ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • g05 8/12 стр. 28-30
  • Одлучен и покрај болеста

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Одлучен и покрај болеста
  • Разбудете се! 2005
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • Барам одговори
  • Конечно духовна утеха
  • Излегуваат пречки
  • Други проблеми
  • Напори за да одам на еден собир
  • Одлучноста
  • донесе благослови
  • Библијата менува животи
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2011
  • Среќна што можам да направам повеќе
    Разбудете се! 2005
  • Ќе ‚скокам како елен‘
    Разбудете се! 2006
  • Сега можам да им помагам на другите
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2015
Повеќе
Разбудете се! 2005
g05 8/12 стр. 28-30

Одлучен и покрај болеста

Раскажал Куаме Нгесан

Јас и мојот придружник се мачевме да го истуркаме велосипедот угоре по уште еден рид. Беше ноември 2002 година, а во Брегот на Слоновата Коска (Африка) беснееше граѓанска војна. Затоа, по пустите патишта демнеа многу опасности. Во далечината пред нас се наѕираше уште еден воен контролен пункт. Зошто бев на такво опасно патување во тоа време на војна?

РОДЕН сум во 1978 година со болест што постепено се влошуваше. Почна со пречки во слухот и сѐ поголема слабост и болка во нозете. Кога пораснав, семејството ме потценуваше велејќи дека имам ‚бескорисни нозе и уши зачепени од ѓубре‘. Постарите ме гледаа од високо, а децата викаа по мене дека сум сакат и дека имам испокршени стапала.

Тргнав на училиште на осум години и веднаш им станав мета на потсмев и на учениците и на наставниците. Честопати посакував да пропаднам в земја. Кога ќе почувствуваа дека сум преплашен, луѓето почнуваа да ме задеваат. Излегував од дома само за на училиште.

Се прашував зошто ја имам таа болест? Мајка ми ми рече дека сум болен затоа што некој ми фрлил клетва. Понекогаш ќе видев и други со слични болести и се чудев дали и тие се жртви на вражање.

Во 1992 година почнаа силни болки во лактовите. Откако болката ќе попуштеше, не можев да си ги исправам рацете. Две години подоцна, го изгубив видот на левото око. Родителите ме однесоа кај голем број таканаречени исцелители, но попусто. Поради сѐ полошото здравје морав да го напуштам училиштето.

Барам одговори

Еден школски другар, кој беше побожен, ме викна да одам в црква со него. Јас бев воспитан како анимист; но една година одев на богослужба в црква.a Таму не научив многу за Библијата, па затоа почнав да се прашувам дали воопшто има некакво фајде од организираната религија.

Некои црковни доктрини ме исплашија, особено доктрината за пеколен оган. Не сметав дека сум толку лош за да заслужам вечно мачење. Сепак, во исто време, не сметав ни дека сум доволно добар за да добијам вечна среќа на небото. Бидејќи не најдов задоволителни одговори на моите прашања, престанав да се интересирам за религијата.

Следната година бев поканет да одам на еден собир во Абиџан, главниот град на Брегот на Слоновата Коска, кој беше оддалечен отприлика 150 километри од нашето мало гратче Вавуа. Таму требаше да се случат разни исцелувања. Пред да заминеме, им кажав на одговорните од црквата дека немам доволно пари за влезница ниту, пак, за храна. Тие ми оставија впечаток дека во Абиџан ќе се грижат за мене, но излезе сосем поинаку. Иако бев опкружен со огромна толпа од околу 40.000 до 50.000 луѓе, се чувствував сам и депримиран. Никому не му беше гајле за мене.

Се вратив во Вавуа исто толку болен како и пред тоа, но сега бев плус и разочаран. Тамошните црковни водачи ми рекоа дека Бог не ме излечил зашто сум немал доволно вера. По тоа, ги прекинав сите врски со религијата.

Конечно духовна утеха

Во 1996 година, еден Јеховин сведок го посети моето семејство. Никогаш пред тоа немав разговарано со Сведоците, но го слушав живиот разговор меѓу мојот постар брат и гостинот. Брат ми не беше заинтересиран, но јас бев. Секој збор што го кажа Сведокот ме допре до срце.

Сведокот објасни дека луѓето се заразени од гревот како последица од непослушноста на првиот човек. Таа побуна им донела несовршенство и смрт на сите луѓе. Но, Исус го дал својот живот како жртва за да ни бидат простени гревовите и да можеме да имаме вечен живот (Римјаните 3:23; 5:12, 17-19). Освен тоа, Сведокот покажа од Библијата дека наскоро Јехова Бог, со помош на своето Царство, ќе ја преобрази Земјата во рај и ќе ги избрише гревот и тешките последици од него (Исаија 33:24; Даниел 2:44; Откровение 21:3, 4).

Логичноста на библиските учења длабоко влијаеше врз мене. Се договоривме со Сведокот, кој подоцна дознав дека се вика Роберт, да ме поучува за Библијата двапати седмично. За неколку месеци, наоружан со знаењето од Библијата, ги исполнував условите да ги придружувам Сведоците во нивната служба од врата до врата. Тоа не беше лесно за мене, зашто морав да го надминам стравот да бидам меѓу луѓе.

Излегуваат пречки

На моето семејство не му беше мило што ја проучувам Библијата. За да ме нервира, во текот на ноќта мојот постар брат пушеше во мојата соба. Наутро имав главоболка и не се чувствував добро. Друг проблем беше храната што ја јадевме. Татко ми беше страстен ловџија, а основно нешто во нашата исхрана беше месото што тој го носеше. Му објаснив дека Библијата забранува да се јаде месо од неискрвавени животни (Дела 15:28, 29). И покрај тоа, тој не сакаше да ги искрвавува животните. Мајка ми понекогаш ќе ми дадеше само ориз, но честопати не добивав храна.

Иако Салата на Царството во Вавуа беше на другиот крај на градот, ниеднаш не дозволив далечината или лошото време да ме спречат да одам на состанок. Се крстив во септември 1997 година на Обласниот конгрес „Вера во Божјата реч“ кој се одржа на Брегот на Слоновата Коска. Постепено, сѐ повеќе одев во служба и ги исполнив условите да бидам пионер, како што се викаат полновремените проповедници кај Јеховините сведоци.

Други проблеми

Во септември 2002 година, политичките немири кулминираа во граѓанска војна. За само неколку седмици, војската се приближи до Вавуа. Стравувајќи за својот живот, некои луѓе, меѓу кои и повеќето Јеховини сведоци, избегаа. Пет дена откако си заминаа, војската го презеде градот и веднаш ги забрани сите општествени дејности. По тоа, повеќето жители на Вавуа си заминаа, вклучувајќи ги и останатите Сведоци.

Бидејќи немаше јавен превоз, за да стигнат до соседните градови, луѓето мораа да пешачат со километри. Јас не можев да пропешачам толкава далечина, па така бев единствениот Сведок што остана во Вавуа. Продолжив да проповедам и да им одржувам собраниски состаноци на оние неколкумина кои доаѓаа од мештаните.

Напори за да одам на еден собир

Во ноември, во градот Далоа беше планирано да се одржи ден на специјален собир на Јеховините сведоци. Му се молев на Јехова и му ја кажав мојата желба да одам на тој собир. Неочекувано се врати еден Сведок кој претходно си замина од градот. Го замолив да ме земе со себе на својот велосипед до местото каде што се одржуваше собирот, кое беше оддалечено околу 50 километри. Тој веднаш се согласи, иако и самиот беше сериозно болен.

Ситуацијата беше многу напната, па не беше баш идеално време за такво патување. Беше забрането да патуваат возила од Вавуа до Далоа. Еден непознат патник можеше да биде сметан за сомнителен и убиен од некој војник од едната од спротивставените страни. Сепак, саботата наутро, на 9 ноември 2002 година, како што опишав во почетокот, тргнавме од Вавуа со велосипедот и се упативме кон Далоа.

Набрзо стигнавме до првиот од многуте контролни пунктови. Детално нѐ претресоа и потоа ни дозволија да продолжиме. Патувањето беше долго и заморно. Пешки ќе се искачевме по ридот, а кога ќе стигневме на врвот, и двајцата ќе седневеме на велосипедот и ќе се спуштевме надолу.

Подоцна, еден друг човек што патуваше со велосипед се понуди да ни помогне. Јас седев на малиот багажник на неговиот велосипед. Додека овој великодушен непознат човек возеше, јас ја искористив приликата да му зборувам за Божејето Царство. Му објаснив дека Божјата влада е небесна и дека наскоро ќе донесе траен мир на Земјата. Беше воодушевен од она што му го кажував и ме опсипа со еден куп прашања. Кога стигнавме во Далоа, ни купи храна и ни вети дека ќе дојде на собирот следниот ден.

Во Далоа стигнавме доцна вечерта, уморни но среќни што стигнавме до нашето одредиште. Деветчасовното патување не беше лесно. Едно тамошно семејство Сведоци срдечно нѐ пречекаа и ни предложија да останеме кај нив додека политичката клима не се смири малку. За жал, собирот мораше да биде одложен поради политичките немири. Меѓутоа, патувањето не беше за џабе. Добив нови задачи со кои можам да им служам на сохристијаните во Далоа.

Одлучноста

донесе благослови

Сега сум зафатен како слуга помошник и општ пионер во собранието во Далоа. Исто така, помагам во одржувањето на Собирната сала на Јеховините сведоци во Далоа. За да се грижам за своите материјални потреби, изработувам и продавам дрвени украси во форма на пеперутки, а цртам и знаци.

Долги години излегував од дома само за да одам на училиште, но оттогаш имам поминато многу километри барајќи ги оние што се жедни да ја дознаат вистината зошто има болести и страдање. Додека чекам Божјето Царство да им стави крај на сите болести, продолжувам да им ја кажувам на луѓето од Брегот на Слоновата Коска добрата вест за Божјите намери.

[Фуснота]

a Анимизмот опфаќа верување дека животните, растенијата и другите предмети во природата се свесни за она што се случува околу нив.

[Слика на страница 30]

На пат за Далоа за да присуствувам на собирот

[Слика на страница 30]

Помагам околу грижата за нашата Собирна Сала во Далоа

[Слика на страница 30]

За да се издржувам, изработувам и продавам дрвени украси во форма на пеперутки

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели