ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • g 2/10 стр. 30
  • Поглед во светот

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Поглед во светот
  • Разбудете се! 2010
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • „Пречесто прекинување“
  • Потреба од толкувачи
  • Злато од неочекуван извор
  • Нешто многу повредно од злато
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство (за проучување) 2016
  • Дали богатството на цар Соломон е преувеличено?
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1996
  • Во потрага по злато, пронајдоа дом
    Разбудете се! 2011
  • Поглед во светот
    Разбудете се! 2011
Повеќе
Разбудете се! 2010
g 2/10 стр. 30

Поглед во светот

„Цели 60 отсто од светското население сега [има] свој мобилен телефон... Ова е голема разлика во однос на состојбата пред само шест години, кога помалку од 15 отсто беа приклучени на мобилната телефонија“ (MACLEAN’S, КАНАДА).

Во последнава деценија се откриени 1.068 нови видови живи суштества на поширокото подрачје на Меконг во Југоисточна Азија (СВЕТСКА ФОНДАЦИЈА ЗА ЗАШТИТА НА ПРИРОДАТА, САД).

„Во Америка живее помалку од 5 отсто од светското население, но таа е дом на речиси 25 отсто од сите затвореници во светот. Во оваа земја, на секои 100.000 жители има по 756 затвореници, што е петпати повеќе од светскиот просек“ (THE ECONOMIST, БРИТАНИЈА).

„Пречесто прекинување“

Некои современи начини на комуникација можат да ја попречат концентрираноста на други задачи. Стручњаците, кои испитуваат како влијаат брзите пораки, електронските потсетници, мејловите, скок-прозорците и сл., велат дека ваквите средства се причина за „пречесто прекинување и постојано поделено внимание“. Ако сте пречесто прекинувани, „можеби никогаш нема да успеете подолго да се сконцентрирате на една работа или да сработите нешто во еден здив“, стои во списанието Newsweek. Меѓу другото, поради ваквите пречки, може да се јават „дупки во сеќавањето“ и „намалена точност на запамтените информации“, а постои можност да се направат и катастрофални грешки.

Потреба од толкувачи

Судовите, извршните органи, болниците и други јавни установи во САД честопати имаат потреба од помош за да се разберат со странките. Службите за преведување ја задоволуваат потребата од комуникација во „еден сѐ помултијазичен свет“, како што тоа го изразува новинската агенција Ројтерс. Една компанија со седиште во Калифорнија вработила 5.200 толкувачи кои зборуваат на 176 јазици. Меѓу нив има општопознати јазици, како што се кинескиот, рускиот и шпанскиот, но и некои речиси непознати јазици што се зборуваат во некои делови на Африка и на Мексико. За помалку од една минута, таквите компании можат „да проценат на кој јазик зборува лицето“ и да го поврзат со толкувач „за да си каже што му треба“, стои во извештајот.

Злато од неочекуван извор

Во префектурата Нагано, на северозапад од Токио, „откриен [е] нов извор на минерално богатство, имено канализацијата“, јавува новинската агенција Ројтерс. Анализите покажуваат дека пепелта од спалениот канализациски отпад што се собира во прочистителната постројка во Сува содржи многу повисок процент злато отколку рудата од најбогатите златни рудници во Јапонија. Префектурата очекува да добие 15 милиони јени (повеќе од 116.000 евра) од златото во само една фискална година. Се смета дека високата концентрација на злато во канализацијата во тој крај „се должи на големиот број фабрики за прецизни уреди во кои се користи жолтиот метал“, стои во истиот извештај.

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели