ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • lff лекција 5
  • Библијата е порака од Бог за нас

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Библијата е порака од Бог за нас
  • Радувај му се на животот засекогаш — интерактивен библиски курс
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • ДОЗНАЈ ПОВЕЌЕ
  • ШТО НАУЧИ:
  • ИСТРАЖУВАЈ
  • Дали добрата вест е навистина од Бог?
    Добра вест од Бог!
  • Како можеш да дознаеш што бара Бог
    Што бара Бог од нас?
  • Како може да ти помогне Библијата?
    Радувај му се на животот засекогаш — интерактивен библиски курс
  • Како може да ти помогне Библијата?
    Радувај му се на животот засекогаш — вовед во библиски курс
Повеќе
Радувај му се на животот засекогаш — интерактивен библиски курс
lff лекција 5
Лекција 5. Еден човек ја чита Библијата додека се вози во автобус.

ЛЕКЦИЈА 05

Библијата е порака од Бог за нас

Печатено издание
Печатено издание
Печатено издание

Јехова ни дал прекрасен дар — Библијата. Таа се состои од 66 помали книги. Но, можеби се прашуваш: Кој ја напишал Библијата? Кој е нејзиниот автор? За да одговориме на овие прашања, да разгледаме како Божјата порака запишана во Библијата дошла до нас.

1. Ако Библијата ја пишувале луѓе, зошто велиме дека таа доаѓа од Бог?

Библијата ја напишале околу 40 луѓе од различно потекло и тоа во период од приближно 1.600 години — од 1513 год. пр.н.е. до околу 98 год. од н.е. Сепак, таа е складна од почеток до крај. Како е можно тоа? Тоа е можно бидејќи Бог е авторот на Библијата. (Прочитај 1. Солуњаните 2:13.) Нејзините писатели не ги запишувале своите мисли, туку ги кажувале зборовите што доаѓале од Бог, така како што ги водел светиот духa (2. Петрово 1:21). Бог го користел својот свет дух за да ги поттикне овие луѓе да ги запишат неговите мисли (2. Тимотеј 3:16).

2. Дали Библијата им е достапна на сите луѓе?

Добрата вест од Библијата може да им помогне на луѓето од „секој народ и племе и јазик и народност“. (Прочитај Откровение 14:6.) Бог се погрижил Библијата да биде достапна на повеќе јазици од која и да било друга книга. Речиси секој може да ја чита Библијата, без разлика каде живее или на кој јазик зборува.

3. Како Јехова ја зачувал Библијата?

Библијата била пишувана на свитоци направени од животинска кожа или од стебленцата на едно растение што се вика папирус. Овие материјали не биле трајни и затоа луѓето кои ја сакале Библијата внимателно ја препишувале со рака. Иако некои луѓе кои имале моќ и влијание се обидувале да ја уништат Библијата, други биле спремни да си го ризикуваат животот за да ја зачуваат. Јехова не дозволил никој и ништо да спречи неговата порака да стигне до нас. Библијата вели: „Речта на нашиот Бог останува довека“ (Исаија 40:8).

ДОЗНАЈ ПОВЕЌЕ

Во овој дел ќе дознаеш како Бог со светиот дух поттикнал некои луѓе да ја напишат Библијата, како ја зачувал и како се погрижил таа да му биде достапна на секој човек.

4. Библијата открива кој е нејзиниот Автор

Пушти го ВИДЕОКЛИПОТ. Потоа прочитај 2. Тимотеј 3:16 и разговарајте за следниве прашања:

ВИДЕОКЛИП: Кој е Автор на Библијата? — извадок (2:48)

  • Ако Библијата ја пишувале луѓе, зошто тогаш е наречена Божја Реч?

  • Што мислиш, дали е логично да веруваме дека Бог им ги пренел своите мисли на луѓето што ја пишувале Библијата?

Еден работодавач му диктира на секретарот што да напише, а секретарот ги запишува тие мисли во писмо.

Еден секретар го пишува писмото, но пораката е од лицето што му кажува што да напише. Слично на тоа, Библијата ја пишувале луѓе, но нејзината порака е од Бог.

5. Библијата ги преживеала нападите од противниците

Ако Библијата е книга од Бог, разумно е да очекуваме дека тој ќе направи сѐ за да ја зачува. Низ историјата, голем број влијателни и моќни луѓе се обидувале да ја уништат Библијата. Многу верски водачи не сакале таа да му биде достапна на народот. Но, и покрај таквото жестоко противење, многу луѓе биле спремни да ја заштитат Библијата дури и по цена на својот живот. За да дознаеш нешто повеќе за еден таков човек, пушти го ВИДЕОКЛИПОТ, а потоа разговарајте за следново прашање:

ВИДЕОКЛИП: Тие ја ценеле Библијата — извадок (Вилијам Тиндејл) (6:17)

  • Откако дозна дека некои луѓе биле спремни да направат толку големи жртви за да ја заштитат Библијата, дали тоа те поттикнува да ја читаш?

Прочитај Псалм 119:97, а потоа разговарајте за следново прашање:

  • Што поттикнало голем број луѓе да си го ризикуваат животот за да ја преведуваат Библијата и да им ја даваат на другите?

6. Книга за сите луѓе

Библијата е најпреведувана и најраспространета книга во историјата. Прочитај Дела 10:34, 35, а потоа разговарајте за следниве прашања:

  • Зошто Бог сака неговата Реч да биде преведувана и распространета во толку голем обем?

  • Што ти остава најголем впечаток во врска со Библијата?

Луѓе од различни раси и националности ја читаат Библијата на својот јазик.

Речиси

100%

од светското население

може да ја чита Библијата на јазик што го разбира

Достапна е на преку

3.000

јазици

во целост или делумно

5.000.000.000

Се проценува дека досега во светот се издадени примероци од Библијата,

многу повеќе од која и да било друга книга

НЕКОИ ВЕЛАТ: „Библијата е само една стара книга што ја пишувале луѓе“.

  • Што мислиш ти за тоа?

  • Какви докази постојат дека Библијата е Божја Реч?

ШТО НАУЧИ:

Библијата е Божја Реч. Бог се погрижил таа да им биде достапна на сите луѓе.

Како би одговорил?

  • Што значи тоа дека Бог со светиот дух поттикнал некои луѓе да ја запишат Библијата?

  • Од она што го разгледа во оваа лекција, што ти остава најголем впечаток во врска со Библијата?

  • Како влијае врз тебе тоа што знаеш дека Бог направил толку многу за да комуницира со тебе?

Цел:

ИСТРАЖУВАЈ

Прочитај како Библијата дошла до нас — од изворните ракописи до современите преводи.

„Како Библијата опстанала до ден-денес“ (Разбудете се! од ноември 2007)

Дознај како Библијата преживеала и покрај три работи кои претставувале закана за нејзиниот опстанок.

„Библијата — како била зачувана?“ (Стражарска кула бр. 4, 2016)

Дознај на какви ризици биле изложени луѓето кои ја преведувале Библијата.

Тие ја ценеле Библијата (14:26)

Библијата била препишувана и преведувана многу пати. Зошто можеш да бидеш сигурен дека нејзината порака останала непроменета?

„Дали Библијата била изменета?“ (Статија на интернет)

a Како што ќе биде објаснето во лекција 07, светиот дух е силата што ја користи Бог.

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели