ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • g 7/12 стр. 20
  • Поглед во светот

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Поглед во светот
  • Разбудете се! 2012
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • Немирите оставаат траги
  • Екстремните временски услови се нашето „ново секојдневие“
  • Разговор за времето
    Разбудете се! 1998
  • Невидени суши — што вели Библијата?
    Разно
  • Невиден „бум“ во технологијата
    Разбудете се! 2009
  • Рубрика прашања
    Нашата служба за Царството 2002
Повеќе
Разбудете се! 2012
g 7/12 стр. 20

Поглед во светот

„Мобилните телефони помагаат да се избегнат несаканите контакти — 13% од корисниците на мобилни се преправаат дека зборуваат на телефон за да избегнат разговори со луѓето околу нив“ (PEW RESEARCH CENTER, САД).

„Мерењата во последниве пет лета покажаа дека мразот што го прекрива морето на Арктикот е со најмала површина досега“ (BBC NEWS, БРИТАНИЈА).

„Околу 47% од плодната почва во Африка сѐ уште стои необработена“ (THE WITNESS, ЈАР).

„Во последниве 10 години, 10 земји (Холандија, Белгија, Канада, Шпанија, Јужноафриканската Република, Норвешка, Шведска, Португалија, Исланд и Аргентина) ги легализираа истополовите бракови“ (FAMILY RELATIONS, САД).

Немирите оставаат траги

Една анкета спроведена во Северна Ирска покажа дека верските и политичките судири во таа земја оставија длабоки траги. Овие судири траеја речиси три децении, а околу две третини од населението беа сведоци на трауматични настани. Во Центарот за ментално здравје „Бамфорд“ при Универзитетот Алстер утврдија дека во некој период од животот речиси секој десетти човек во Северна Ирска ќе страда од посттрауматско стресно нарушување — што е „една од највисоките стапки“ во светот, пишуваше во весникот The Irish Times. Во статијата понатаму стоеше дека, „пропорционално гледано, немирите во Северна Ирска се меѓу најкрвавите судири во светот, одговорни за смртта на секој 500-ти жител“.

Екстремните временски услови се нашето „ново секојдневие“

Временските услови во САД стануваат сѐ понеобични. Она што порано се сметаше за екстрем — големи поплави, тешки суши и големи снежни бури — е нашето „ново секојдневие“. На една манифестација организирана од Сојузот на загрижени научници, Кетрин Хејхо, климатолог од Техничкиот универзитет во Тексас, на своите колеги им рече: „Навикнати сме на извесни услови, а во последно време се случуваат многу работи на кои баш и не сме навикнати“. Проф. Хејхо и други експерти сметаат дека причина за климатските промени и за непредвидливите временски услови во светот е човечкиот фактор.

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели