ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • w92 1/7 стр. 21-23
  • Се одѕвав за време на жетвата

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Се одѕвав за време на жетвата
  • Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1992
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • Брак и авантура
  • Прифаќање на вистината
  • Жнеење на ’Ртот Палмас
  • Во Долен Бушанан
  • Натамошни предности и награди
  • Приближувањето до Бог ми помогна да се борам
    Разбудете се! 1993
  • Радосна што и покрај тешкотиите воспитав осум деца да му служат на Јехова
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2006
  • Најпосле едно обединето семејство!
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2006
  • За мене Јехова е Бог на срдечна љубезност
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1999
Повеќе
Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1992
w92 1/7 стр. 21-23

Се одѕвав за време на жетвата

РАСКАЖУВА ВИНИФРЕД РЕМИ

„ЖЕТВАТА е голема, а работници малку.“ Овие зборови на нашиот Господ Исус биле поттикнати од длабоко сочувство кон луѓето кои биле одрани и расфрлени како овци без пастир. Го доживеав истото чувство, а изминатите 40 години, секогаш се трудев поволно да се одѕвијам на повикот на Учителот да работам во жетвата (Матеј 9:36, 37).

Родена сум во Западна Африка во семејство со седум деца, сите девојчиња. Нашите родители беа нежни, а сепак строги; а беа и многу религиозни. Одењето в црква и на неделно училиште секоја седмица беше нешто сосема нормално. Тоа за мене не беше проблем бидејќи сакав духовни работи. Всушност, на 12-годишна возраст, бев поставена да ги водам часовите на неделното училиште.

Брак и авантура

Во 1941, на 23-годишна возраст, се омажив за Личфилд Реми, книговодител во колонијалниот секретаријат. Материјално добро стоевме, но љубовта кон авантури и желбата за собирање на материјално богатство, во 1944 нѐ одведе во Либерија. Пресвртница во животот на мојот сопруг, а конечно и на мојот, настапи во 1950 кога тој се запозна со Хојл Ервин, мисионер на Јеховините сведоци. По само три седмици проучување, мојот сопруг почна да учествува во делото на проповедање.

Бев разгневена кога мојот сопруг престана да оди в црква. Впрочем тој беше непоколеблив протестант кој дури и постеше за време на постот. Кога првпат го видов да оди во проповедање со ташната в раце, бев бесна. „Што се случува со тебе?“ сакав да знам. „Еден таков значаен човек како што си ти да оди и да проповеда со овие будалести луѓе!“ Тој беше смирен и сталожен за време на таа тирада.

Следниот ден, брат Ервин дојде кај нас за да проучува со Личфилд. Како обично, стоев настрана за време на проучувањето. Можеби поради тоа брат Ервин ме праша дали сум неписмена? Што? Јас неписмена? Каква навреда! Ќе му покажам јас нему колку сум јас образована! Ќе ја разоткријам јас таа лажна религија!

Прифаќање на вистината

Недолго после тоа, ја забележав книгата Нека Бог биде вистинит (Let God Be True) на масата во дневната соба. ‚Каков смешен наслов‘, си помислив. ‚Зарем Бог отсекогаш не бил вистинит?‘ Додека ја разгледував книгата, бргу најдов уште една причина за жалба. Пишуваше дека човекот нема душа, тој е душа! Дури и кучињата и мачките се души! Тоа навистина ме вознемири. ‚Колку глупаво учење!‘, си помислив.

Кога мојот сопруг дојде дома, налутено му се спротивставив. „Овие измамници велат дека човекот нема душа. Тие се лажни пророци!“ Сопругот не се расправаше, туку смирено одговори: „Вини, сѐ стои во Библијата“. Потоа, кога брат Ервин стрпливо ми покажа од мојата Библија дека ние сме души и дека нашата душа е смртна, јас бев зачудена (Језекиил 18:4). Она што посебно ме импресионира беше библискиот стих во 1. Мојсеева 2:7, кој гласи: „Човекот [Адам] стана жива душа“.

Колку само сум се лажела! Чувствував дека свештениците ме измамиле и никогаш повторно не отидов в црква. Наместо тоа, почнав да ги посетувам христијанските состаноци на Јеховините сведоци. Колку беше впечатливо да се види љубовта меѓу нив! Ова мораше да е вистинската религија.

Жнеење на ’Ртот Палмас

После скоро три месеци, мојот сопруг имаше прилика да украде голема сума пари од својата фирма — но не го стори тоа. Неговите колеги го исмејуваа: „Реми, сиромав ќе си умреш“.

Меѓутоа, поради неговата чесност, го унапредија и го испратија во ’Ртот Палмас за таму да отвори нова канцеларија. Проповедавме ревносно, и после само два месеци имавме мала група која беше сериозно заинтересирана за библиската порака. Подоцна, кога Личфилд патуваше до главниот град, Монровија, да земе некои материјали за новата канцеларија, тој се крсти. Исто така побара помош од Друштвото за згрижување на оние, на ’Ртот Палмас кои покажуваа интерес за вистината.

Друштвото одговори со тоа што ги испрати брат и сестра Фауст на ’Ртот Палмас. Сестра Фауст беше од непроценлива помош за мене, и во декември 1951 јас го симболизирав моето предание на Јехова така што се крстив. Сега, повеќе од порано, бев одлучна да ‚собирам плод за вечен живот‘ (Јован 4:35, 36). Во април 1952, стапив во полновремената служба како пионер.

Мојот труд Јехова веднаш го благослови; за една година, им помогнав на петмина луѓе да се предадат и да се крстат. Еден од нив, Лујза Мекинтош, му беше братучетка на тогашниот претседател на Либерија, В. В. С. Тубман. Таа се крсти, стапи во полновремената служба и понатаму му беше верна на Бог сѐ до нејзината смрт во 1984. Во многу прилики таа му сведочеше на претседателот.

Во Долен Бушанан

Во 1957, за време на посетата на покраинскиот надгледник, мојот сопруг и јас бевме повикани да станеме специјални пионери. Откако го разгледавме тоа во молитва, ја прифативме доделбата. На Личфилд му требаа неколку месеци да ја прекине својата световна работа на ’Ртот Палмас, затоа јас отидов прво во Долен Бушанан, необработено подрачје, за да почнам со делото таму.

По пристигнувањето, бев сместена кај семејството Меклин. Следниот ден, како што беше обичајот, ме однесоа кај потпоглаварот на племето Пеле. Поглаварот и неговото семејство срдечно ме пречекаа, и јас ѝ сведочев на една мала група луѓе во неговиот дом. Не помалку од шестмина од нив со кои разговарав тој ден, вклучувајќи го потпоглаварот и неговата жена, на крајот станаа Сведоци.

Набргу морав да водам студија на Стражарска кула со преку 20 присутни. Морав многу да се потпирам на Јехова, и тој ми ја даваше потребната сила и способност да се грижам за неговите овци. Кога се чувствував уморно или неспособна, се присеќавав на верните од старо време, особено на жените како Девора и Олдама кои биле бестрашни во извршувањето на Јеховините налози (Судиите 4:4-7, 14-16; 4. Царства 22:14-20).

Во март 1958, после само три месеци во Долен Бушанан, добив писмо со известување за посетата на покраинскиот надгледник, Џон Шарук. Изнајмив еден подрум од една куќа во кој можеа да се соберат поголем број луѓе. Потоа отпатував до Горен Бушанан да го пречекам брат Шарук, но тој не дојде. Откако чекав до самрак, уморно се вратив назад во Долен Бушанан.

После полноќ, слушнав чукање на вратата. Кога отворив, го видов не само покраинскиот надгледник, туку и мојот сопруг, чие ненадејно пристигнување одлично се поклопуваше со она на брат Шарук. Како ме најдоа? Се сретнале со еден ловец и го прашале дали познава една жена која на луѓето им проповеда за Јехова. „Да“, одговорил тој, и ги упатил во мојот стан. Колку бев среќна што за само три месеци во Долен Бушанан, мојата светлина светлеше толку сјајно! (Матеј 5:14-16).

За време на посетата на брат Шарук, се радувавме на највисок број од 40 присутни. Со текот на времето се воспостави напредно собрание, и бевме во можност да изградиме прекрасна Царска сала. Меѓутоа, животот секогаш не беше без проблеми. На пример, во 1963 избувна верско прогонство во Колахун, и мојот сопруг беше уапсен и затворен. Беше толку лошо испретепан што мораше да оди в болница.

Истата година, не долго после неговото отпуштање од болница, имавме конгрес во Банга. Последниот ден, војниците нѐ собраа сите присутни и ни наредија да го поздравиме знамето. Кога одбивме, војниците нѐ натераа да ги држиме рацете горе во воздух и да гледаме директно во сонцето. А некои од нас нѐ тепаа со кундаците од пушките. Како помош за да ја одржам својата беспрекорност спрема Бог, ја пеев царската песна „Не плашете се од нив!“ Потоа војниците нѐ фрлија во еден валкан затвор. После три дена ги ослободија странските Сведоци, а Личфилд и мене нѐ протераа во Сиера Леоне. Месните Сведоци ги ослободија следниот ден.

Натамошни предности и награди

Ни беше доделено да соработуваме со собранието во Бо, во јужниот дел на Сиера Леоне. Таму служевме осум години пред да бидеме преместени во Нјала. Додека бевме во Нјала, мојот сопруг беше наименуван да служи како заменик покраински надгледник, а јас ја имав предноста да го придружувам додека тој се ангажираше во оваа служба. Потоа, во средината на 1970-тите години, бевме преместени во собранието источен Фритаун.

Ја вкусив наградата така што видов многу од оние со кои ја проучував Библијата како го прифаќаат вистинското обожавање. Имам преку 60 духовни деца и внуци како „препорачувачки писма“ (2. Коринтјаните 3:1). Некои мораа да направат темелни промени, како што мораше Викторија Дајк, која беше пророчица на сектата Аладура. Кога го разгледавме 1. Јованово 5:21, конечно се ослободи од многуте амајлии и предмети на обожавање. Го симболизира своето предание со крштение и на крајот стана специјален пионер, помагајќи им на многу нејзини роднини да ја прифатат вистината.

Во април 1985, умре маж ми, само неколку месеци пред нашата 44. годишница на бракот. Но не останав сама. Продолжив да му служам на мојот Помошник, Јехова, како полновремен слуга. И чувствувам посебна врска со оние на кои им помогнав да го запознаат. Тие се мое посебно семејство. Ги сакам и тие мене ме сакаат. Кога сум болна, дотрчуваат да се грижат за мене, и се разбира, им помогам и јас.

Нема сомнение, кога би морала повторно да го сторам сето тоа, радо би го зела својот срп и би се придружила во жетвата како Јеховин соработник.

[Слика на страница 23]

Винифред Реми денес

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели