ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • w93 1/8 стр. 31
  • Јехова ја наградува истрајноста

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Јехова ја наградува истрајноста
  • Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1993
  • Сличен материјал
  • Јован ги испратил учениците кај Исус
    Исус — патот, вистината и животот
  • Улогата на Јован се намалила, а на Исус се зголемила
    Исус — патот, вистината и животот
  • Дали на Јован му недостига вера?
    Најголемиот човек кој некогаш живеел
  • Јован се смалува, Исус расте
    Најголемиот човек кој некогаш живеел
Повеќе
Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1993
w93 1/8 стр. 31

Јехова ја наградува истрајноста

„ПОКАЖИ ми ги, Господи, патиштата Твои и научи ме да врвам по патеките Твои“, напишал Давид пред многу години (Псалми 24:4). После многу векови, луѓе со различно потекло учат за Јеховините патишта и ги менуваат своите животи за да ги ускладат со нив.

Една азиска имигрантка од Канада, која била воспитувана како будист, за прв пат дошла во контакт со Јеховиниот народ преку неформално сведочење. Во Канада допатувала со семејството во 1981. Разочарана од дискриминацијата и други проблеми, присеќавајќи се на тоа, вели: „Среќниот живот на кој се надевавме изгледаше недостижен. Сакавме да бидеме среќни, но не знаевме каде тоа да го побараме“. Во 1983, ја посетиле објавители во нивната служба од куќа до куќа и започнале библиска студија. На почетокот прифатила библиска студија ‚само за да има друштво и да го научи англискиот‘. Сепак, семето на вистината постепено фаќало корен. Нејзиниот сопруг, кој пред тоа бил толерантен, се променил и почнал жестоко да ѝ се противи, до тој степен што дури го преселил семејството во еден град оддалечен илјадници километри. Сепак, таа истрајала и на крајот се крстила. На двојката која студирала со неа им напишала благодарно писмо, во кое се изразува на не баш најдобар англиски јазик: „Вие бевте многу љубезни и доброљубиви белци кога повеќе ве запознав. Се радувам што се дружевте со мене. Сепак, сѐ уште бев од жолтата раса и со ограда околу моето срце. Кога сфатив дека вие сте навистина поинакви од другите белци, се прашував зошто. Што ве прави да бидете такви? Размислував одново и одново за тоа и заклучив: ‚Вие сте Божји Сведоци. Мора да има нешто во Библијата‘. . . . Кога ја отстранив оградата околу моето срце, станавте мои добри пријатели. . . . После тоа, кога широко го отворив моето срце, станавте мои најдобри пријатели. Бевте бели однадвор, но во моите очи вашите срца беа без боја. . . . Има големо мноштво од белци, црнци, мулати и жолти чии срца се со иста боја — проѕирни — затоа што се браќа и сестри. Сега знам како и кој ги направил да бидат такви. Тоа е вашиот Бог и самите вие. Со години сакав и јас да бидам една од вас. Сепак, чувствував како да стојам од другата страна на портата. На крајот ми беше дозволено да влезам низ портата да бидам со ваш народ. Повеќе не сте ‚ваш народ‘ туку ‚мој народ‘“.

Дури и често обработувано подрачје донесува плод за Царството како што покажува ова искуство од подружницата во Соединетите Американски Држави. Еден 43-годишен човек кој живеел во Њујорк, сиот свој живот никогаш не сретнал Јеховини сведоци на својата врата. Тоа е еден доста начитан човек кој штотуку ги завршил студиите за доктор на науки и е помошен надзорник на одделот за ретки книги во една огромна библиотека. Неодамна го запрела една сестра Сведок во предворјето на зградата од неговиот стан. Ја видел книгата Човештвото во потрага по Бог во нејзината чанта и ѝ ја побарал. Ја прочитал истата ноќ и во текот на истата недела ја посетил централата на Watch Tower Society, зел уште 12 книги и ги прочитал пред сестрата повторно да наврати. Кога таа повторно го посетила, прашал што треба да стори за да се крсти.

Сестрата се погрижила еден брат да води студија со него. По завршувањето на студијата со две книги, кога го запрашале како знаел дека тоа е вистината, тој рекол: „Тоа е слично со Северната ѕвезда. Слушате за неа и читате за неа, и кога ќе излезете надвор под ноќното небо и погледнете горе и ја здогледате, не треба никој да ви каже дека сте ја пронашле“.

Овој човек ја барал вистината сиот свој живот. Сфатил дека т. н. христијанство ја нема. Ги истражувал источните религии и комунизмот и се разочарал. Сфаќајќи дека ниедна од нив ја немала вистината, тој ја продолжил својата потрага по Бог. Рекол дека имал чувство како Бог да бил во соседната соба, но вратата му била затворена. Сега вратата му е отворена, и тој е како тркач во една трка кој тргнува од стартната линија така што ревно ги посетува состаноците, учествува во делото на проповедање за Царството и неодамна се крсти.

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели