ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • g 7/08 стр. 10-11
  • Зошто да се чуваме од спиритизмот

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Зошто да се чуваме од спиритизмот
  • Разбудете се! 2008
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • До што води спиритизмот
  • Како да се заштитиме
  • Спротивстави им се на злите духовни сили
    Спознание кое води до вечен живот
  • Јехова ќе ти помогне да им се спротивставиш на злите духови
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство (за проучување) 2019
  • Зошто толкав интерес за спиритизмот?
    Разбудете се! 2000
  • Зошто да се избегнува спиритизмот
    Разбудете се! 2000
Повеќе
Разбудете се! 2008
g 7/08 стр. 10-11

Што вели Библијата

Зошто да се чуваме од спиритизмот

ВО ЕДНА азиска земја, разуздано мноштво слави празник во чест на мртвите. Овој настан достигнува кулминација кога две жени се избрани за да бидат опседнати од духови. Тие почнуваат да ги превртуваат очите, а потоа се тресат како да ги фатила струја.

Во Порторико, еден повикувач на духови (санте́ро) се обидува да го повика Чанго, богот на молњата. Овој спиритист опишува некакви виденија, а сите во собата почнуваат да се тресат како да се опседнати од духови.

Во многу земји е вообичаено луѓето да се занимаваат со окултизам. Верувањето во натприродни сили станува многу популарно, и луѓето многу се интересираат за вакви теми. Како никогаш досега, има книги, игри, телевизиски емисии и филмови во кои се зборува за демони, вражање и натприродни појави.

Меѓутоа, од Библијата учиме дека секаков допир со окултни, мистични работи е, всушност, спиритизам. Но, спиритизмот крие многу опасности и не е ниту наивна забава ниту некакво истражување на непознатото. Спиритизмот е контактирање со демоните — злобни ангели што се побуниле против Бог (Откровение 12:9, 12).

Демоните се служат со спиритизмот исто како што рибарите се служат со мамки. За секој вид риба, тие користат посебна мамка. И злобните духови користат различни облици на спиритизам за да држат под контрола најразлични луѓе. Водачот на демоните е опишан како ‚бог на овој [злобен] свет‘ кој успешно ги заслепува неверничките умови за да не ја запознаат вистината од Речта и намерата на Бог (2. Коринќаните 4:4).

До што води спиритизмот

Злобните духовни суштества имаат една единствена цел — да нѐ спречат да го запознаеме нашиот Творец. Тие се трудат да ги натераат луѓето намерно или ненамерно да ги занемаруваат Божјите праведни барања. Според тоа, спиритизмот води до Божје негодување, до безнадежност и, на крајот, до уништување (Откровение 21:8).

Луис, кој по потекло е од Порторико, вели: „Моите се занимаваа со спиритизам уште кога бев дете. Тоа беше составен дел од нашата семејна религија и наш начин на живот. Си мислев дека способноста да ја претскажувам иднината и да гледам на тарот карти ми е природна дарба. Честопати можев да ја предвидам добитната комбинација на лото и да им помогнам на некои да добијат пари. Но, ваквата ‚дарба‘ само ме спречуваше подобро да ја запознаам Библијата и да станам близок пријател со Бог“ (Јован 17:3).

Многумина мислат дека комуницирањето со духовниот свет не е опасно, туку дека, напротив, е добро. Тие веруваат во добри духови или мислат дека спиритизмот може да ги просвети, да ги збогати или да ги усреќи. Меѓутоа, ова е една голема заблуда. „Сето тоа скапо се плаќа“, вели Луис.

На младиот Чад почнале да му се јавуваат страшни привиденија и секоја ноќ се будел од сон. „Демоните почнаа да ме напаѓаат и да ме мачат секоја вечер“, вели тој. Што ќе ни помогне да не станеме жртва на такви напади?

Како да се заштитиме

За да се заштитиме, не треба да имаме никаква врска со ништо што е поврзано со спиритизмот (Галатите 5:19-21). Затоа, Јехова Бог им кажува на своите слуги што да избегнуваат. Тој вели: „Кај тебе нека не се најде никој... што гата, ни некој што се занимава со магија, ни некој што пророкува според предзнаци, ни маѓепсник, ни некој што фрла уроци, ни некој што повикува духови, ни некој што ја претскажува иднината, ни некој што ги прашува мртвите. Зашто, секој што прави такво нешто му е одвратен на Јехова“ (5. Мојсеева 18:10-12).

Многумина ги послушале овие зборови, се ослободиле од сите спиритистички книги и предмети, и така биле заштитени. Кен вели: „Пребарував низ моите работи и уништив сѐ што ми беше сомнително“. (Прочитај во Дела 19:19, 20.)

Најголема заштита е да го запознаеме вистинскиот Бог, Јехова. Забележи кои чекори треба да ги преземеме, според она што е запишано во Јаков 4:7, 8: „Затоа, подложете му се на Бог, а спротивставете му се на Ѓаволот, и тој ќе побегне од вас! Приближете му се на Бог, и тој ќе ви се приближи вам! Исчистете ги рацете, грешници, и прочистете ги срцата, неодлучни!“

Јехова Бог ги поучува и ги штити оние што ќе му се приближат. Ним ‚намерите на Сатана не им се непознати‘, ниту, пак, дозволуваат да ги измами неговата лажна маска (2. Коринќаните 2:11; 11:14). Освен тоа, Јехова е Семоќен. Бог ги спасува од нападите на злобните суштества сите што ќе го повикаат со вера. Чад, кого претходно го спомнавме, вели: „[Нападите] престанаа бидејќи станав свесен која е причината за нив и почнав да го повикувам Јехова да ме заштити“ (Псалм 91:1, 2).

Праведните можат да бидат сигурни дека Бог ќе ги штити и дека наскоро демоните и луѓето што се под нивна власт ќе бидат уништени. Замисли си колкава ќе биде радоста и каков мир ќе завладее на Земјата кога човештвото ќе биде ослободено од спиритизмот! (Исаија 11:9; Откровение 22:15).

ШТО МИСЛИШ?

◼ Кои облици на спиритизам треба да ги избегнуваат христијаните? (5. Мојсеева 18:10-12; Откровение 21:8).

◼ Кој стои зад спиритизмот? (2. Коринќаните 2:11; 11:14; Откровение 12:9, 12).

◼ Како можеме да се заштитиме од злобните духови? (Јаков 4:7, 8).

[Слика на страница 10]

Демоните се служат со спиритизмот исто како што рибарите се служат со мамки

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели