ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • g05 8/12 стр. 26-27
  • Дали е погрешно да се биде амбициозен?

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Дали е погрешно да се биде амбициозен?
  • Разбудете се! 2005
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • Дали Авраам бил амбициозен?
  • Поинакво гледиште за положбата, славата и моќта
  • Понизноста возвишува
  • Вистинските христијани не се амбициозни
  • Кој бил Авраам?
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2012
  • Јехова го нарекол свој пријател
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство (за проучување) 2016
  • ‚Целата обврска за човекот‘
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1997
  • Авраам — пример на љубов
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2012
Повеќе
Разбудете се! 2005
g05 8/12 стр. 26-27

Гледиште на Библијата

Дали е погрешно да се биде амбициозен?

„ШТО има толку лошо во тоа човек да биде славен, богат и моќен?“ Ова прашање беше поставено во еден извештај од едно религиозно здружение под насловот „Етички дилеми“. Извештајот се осврнува на зборовите што Бог му ги упатил на Авраам: „Ќе направам голем народ од тебе, ќе те благословам, ќе го прославам твоето име“ (Битие 12:2).

Иако во извештајот се вели дека „амбицијата не треба да биде на штета на другите“, во него се цитира еден познат рабин од првиот век кој рекол: „Ако јас не си мислам за себе, кој друг ќе мисли?“, и потоа извештајот завршува: „Ако сами не направиме нешто за да го искористиме својот потенцијал, никој друг нема да го направи тоа“. Дали амбицијата ги става меѓу два огна оние што сакаат да му служат на Бог? Што значи тоа да го искористиме својот потенцијал? Дали е погрешно да се биде амбициозен? Кое е гледиштето на Библијата?

Дали Авраам бил амбициозен?

Во Библијата, за Авраам се зборува како за човек со истакната вера (Евреите 11:8, 17). Со тоа што му ветил дека од него ќе направи голем народ и дека ќе му го прослави името, Бог не го поттикнал Авраам да биде амбициозен. Тој ја кажал својата намера да го благослови човештвото преку Авраам, намера што е далеку поважна од човечките амбиции (Галатите 3:14).

Сакајќи да му служи на Бог, во Ур Авраам оставил прилично удобен, богат живот (Битие 11:31). Подоцна, за да има мир, Авраам доброволно се одрекол од моќта и авторитетот кога на својот внук Лот му го понудил најубавиот дел од земјата во која требало да се населат (Битие 13:8, 9). Ништо во библискиот извештај не го прикажува Авраам како амбициозен човек. Напротив, токму поради неговата вера, послушност и понизност Бог го сакал како вистински ,пријател‘ (Исаија 41:8, ПСП).

Поинакво гледиште за положбата, славата и моќта

Амбицијата се дефинира како „горлива желба за положба, слава или моќ“. Во древни времиња цар Соломон бил на положба, имал слава и моќ, а имал и големо богатство (Проповедник 2:3-9). Но, интересно е тоа што во почетокот немал горлива желба за тоа. Кога го наследил престолот, Бог му рекол да побара од него сѐ што сака. Соломон понизно побарал послушно срце и проникловост кои му биле потребни за да владее со Божјиот избран народ (1. Цареви 3:5-9). Подоцна, откако ги опишал сето богатство и моќ што ги стекнал, рекол дека „сѐ е суета и гониветер“ (Проповедник 2:11).

Дали Соломон рекол нешто во врска со тоа луѓето да го искористат својот потенцијал? На некој начин, да. Откако размислил за сѐ што му се случувало во животот, дошол до заклучокот: „Бој се од Бога, исполнувај ги Неговите заповеди, зашто во тоа е сѐ за човекот“ (Проповедник 12:13). Луѓето не го искористуваат својот потенцијал со тоа што ќе се искачат на некоја положба, или со тоа што ќе стекнат богатство, слава или моќ, туку со тоа што ќе ја исполнуваат Божјата волја.

Понизноста возвишува

Точно е дека нема ништо погрешно во тоа да се сакаш себеси во разумна мера. Библијата ни заповеда да го сакаме ближниот како што се сакаме себеси (Матеј 22:39). Нормално е да посакуваме удобност и среќа. Но, Библијата нѐ охрабрува и да работиме напорно, да бидеме понизни и скромни (Пословици 15:33; Проповедник 3:13; Михеј 6:8). Честопати, луѓето кои се чесни, во кои можеш да имаш доверба и кои напорно работат не остануваат незабележани, наоѓаат добра работа и ја стекнуваат почитта на другите. Сигурно дека таквиот живот е подобар отколку да газиме преку другите за да дојдеме до добивка или да се натпреваруваме со нив за да се искачиме на некоја положба.

Исус ги предупредил оние што го слушале да не си ги бираат за себе најистакнатите места на некоја свадбена гозба. Ги посоветувал да го заземат најниското место и да остават домаќинот да одлучи дали ќе ги замоли да одат на поистакнато место. Јасно истакнувајќи го начелото, Исус рекол: „Секој кој се возвишува ќе биде понижен, а кој се понизува ќе биде возвишен“ (Лука 14:7-11).

Вистинските христијани не се амбициозни

Библијата покажува дека вообразената амбиција е поврзана со човечката несовршеност (Јаков 4:5, 6). Едно време и апостол Јован бил амбициозен. Толку горливо посакувал повисока положба што заедно со брат му, дрско побарале од Исус да ги постави на истакнато место во Царството (Марко 10:37). Но, подоцна, Јован си го сменил ставот. Всушност, во своето трето писмо, упатил остра критика до Диотреф кој, како што вели тој, „сака да го има првото место“ (3. Јованово 9, 10). Денес христијаните искрено ги следат зборовите на Исус и се понизуваат, а во исто време го следат и примерот на остарениот апостол Јован, кој научил да ја совлада склоноста кон амбиција.

Меѓутоа, реално гледано, мораме да кажеме дека тоа што некој има талент, способности, прави добри дела и напорно работи самото по себе не е гаранција дека ќе добие признание. Понекогаш, другите го наградуваат, а понекогаш не (Пословици 22:29; Проповедник 10:7). Понекогаш, можеби некој што има помали квалификации ќе биде поставен на раководна положба, додека некој што е поспособен ќе остане без признание. Во овој неправеден свет, не мора да значи дека оние што доаѓаат на положба и што стекнуваат моќ се и најквалификувани.

За вистинските христијани амбицијата не претставува етичка дилема. Нивната совест, која е изострена со проучување на Библијата, им помага да ја потиснат амбицијата. Тие едноставно со сите сили се трудат да дадат сѐ од себе во сѐ што прават за да му донесат слава на Бог и ги оставаат работите во негови раце (1. Коринќаните 10:31). Христијаните се трудат да го искористат својот потенцијал така што се бојат од Бог и ги исполнуваат неговите заповеди.

[Слика на страници 26 и 27]

Дали Бог го поттикнал Авраам да биде амбициозен?

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели