ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • w92 1/7 стр. 20
  • Добра вест од Источна Европа

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Добра вест од Источна Европа
  • Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1992
  • Сличен материјал
  • „Од устата на младенците“
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1995
  • Зошто девојките не ме сакаат?
    Младите прашуваат — делотворни одговори, том 1
  • Зошто девојките не ме сакаат?
    Разбудете се! 2009
  • Бог не ја заборава „љубовта што ја покажавте кон името негово“
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1993
Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1992
w92 1/7 стр. 20

Објавителите на Царството известуваат

Добра вест од Источна Европа

МНОГУ восхитувачки работи се случуваат на теократското поле во Источна Европа. Истакнат беше меѓународниот конгрес во Загреб, од 16. до 18. август 1991, кога 7.300 Сведоци им изразија срдечно добредојде на своите браќа од 15 националности. Вкупно присуствуваа 14.684 души. Тоа беше величествен израз на љубов и единство во земја потресена со немири!

Сведоците во Источна Европа марливо им зборуваат на другите за добрата вест за Јеховиното Царство, за кое увидуваат дека е единствената надеж за вистински мир. Во некои краеви, за нив е предизвик да го задржат својот неутрален став. Меѓутоа, луѓето честопати слушаат, и Сведоците известуваат за многу извонредни искуства.

Во еден град, едно 16-годишно девојче слушнало за добрата вест од единствената жена Јеховин сведок во градот. Започнале редовна библиска студија и нејзиното ценење за вистината растело. Бидејќи имало голема желба да им кажува на другите за прекрасните работи што ги научило, девојчето се обидувало да зборува со своите школски другари, но наишло на противење и исмејување. Една школска другарка посебно ѝ се противела, но се изненадила од нејзината стрпливост, затоа што младата истражувачка на Библјата не се лутела и покрај сите навреди. Подоцна, на ова девојче му било дадено потемелно сведоштво, така што сфатило дека нејзиниот став бил погрешен. Со неа била започната библиска студија, а потоа првото девојче кое ја проучувало Библијата и нејзината пријателка се обиделе да ја споделат својата среќа со другите, и покрај отпорот на родителите, нивниот учител и школските другари.

Како резултат на нивното сведоштво, уште една школска другарка ја прифатила вистината. Сега биле три во одделението и сите три биле добри примери на спремност да им помагаат на другите и да покажуваат љубов помеѓу себе. Потоа им се придружило уште едно девојче.

Сега биле четири на клупата во училишниот двор кадешто заедно разговарале за Библијата. А на изненадување на многумина, бројот пораснал. Уште едно девојче, коешто било одушевено од нивното извонредно однесување, решило да се придружи на библиската студија. Тие петте и понатаму ги повикувале другите ученици и учители да го сторат истото. Меѓутоа, девојчињата и понатаму доживувале голем притисок од своите родители. Родителите многу се обидувале да ги натераат девојчињата да престанат со проучувањето на Библијата така што им ја уништиле литературата и ги малтретирале.

Каков бил резултатот од ова сведочење кое започнало со само една млада интересентка? Едно од девојчињата се крстило на обласниот конгрес во 1990, а останатите четири на покраинскиот состанок во пролетта 1991. Тоа било причина за голема радост! Денес сите пет девојки служат како општи пионери! Во градот кадешто се случило ова, сега има 11 објавители, а 8 од нив се во пионерската служба.

Јехова ги поддржува и благословува своите Сведоци во Источна Европа. Сигурно дека ова претставува голем потенцијал за пораст меѓу искрените во овој дел од светот.

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели