил Дјурант наведува една цифра која е блиску до проценката на Херодот, додека други прирачници се одлучуваат за бројки кои варираат од 250.000 до 400.000 луѓе.

c Алувијалните талози го измениле крајбрежјето, така што денес тоа е една пространа, мочурлива низина која е широка 2,4 до 4,8 километри.

[Рамка/слика на страница 15]

Триремата — смртоносен брод

Силата зад поморската доминација на Атинјаните на Егејот во петтиот век пр. н. е. била триремата, тенок кораб кој се движел на едро до својата дестинација, но за време на поморските битки се движел со помош на весла. Секоја трирема носела мала група војници. Но, нивната цел не била толку да се искачат на непријателски бродови колку да ги онеспособат со металниот врв на клунот на триремата, која ја движеле 170 веслачи.

[Извор на слика]

Hellenic Maritime Museum/ Фотографија: П. Столис

[Карта на страница 16]

(Види во публикацијата)

БОРБЕНИТЕ СИЛИ НА КСЕРКС

ХЕЛЕСПОНТ

ТЕСАЛИЈА

АРТЕМИСИУМ

ТЕРМОПИЛ

АТИКА

АТИНА

МАРАТОН

ЛАУРИУМ

САЛАМИС

СПАРТА

[Извор на слика]

Mountain High Maps® Copyright © 1997 Digital Wisdom, Inc.

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели