ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • w91 15/2 стр. 23
  • Братската љубов е делотворна

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Братската љубов е делотворна
  • Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1991
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • Пофалба за љубовта и верата
  • ‚Опоменување на темел на љубов‘
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1992
  • Филимон и Онисим — обединети во христијанско братство
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1998
  • Павле во Рим
    Мојата книга со библиски приказни
  • Избрани стихови од Посланијата до Тит, до Филимон и до Евреите
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2008
Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1991
w91 15/2 стр. 23

Братската љубов е делотворна

Врвни точки од Филемон

ИСУС ХРИСТОС им ја дал на своите следбеници ’новата заповед‘ да се љубат еден со друг како што тој ги љубел (Јован 13:34, 35). Од таквата љубов тие дури би умреле еден за друг. Да, братската љубов е толку силна и делотворна.

Апостол Павле бил сигурен дека братската љубов ќе го мотивира Филемон, еден христијанин поврзан со собранието во Колосе, град во Мала Азија. Љубовта веќе го поттикнала Филемон да ја отвори својата куќа да се користи како место за христијанско собирање. Робот на Филемон, Онесим, побегнал, веројатно со украдени пари да го плати патот до Рим, каде подоцна се сретнал со Павле и го прифатил христијанството.

Додека бил во затвор во Рим околу 60-61 н.е., Павле напишал писмо првенствено упатено до Филемон. Во него се барало Филемон да го прифати Онесим кога ќе се врати, во духот на братската љубов. Прочитај го ова писмо, и ќе видиш дека претставува прекрасен пример на љубов и тактичност — на кој Јеховиниот народ може да се угледа.

Пофалба за љубовта и верата

Обраќајќи се до Филемон и другите, Павле прво го пофалил (стихови 1-7). Апостолот слушнал за љубовта која Филемон ја имал за Христос и сите свети, и за неговата вера. Ова го поттикнало Павле да му се заблагодари на Јехова и му донело многу радост и утеха. Дали ние лично ги пофалуваме нашите соверници кои се примерни во љубовта и верата? Би требало.

Советување темелено на љубов е секогаш пожелно во односите меѓу сохристијаните, како што покажуваат Павловите зборови (стихови 8-14). После тактичното обраќање, апостолот рекол дека иако можел да му нареди на Филемон ’да прави што е исправно‘, тој се одлучил да го поттикне. На што? Па, да го прими назад Онесим на љубезен начин! Можеби Павле би сакал да ги задржи корисните услуги на Онесим но сигурно не без дозвола од Филемон.

Павле потоа покажал дека некои работи кои изгледаат неповолни, можат да се покажат корисни (стихови 15-21). Всушност, бегството на Онесим довело до добро. Како? Затоа што сега Филемон можел да го добие назад како драг, чесен христијански брат, а не како бунтовен, и веројатно нечесен роб. Павле го замолил Филемон да го дочека Онесим како што би го дочекал и него [Павле]. Ако Онесим му згрешил на Филемон на било каков начин, апостолот би му надоместил. За да Филемон полесно се согласи, Павле го потсетил дека самиот му бил должен на апостолот за тоа што станал христијанин. Значи, Павле бил сигурен дека Филемон би направил дури и повеќе од она што би го замолил. Каква тактична, љубезна молба! Сигурно дека треба и ние да постапуваме со сохристијаните на ваков начин.

Павле го завршува своето писмо со надеж, поздрави и добри желби (стихови 22-25). Се надевал дека преку молитвите на другите за него, наскоро ќе биде ослободен од затвор. (Како што покажува второто Павлово писмо до Тимотеј, овие молитви биле одговорени.) Завршувајќи го своето писмо, Павле испратил поздрави и изразил желба незаслужената доброта на Исус Христос да биде со духот што го покажале Филемон и неговите сообожаватели на Јехова.

[Рамка/слика на страница 23]

Повеќе од роб: Во врска со враќањето на Филемоновиот побегнат роб Онесим, Павле рекол: ”Можеби (. . .) побегнал за час, за да ти се врати засекогаш, не повеќе како роб, туку повеќе од роб, како љубен брат, особено за мене, а за тебе уште повеќе, и во телесен поглед и во Господа“ (Филемон 15, 16, НС). Во римската империја ропството било наметнато од царските власти, и Павле ги признавал ваквите ’виши власти‘ (Римјаните 13:1-7, НС). Тој не ја бранел бунтовноста на еден роб, туку им помагал на ваквите поединци да се стекнат духовна слобода како христијани. Во согласност со сопствениот совет робовите да им бидат покорни на своите господари, Павле го испратил Онесим назад кај Филемон (Колосјаните 3:22-24; Тит 2:9, 10, НС). Сега Онесим бил повеќе отколку светски роб. Бил сакан соверник кој би бил подобар роб во релативна подложност спрема Филемон, и би се владеел по божествени начела, покажувајќи братска љубов.

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели