ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • w91 15/2 стр. 3-4
  • Полемика околу Исусовата смрт

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Полемика околу Исусовата смрт
  • Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1991
  • Сличен материјал
  • Откупнината — изгубената доктрина на христијанството
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1991
  • Како се објаснува Тројството?
    Дали треба да се верува во Тројство?
  • Зошто Исус умрел?
    Одговор на библиски прашања
  • Теолошка дилема
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1995
Повеќе
Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1991
w91 15/2 стр. 3-4

Полемика околу Исусовата смрт

ВО 33. н.е., на денот на Пасхата, извршено е тројно убиство. Тројца осудени се одведени на едно место надвор од ѕидините на Ерусалим каде биле убиени на многу болен и понижувачки начин: со распнување на исправен дрвен столб. Таквите погубувања биле вообичаени во римско време, и затоа би можело да се очекува дека убиствата на денот на Пасхата до денес ќе бидат веќе одамна заборавени. Но, еден од убиените бил Исус Христос. Неговата смрт предизвикала значајни религиозни промени и полемики.

Од тој настан поминале скоро две илјади години, па можеби тоа го сметаш дека е само античка историја. Но, дали си свесен дека полемиката која се појавила, не е ниту оддалеку решена?

Како што можеби знаеш, милиони тврдат дека Исус умрел за нив. Искрено веруваат дека Исусовата смрт е клучот за откупот и проштевањето на гревовите, дека верувањето во неговата смрт е пат кон спасение. Затоа, изненадува една статија во весникот Anglican Theological Review која пишува дека оваа ценета наука е ”во неволја“. А ”неволјата“ доаѓа од религиозните водачи.

Весникот Anglican Theological Review објаснува: ”Доктрината за помирување во христијанската мисла се наоѓа во неволја, бидејќи нејзината библиска основа е доведена во прашање, затоа што нејзината формулација станала пренатрупана со ефемерни [краткотрајни) поими (. . .), и што нејзиниот израз во популарната духовност добил облик на лична емоционалност и некритично самооправдание.“ Навистина, ниту протестантските ниту католичките теолози не успеале да се усогласат околу тоа што значи смртта на Исус Христос, ако воопшто има некакво значење.

Можеби сметаш дека тоа е само обично препирање меѓу неколку теолошки стручњаци и дека тоа нема никакво влијание на твојот живот. Сепак, размисли за ова: ако Исусовата смрт навистина е поврзана со твојата положба пред Бог и со твоите изгледи за вечно постоење (на небото или на друго место), тогаш таа полемика ќе те заинтересира.

Зошто теолозите сѐ уште расправаат за тоа? Да ја земеме на пример Римокатоличката црква. Таа добро ја дефинирала догмата за бесмртност на душата и Тројството. Сепак, црквата е зачудувачки нерешителна кога станува збор за откупување преку Христовата смрт. New Catholic Encyclopedia признава: ”Развиени се многу и несогласни системи за да се објасни како човекот е ослободен од злобните последици на гревот и како повторно стекнал милост (. . .) Но, ниеден од тие системи не бил потполно успешен. (. . .) Теологијата на откупот во некоја рака е неизводлива и понатаму претставува проблем во теологијата.“

Тогаш не треба да те изненади тоа што од милиони луѓе кои горливо велат дека ’Исус умре за нас‘, само неколцина имаат некаква појасна идеја што тоа навистина значи. Како што изнесува весникот Anglican Theological Review: ”Кога треба да се изјасни (. . .), христијанскиот верник често не е во состојба да го наведе библискиот извор на таа доктрина или да објасни како таа дејствува.“ Оптоварени со учење кое ниту го разбираат ниту можат да го објаснат, обожавателите во црквите тешко можат да разберат зошто Христовата смрт е значајна за нивниот живот.

Со тоа што христијанството не успеало да оформи јасна наука за откупот, биле спречени и неговите напори со својата порака да допре до Евреите, Хиндусите, будистите и другите. Додека повеќето од нив се воодушевуваат и го почитуваат учењето на Исус, збрканоста околу Христовата смрт и што таа значи, стои како препрека на патот на верувањето.

Дали значењето на Исусовата смрт е едноставно мистерија — недостапна за човечкото сфаќање? Или можеби постои разумно објаснение кое се темели на Библијата? Овие прашања го заслужуваат твоето внимание, зашто Библијата го дава ова восхитувачко тврдење за Христос: ’Секој кој покажува вера во него, нема да биде уништен, туку ќе добие вечен живот‘ (Јован 3:16).

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели