ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • g 7/08 стр. 30
  • Поглед во светот

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Поглед во светот
  • Разбудете се! 2008
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • „Повеќе штетна отколку корисна“
  • ТВ зависници во Непал
  • Прекини на работа
  • Квалитетни алтернативи за трансфузијата
    Како може крвта да ти го спаси животот?
  • Да се спаси животот со крв — како?
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1991
  • Нашите чудесни црвени крвни клетки
    Разбудете се! 2006
  • Вистинската вредност на крвта
    Разбудете се! 2006
Повеќе
Разбудете се! 2008
g 7/08 стр. 30

Поглед во светот

◼ „Бевме запрепастени кога откривме колку мраз се стопил [на Арктикот] оваа година [2007] бидејќи ова количество не само што ги надмина сите досегашни рекорди, туку и сосема ги собори“ (МАРК СЕРЕЈ, ДРЖАВЕН ЦЕНТАР ЗА ИСПИТУВАЊЕ НА СНЕГОТ И МРАЗОТ, САД).

◼ Истражувачкиот центар New Economics Foundation проценува дека, „ако сите луѓе во светот ги црпат природните ресурси со иста стапка како жителите на САД, би им требале 5,3 планети Земји... За Франција и за Британија оваа бројка е 3,1, за Шпанија е 3,0, за Германија е 2,5, а за Јапонија 2,4“ (НОВИНСКА АГЕНЦИЈА „РОЈТЕРС“, БРИТАНИЈА).

„Повеќе штетна отколку корисна“

„За повеќето пациенти, трансфузијата на складирана човечка крв може да биде повеќе штетна отколку корисна“, стои во еден извештај на Медицинскиот факултет при Универзитетот Дјук во Дарем (Северна Каролина, САД). Истражувањата покажаа дека кај пациентите што примаат крв „почесто доаѓа до срцев удар, срцева слабост, мозочен удар, па дури и до смрт“ отколку кај оние што не примаат. Зошто? „Азотниот оксид во црвените крвни зрнца почнува да се разложува речиси веднаш откако тие ќе излезат од телото“. Азотниот оксид е неопходен за да бидат крвните садови отворени, што овозможува црвените крвни зрнца да ги снабдуваат ткивата со кислород. Според истиот извештај, „изгледа дека милиони пациенти примаат трансфузија на крв што не може да пренесува доволно кислород“.

ТВ зависници во Непал

Во Бутан — едно мало царство на Хималаите — со децении немаше никакви јавни гласила. Но, во 1999 год., откако многу жители се пожалија дека не можеле да го гледаат Светското првенство во фудбал во 1998 год., владата дозволи во оваа земја да се воведе телевизија. Сега луѓето можат да гледаат 40 канали, и веќе се зависни од холивудските филмови и од индиските серии, стои во еден извештај од Бутан. Наместо да седат заедно, да пеат и да разговараат како порано, семејствата се собираат за да гледаат телевизија. Според катарскиот дневен весник The Peninsula, некоја жена се жалела дека не ѝ преостанува време за други работи — дури ни за молитва. Таа рекла: „Дури и кога го вртам молитвеното тркало, умот ми е во телевизорот“. Во извештајот понатаму стои: „Многумина стравуваат дека Бутанците ќе почнат да купуваат и работи што не им се потребни, како што е случај и во другите делови од светот. ‚Телевизијата и рекламите ќе ги поттикнат луѓето да посакуваат работи што не можат да си ги дозволат‘“.

Прекини на работа

„Понекогаш, канцелариската работа не е ништо друго освен еден бескраен порој од повици и прекини“, стои во списанието New Scientist. Резултатите од едно истражување во кое биле вклучени група канцелариски работници покажале дека, просечно, на работата можеле да ѝ посветат само три минути пред да бидат прекинати. Бидејќи ваквите прекини можат да им одземат по околу два часа од секој работен ден, некои преоптоварени канцелариски работници користат компјутерска анализа за да одредат која порака е итна, а која не е. Еве неколку предлози што можат секому да му користат: „Биди искрен со луѓето,.. кажи им дека си зафатен ако навистина немаш време“ и собери сила „да го исклучиш твојот имејл или телефонот... додека не ја завршиш работата“.

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели