ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • g 7/08 стр. 4-5
  • Што може да доведе до проблеми?

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Што може да доведе до проблеми?
  • Разбудете се! 2008
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • Стресни времиња
  • Нереалистични очекувања
  • Лоша комуникација
  • Бракот може да биде успешен во денешниов свет
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2005
  • Како да имаш среќен брак
    Разбудете се! 2008
  • Може ли бракот да ги издржи бурите?
    Разбудете се! 2006
  • „Бракот нека биде чесен“
    Зачувај ја Божјата љубов
Повеќе
Разбудете се! 2008
g 7/08 стр. 4-5

Што може да доведе до проблеми?

НЕРЕАЛИСТИЧНО е да се очекува дека во бракот сѐ ќе оди како подмачкано. Дури и брачните партнери што си одговараат, не се согласуваат во сѐ. Тоа значи дека, кога-тогаш, мора да дојде до некакви проблеми. Многу фактори можат да го поткопаат бракот исто како што ’рѓата може да го нагриза металот под бојата. За да видиме што да сториме за да имаме подобар брак, најнапред да разгледаме што би можело да доведе до проблеми.

Стресни времиња

Библијата претскажала дека многу луѓе во нашево време ќе бидат „себељубиви, алчни за пари, вообразени, надуени,.. неблагодарни, нелојални, бесчувствителни кон другите, неспремни за каков и да било договор, клеветници, без самосовладување, сурови, без љубов кон добротата, предавници, своеглави, горди“ (2. Тимотеј 3:2-4). Поради ваквите особини уште полесно е да дојде до несогласувања, недоразбирања и непромислени зборови, кои толку лесно можат да им излетаат на несовршените луѓе.

„Во денешно време брачните двојки се збунети“, коментира еден истражувач. „Од една страна,.. преплавени сме со бескрајно многу информации за тоа како да го зацврстиме бракот... Но, од друга страна, има многу општествено-економски фактори што ни отежнуваат да имаме добри бракови“.

Нереалистични очекувања

„Нереалистичните очекувања се една од главните причини зошто некои се незадоволни од својот брак“, објаснува една брачна советничка. Многу венчани лица се разочаруваат кога ќе откријат дека нивната претстава за бракот и за нивниот брачен другар е сосема поинаква од реалноста — дека партнерот има недостатоци за кои не биле свесни или за кои мислеле дека не се толку сериозни.

Меѓутоа, Библијата без никакви заобиколувања ни кажува дека бракот може да биде извор на „неволји“ (1. Коринќаните 7:28). Зошто? Една причина е тоа што, во односот меѓу двајца несовршени луѓе, нивните недостатоци порано или подоцна ќе испливаат на површина.

Освен тоа, многу луѓе нереалистично очекуваат од бракот да добијат повеќе отколку што ќе вложат. Заслепени од романтичната претстава за брачна среќа, тие не гледаат колкава одговорност и колкав напор е потребен за да се изгради среќен брак. Кога ќе се соочат со реалноста, најверојатно горко ќе се разочараат и ќе се збунат. Честопати, колку понереалистични биле нивните очекувања, толку повеќе се разочарале.

Лоша комуникација

Кои пропусти во однос на комуникацијата треба да се избегнуваат за да се изгради поцврста брачна врска? Некои брачни партнери не се сослушуваат и не ги изразуваат своите вистински чувства, иако можеби редовно разговараат. Наместо срдечни и љубезни разговори, тие водат кратки дијалози со кои се одржува само основна комуникација. Не доаѓа ред смисловно и отворено да разговараат бидејќи постојано се расправаат за сѐ и сешто. Недоразбирањата водат до кавги, а чест одговор на вербалните напади е студениот молк.

За жал, многу венчани лица не ги забележуваат убавите постапки на брачниот другар или, пак, ги забележуваат, ама не ги пофалуваат. Згора на тоа, во денешно време станува сѐ повообичаено и жените да одат на работа. Сепак, од многу мажени жени се очекува и понатаму да го вршат поголемиот дел од домашните обврски, што ги прави уште понервозни. Освен тоа, многу сопруги се чувствуваат запоставени во емоционален поглед.

Како можеш ти лично да придонесеш твојот брак да биде успешен? Разгледај ги следниве практични совети што ги дава Библијата.

[Истакната мисла на страница 4]

Некои брачни партнери не се сослушуваат и не ги изразуваат своите вистински чувства, иако можеби редовно разговараат

[Истакната мисла на страница 5]

Многу луѓе очекуваат од бракот да добијат повеќе отколку што ќе вложат

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели