ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • w91 15/2 стр. 24-25
  • Зошто христијанското обожавање е надмоќно

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Зошто христијанското обожавање е надмоќно
  • Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1991
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • Христос е понадмоќен од ангелите и Мојсеј
  • Христијаните влегуваат во Божјиот починок
  • Понадмоќно свештенство и сојуз
  • Неопходна е вера!
  • Другите овци и новиот завет
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1998
  • Поголеми благослови преку новиот завет
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1998
  • Царско свештенство кое ќе му донесе благослови на човештвото
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2012
Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1991
w91 15/2 стр. 24-25

Зошто христијанското обожавање е надмоќно

Врвни точки од Писмото до Евреите

ЈЕХОВА БОГ вовел понадмоќни обележја на обожавање кога го испратил својот Син, Исус Христос, на Земјата. Тоа било затоа што Исус, основачот на христијанството, е понадмоќен од ангелите и од пророкот Мојсеј. Христовото свештенство има голема предност во однос на Левитското од древниот Израел. Исусовата жртва е далеку понадмоќна од животинските, кои биле принесувани под Мојсеевиот Закон.

Овие факти биле разјаснети во писмото до Евреите. Судејќи по сѐ, апостол Павле го напишал во Рим, околу 61. н. е., и го испратил до еврејските верници во Јудеја. Од самиот почеток грчките и азиските христијани не се сомневале во тоа дека Павле бил писателот, а тоа било поткрепено како со писателовата обемна упатеност во еврејските списи, така и со неговото користење на логичното поврзување, што било карактеристично за апостолот. Можеби тој го изоставил своето име поради предрасудите кои Евреите ги имале спрема него и затоа што бил познат како ”апостол за народите“ (Римјаните 11:13, НС). Да ги разгледаме сега поблиску понадмоќните обележја на христијанството, како што е тоа покажано во Павловото писмо до Евреите.

Христос е понадмоќен од ангелите и Мојсеј

Прво се укажува на понадмоќната положба на Божјиот Син (1:1—3:6). Ангелите му искажуваат почитување, а неговата царска власт ја поддржува Бог. Затоа би требало да посветиме посебно внимание на она што го говорел Синот. Освен тоа, би требало да имаме на ум дека, иако Исус како човек бил помал од ангелите, тој е издигнат над нив и дека му е дадена власт над целата населена Земја.

Исус Христос исто така е понадмоќен и од Мојсеј. Како тоа? Мојсеј бил само слуга во израелскиот Божји дом. Наспроти тоа, Јехова го поставил Исус над целиот дом, или собранието на Божјиот народ.

Христијаните влегуваат во Божјиот починок

Апостолот понатаму истакнува дека е можно да се влезе во Божјиот починок (3:7—4:13). Израелците кои биле ослободени од египетското ропство пропуштиле да влезат во тој починок, бидејќи биле непослушни и им недостасувало вера. Меѓутоа, ние можеме да влеземе во тој починок ако покажуваме вера во Бог и послушно го следиме Христос. Тогаш, наместо да го држиме само седмичниот сабат, секојдневно ќе се радуваме на сѐ поголемите благослови поради одморањето од сите себични дела.

Влегувањето во Божјиот починок е ветување од неговата реч, која е ”поостра од било кој двоостар меч и продира сѐ до разделување на душата и духот“. Тоа го прави така што ги разоткрива најдлабоките мотиви и гледишта и ги разликува телесните желби од духовното размислување. (Спореди Римјаните 7:25, НС.) Ако нашата ”душа“, односно живот, како поединец е поврзана со Божјиот ”дух“, или начин на размислување, можеме да влеземе во Божјиот починок.

Понадмоќно свештенство и сојуз

Павле понатаму укажува на надмоќноста на Христовото свештенство и новиот сојуз (4:14—10:31). Безгрешниот Исус Христос има сочувство кон грешните луѓе, бидејќи како нас бил искушан во секој поглед. Уште повеќе, Бог го поставил ’за свештеник засекогаш на начинот Мелхиседеков‘. За разлика од левитските свештеници, Исус поседува неуништив живот и затоа не му требаат наследници во неговото дело на спасување. Тој не мора да принесува животински жртви, бидејќи го принел своето далеку понадмоќно безгрешно тело и влегол во небото со вредноста на својата крв.

Новиот сојуз, кој е направен полноважен со Исусовата крв, е надмоќен над сојузот на Законот. Оние кои се во новиот сојуз го имаат Божјиот закон во своите срца и се радуваат на проштавањето на гревовите (Еремија 31:31-34, НС). Благодарноста за тоа ги поттикнува на јавно изјавување на својата надеж и собирање со соверниците. Наспроти нив, намерните грешници повеќе немаат никаква жртва за гревовите.

Неопходна е вера!

За да имаме корист од понадмоќниот сојуз, ни треба вера (10:32-12:29). Исто така е потребна истрајност за да го добиеме она што го ветил Јехова. Како охрабрување да истраеме, опкружени сме со голем облак од претхристијански сведоци. Сепак, посебно би требало поблиску да го разгледаме Исусовото беспрекорно држење во страдањата. Секое страдање кое Бог ќе го дозволи да дојде на нас може на некој начин да се смета за средство кое донесува мирољубив плод на праведноста. Довербата во Јеховините ветувања би требало да ја зголеми нашата желба да ја извршуваме светата служба ’со богобојазливост и стравопочитување‘.

Павле заклучува со опомени (13:1-25). Верата треба да нѐ поттикне на покажување братска љубов, гостољубивост, на тоа да се сеќаваме на соверниците кои се под прогонства, да го држиме бракот во честитост и ’да бидеме задоволни со она што го имаме‘. Би требало да ја имитираме верата на оние кои преземаат водство во собранието и да ги слушаме. Понатаму, мораме да го избегнуваме отпадништвото, да поднесуваме срамота каква што поднел Исус, ’секогаш да му принесуваме на Бог жртва на фалба‘ и да продолжиме да правиме добро. Таквото однесување исто така е едно од надмоќните обележја на вистинското христијанство.

[Рамка/слика на страница 24]

Различни миења: Облиците на обожавање во израелскиот шатор од состаноците биле поврзани ’само со јадења, пиење и разни миења‘ (Евреите 9:9, 10, Ст). Тоа биле ритуални миења кое се барале по Мојсеевиот закон. Нечистите садови биле миени, а церемонијалното чистење вклучувало перење на облеката и капење (3. Мојсеева 11:32; 14:8, 9; 15:5, НС). Свештениците се капеле, а предметите кои биле користени при принесувањето на жртвите паленици биле миени во вода (2. Мојсеева 29:4; 30:17-21; 3. Мојсеева 1:13; 2. Дневници 4:6, НС). Меѓутоа, тоа не вклучувало само ритуално миење на чашите, бокалите и бакарните садови што го практикувале некои Евреи во времето на Месииното доаѓање, ниту пак Евреите 9:10 се однесува на потопувањето во вода кое го вршел Јован Крстител или на крштевањето на оние кои го симболизираат своето предание на Бог како христијани (Матеј 28:19, 20; Марко 7:4; Лука 3:3, НС).

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели