ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • w91 15/4 стр. 29
  • Продолжи да одиш во светлина и љубов

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Продолжи да одиш во светлина и љубов
  • Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1991
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • ’Оди во светлината‘
  • Божјите деца покажуваат љубов
  • Верата го ’победува светот‘
  • ”Светлината дојде на светот“
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1991
  • Следи ја светлината на светот
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1993
  • Избрани стихови од Посланијата на Јован и на Јуда
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2008
  • Сакај го Богот што те сака
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2006
Повеќе
Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1991
w91 15/4 стр. 29

Продолжи да одиш во светлина и љубов

Врвни точки од Првото Јованово писмо

ЈЕХОВА е Извор на светлината и љубовта. Мораме да имаме доверба во Бог за да ни даде духовна светлина (Псалми 43:3, NW). А љубовта е еден од плодовите на светиот дух (Галатјаните 5:22, 23).

Во Јовановото прво инспирирано писмо се говори за светлината, љубовта и други прашања, а веројатно е напишано во Ефес или близината, околу 98. н. е. Главната причина за неговото пишување била да ги заштити христијаните од отпадништвото и да им помогне да продолжат да одат во светлината. Бидејќи и ние се соочуваме со предизвици на нашата љубов, верата и интегритетот спрема вистината, разгледувањето на ова писмо сигурно ќе ни биде од корист.

’Оди во светлината‘

Јован објаснил дека верните христијани мораат да одат во духовната светлина (1Јо 1:1—2:29). Тој рекол: ”Бог е светлина, и во Него нема никаква темнина“ [никакво зло, неморал, неверство или несветост]. Бидејќи духовно помазаните христијани ’одат во светлината‘, тие имаат ’удел‘ со Бог, со Христос и едни со други (NW). Исто така се исчистиле од гревот преку Исусовата крв.

Било да сме помазани христијани со небесна надеж или копнееме по вечен живот на Земјата, ќе продолжиме да извлекуваме корист од Исусовата жртва само ако ги љубиме нашите браќа, а не светот. Исто така, мораме да избегнуваме да бидеме под влијание на отпадниците, како што е ”антихристот“, кој ги негира и Таткото и Синот. И никогаш да не заборавиме дека на вечниот живот ќе му се радуваат само оние кои се држат за вистината и ја вршат праведноста.

Божјите деца покажуваат љубов

Понатаму Јован ги идентификува Божјите деца (3:1—4:21). Како прво, тие го прават она што е праведно. Тие исто така ја слушаат заповедта од Јехова Бог ’да веруваат во името на Неговиот Син Исус Христос, и да се љубат едни со други‘.

Оној кој има ”Божје спознание“, знае за Јеховината намера и за тоа како се покажала Неговата љубов. Тоа би требало да му помогне на таквото лице да покажува љубов. Навистина, оној ”кој не сака, тој не го познал Бога, оти Бог е љубов“. Божествената љубов се покажала кога Бог ’го испратил својот Син како помирбена жртва за нашите гревови‘. Кога Јехова нѐ љубел до толкава мерка, и ние сме должни да се љубиме едни со други. Да, секој кој тврди дека го љуби Бог, мора да ги љуби и своите духовни браќа.

Верата го ’победува светот‘

Љубовта ги поттикнува Божјите деца да ги држат неговите заповеди, и тоа со помош на верата која ’го победува светот‘ (5:1-21). Нашата вера во Бог, неговата Реч и неговиот Син, нѐ оспособуваат да го ’победиме светот‘ отфрлајќи го погрешното мислење и патишта, и држејќи ги Јеховините заповеди. На оние коишто го ’победуваат светот‘, Бог им дал надеж во вечен живот и ги слуша нивните молитви кои се во согласност со неговата волја. Бидејќи секој кој е ”роден од Бог“ не прави грев, Сатана не може да владее со таквите лица. И помазаниците и Јеховините слуги со земска надеж треба да запомнат дека ’сиот свет лежи во власта на оној кој е зол‘.

[Рамка/слика на страница 29]

Помирбена жртва: Исус е ”помирбена жртва за нашите гревови [за оние од помазаните следбеници], но не само за нашите, туку и за оние на целиот свет“, т. е. преостанатото човештво (1. Јованово 2:2, NW). Неговата смрт била ”помирување“ (грчки: хиласмо́с, кое има ”смисла на смирување“, ”измирување“), но не во смисла на смирување на повредените чувства од страна на Бог. Наместо тоа, жртвата на Исус ги смирува, или задоволува барањата на совршената божествена правда. Како? Така што пружа праведен и вистински темел за простување на гревовите, така што Бог ”да биде праведен дури и кога го оправдува [наследно грешниот] човек кој верува во Исус (Римјаните 3:23-26, NW; 5:12). Обезбедувајќи средство за потполно надоместување на човечките гревови, Исусовата жртва му овозможила на човекот да бара и да добие поправање на добрите односи со Јехова (Ефесјаните 1:7; Евреите 2:17). Колку благодарен би требало да биде секој од нас за тоа!

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели