Како се користи оваа брошурка
На наредните страници ќе најдеш по еден стих за секој ден, како и коментар за тој стих. Иако можеш да ги читаш стихот и коментарот во секое време, многумина го прават тоа наутро. Така можат во текот на целиот ден да размислуваат за она што го прочитале. Многу е корисно целото семејство заедно да го разгледа дневниот стих. Бетелските семејства низ целиот свет го прават тоа за време на Библиската утринска програма.
Коментарите се земени од Стражарска кула (w) од април 2023 до март 2024. Броевите што се наведени по датумот на списанието се однесуваат на страниците во тоа издание. Потоа следи бројот на пасусите од каде што е земен материјалот. (Види го примерот подолу.) Повеќе информации за темата можеш да најдеш во самата статија.