Можеш ли да му служиш на Јехова како пионер?
1 На летошниот Обласен конгрес „Светлоносци“, говорникот праша: „Можеш ли да бидеш пионер? Ќе бидеш ли пионер?“ Тој забележа дека овие прашање се умесни, бидејќи Армагедон е мошне блиску, а ова го прави делото на проповедање поитно од кога и да било порано (1. Кор. 7:29а).
2 Нема сомнение дека пионерењето е тешка работа. Тоа бара самодисциплина и добра организација. Сепак, нашиот труд во службата „нема да биде залуден“ (1. Кор. 15:58). Може ли истото да се рече за другите активности кон кои можеби сме избрале да тежнееме и кои ни го трошат времето и енергијата? Љубовта кон Јехова ги тера христијаните да бидат ревни во неговата служба, а ревноста кон Јеховината служба ги довела многумина во пионерското дело (1. Јов. 5:3; Откр. 4:11).
3 Многу млади слуги на Јехова кои штотуку завршиле со средното училиште сериозно размислуваат за пионерската служба. Тоа е сосем на место. Која друга кариера би можела да биде поважна од полновремената служба? (Мат. 6:33). Добрата вест за Божјето Царство мора да биде проповедана; ова е Јеховино дело, и колкава предност е да се биде зафатен во него уште од младоста! (Мат. 24:14).
4 Дали вие родители ги охрабрувате вашите деца да ја прифатат полновремената служба? Дали вашите деца јасно разбираат дека вие сакате тие да го употребат своето цело срце, душа, ум и сила во ова светско дело? (Мар. 12:30). Многу млади објавители се подготвуваат за општата пионерска служба така што работат како помошни пионери во секоја прилика во текот на годините на школување. Таквата оддаденост на Јехова сигурно им ги одушевува срцата (Изр. 27:11).
5 Се разбира, секој нема околности кои би му дозволиле пионерска служба. Меѓутоа, било да си во брак или самец, млад или стар, дали си го разгледал сериозно и во молитва служењето на Јехова како пионерски слуга на добрата вест? (Кол. 3:23). Многу млади брачни двојки работат на тоа да ја прошират својата служба така што едниот или обајцата да пионерат.
6 Ако не си во положба сега да бидеш општ пионер, можеш ли да служиш како помошен пионер? Веројатно многу објавители во твоето собрание планираат да го сторат тоа во текот на април. Можеш ли да им се придружиш? Иако сите Јеховини лојални слуги примаат многу благослови, оние кои се во положба да поминат повеќе време во службата за Царството барајќи поединци слични на овци, ги очекуват додатни благослови (Дела 20:35).