ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • w93 15/10 стр. 8-11
  • Проблемот да научиш да чекаш

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Проблемот да научиш да чекаш
  • Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1993
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • Мудро е да научиш да чекаш
  • Нов предизвик за многумина
  • Да учиме од другите
  • Да се бори добрата борба
  • Да научиме да чекаме во секој поглед
  • Дали си спремен стрпливо да чекаш?
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство (за проучување) 2017
  • Мораме да чекаме на Јехова
    Пејте му фалби на Јехова
  • Самештво во тешки економски времиња
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1995
  • Дали си спремен да чекаш на Јехова?
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство (за проучување) 2021
Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1993
w93 15/10 стр. 8-11

Проблемот да научиш да чекаш

ДА НАУЧИМЕ да чекаме на работите кои ги сакаме веројатно е една од најтешките лекции која од нас луѓето се бара да ја научиме. Малите деца по природа се нестрпливи. Сакаат сѐ што ќе им види око, и тоа веднаш! Но како што можеби знаеш од искуство, животна вистина е дека не може да се добие сѐ што ќе се посака. Дури и кога се работи за исправни желби, мораме да се научиме да чекаме да ги задоволиме во правото време. Многу луѓе ја научуваат таа лекција, но некои никогаш.

Луѓето кои сакаат да стекнат божествено признание имаат посебни причини да се научат да чекаат. Јеремија, претхристијански Јеховин слуга, го истакнал ова: „Добро му е на оној, кој трпеливо го очекува спасението од Господа“. Подоцна, христијанскиот апостол Јаков рекол: „Бидете трпеливи, браќа мои, до доаѓањето на Господа!“ (Плач Јеремиин 3:26; Јаков 5:7).

Јехова има свој временски план за исполнување на божествените намери. Ако ние не можеме да чекаме до неговото одредено време за извршување на одредени работи, ќе бидеме незадоволни и вознемирени, а тоа ќе ни ја задуши радоста. Без радост Божјиот слуга може да стане духовно слаб, како што Неемија им кажал на неговите сонародници: „Радоста во ГОСПОД е вашата сила“ (Неемија 8:10, The New English Bible).

Мудро е да научиш да чекаш

Природна желба е оние кои се самци да сакаат да стапат во брак или двојките кои немаат деца да сакаат да имаат. Освен тоа, нема ништо лошо во тоа да имаме желба да задоволиме исправни материјални потреби или желби. Сепак, бидејќи веруваат дека деновите на овој систем му се одброени и дека во претстојниот нов систем Бог ќе ‚ја отвори својата рака, и сѐ живо ќе насити по желба‘, многу христијани одлучиле да чекаат да им се исполнат некои од тие желби во поприкладно време (Псалми 145:16, ДК).

Но, луѓето без добро утврдена христијанска вера едвај ќе увидат некаква причина за одлагање. Бидејќи им недостига вера во Јехова, од кого доаѓа „секој добар дар и секој совршен подарок“, се сомневаат дека е мудро работите да ги одложат за една иднина за која не се уверени дека некогаш ќе дојде. Тие живеат според верувањето: „Да јадеме и да пиеме, бидејќи утре ќе умреме!“ (Јаков 1:17; 1. Коринтјаните 15:32; Исаија 22:13).

Во развиените земји, светот на реклами го користи јасниот тренд на моментално задоволување. Луѓето се поттикнувани да си угодуваат себеси. Комерцијал измот би сакал да нѐ натера да веруваме дека современите користи и удобности се апсолутно потребни. А зошто да се биде без тоа, се тврди, особено кога кредитните картички, плаќањето на рати и договорите од типот „купете сега — платете после“, овозможуваат да имаш сѐ и тоа веднаш? Покрај тоа, ‚Ти го заслужуваш најдоброто; биди љубезен спрема себе! Запомни: или уживај во него сега или можеби никогаш!‘ Така гласат популарните рекламни пораки.

Меѓутоа, десетици милиони луѓе во земјите во развој едвај имаат основни работи за преживување — па дури и помалку од тоа. Може ли нешто поживописно да ја нагласи несовршеноста и неправедноста на човечките политички и економски системи?

Колку е мудро да се научиме да чекаме видливо е по тоа што милиони луѓе кои не сакаат да чекаат — или барем не гледаат некаква причина за тоа — влегле во големи долгови за да ги задоволат моменталните желби. Непредвидливите околности, како што се болестите или невработеноста, можат да претставуваат катастрофа. Германскиот весник Frankfurter Allgemeine Zeitung објаснил зошто се вели дека бројка од еден милион луѓе во Германија се бездомници: „Обично, на бездомништвото му претходат невработеноста и презадолженоста“.

Бидејќи не можат да ги плаќаат сметките, многуте такви несреќници ја доживуваат трагедијата да го загубат и домот и имотот. Многу често, зголемениот стрес донесува напнатост во семејството. Разнишаните бракови почнуваат да се распаѓаат. Периодите на депресија и други здравствени проблеми стануваат вообичаени. Кога станува збор за христијаните, духовноста може да трпи, што, пак, може да води до погрешно размислување и неисправно однесување. Луѓето кои почнале на еден немудар начин да бараат сѐ, на крајот немаат скоро ништо.

Нов предизвик за многумина

Исус јасно кажал дека треба да се чуваме од ‚грижите за овој век, примамливото богатство и други желби, кои, кога се вселат во нас, го задушуваат словото‘ (Марко 4:19). Треба да имаме на ум дека ниту еден политички систем успешно не ги отстранил грижите, вклучувајќи ги и економските за кој зборувал Исус.

Комунизмот, којшто источноевропските држави сега го отфрлија, се обидуваше да ги изедначи работите со помош на државно контролираното стопанство. Спротивно на системите на слободна трговија, поранешниот систем им даваше на поединците во тие земји одредена економска сигурност која капитализмот често пропушта да ја даде. Сепак, грижите за кои Исус говорел постоеле во вид на недостиг на стоки за широка потрошувачка и скратување на лична слобода.

Моментално, повеќето од тие земји воведуваат пазарна економија, а со тоа на своите граѓани им нудат еден нов предизвик. Еден неодамнешен извештај наведува: „Со желбата брзо да се достигне западниот стандард на потрошувачка поврзана е наивност“. За тоа да се постигне, „сѐ поголем број луѓе во новите Länder (покраини) во источна Германија одат кон вртлогот на долгови од каде што нема враќање“. Извештајот додава: „После почетната еуфорија околу новата економска слобода, сега се шири страв и очај“. Грижите остануваат, но сега се облечени во капиталистичко руво.

Поголемата политичка и економска слобода отвори нови можности за економско подобрување. Затоа, многу поединци можат да паднат во искушение сериозно да размислат за идејата да започнат сопствено мало стопанство или да се преселат во друга земја со подобри можности за вработување.

Ваквите одлуки се лична работа. Нема ништо лошо во тоа христијанинот да сака да ја подобри својата економска ситуација. Би можел да биде мотивиран од желбата да се грижи за своето семејство, свесен дека „ако некој не се грижи за своите, а особено за своите домашни, тој се одрекол од верата и полош е од неверник“ (1. Тимотеј 5:8).

Според тоа, не е во ред да се критикуваат одлуките што ги донесуваат другите. Но, христијанинот исто така треба да запомни дека не е мудро да бара економска помош преку прекумерни долгови кои би можеле да го наведат во замка. Би било погрешно и да се бара економска помош така што би биле занемарени духовните обврски и интереси.

Да учиме од другите

Во годините по Втората светска војна, илјадници Германци емигрирале од со војна погодената Европа во други земји, особено во Австралија и Канада. Со тоа многумина биле во можност да ја подобрат својата економска состојба, но никој од нив не можел во потполност да ги избегне економските грижи за кои говорел Исус. Решавањето на економските проблеми понекогаш создавало нови проблеми — носталгија за дома, непознат јазик, навикнување на нова храна, различни обичаи, вклопување меѓу нови пријатели или соочување со различни ставови.

Некои од тие емигранти биле Јеховини сведоци. За пофалба е тоа што повеќето одбиле да дозволат проблемите кои се карактеристични за емиграцијата да ја задушат нивната духовност. Но имало и исклучоци. Некои паднале како жртви на измамливата моќ на богатството. Нивниот теократски напредок не успеал да биде во чекор со нивната економска благосостојба.

Тоа секако потврдува дека е мудро внимателно да ја анализираме нашата ситуација пред да донесеме некои немудри одлуки. Материјалистичките тенденции можат да нѐ забават во делото на правење ученици кое никогаш нема да се повтори, а кое христијаните се задолжени да го извршуваат. Тоа е неминовно без разлика каде живееме, бидејќи нема земја чиишто граѓани се ослободени од економските грижи.

Да се бори добрата борба

Павле го советувал Тимотеј: „Стреми се кон праведност, побожност, вера, љубов, трпеливост и кротост! Бори се во добриот подвиг [борба, НС] на верата; држи се за вечниот живот, за кој си повикан“. А на коринтските христијани им рекол: „Бидете цврсти, непоколебливи и секогаш богати [изобилно вработени, НС] во делото Господово“ (1. Тимотеј 6:11, 12; 1. Коринтјаните 15:58).

Најдобар начин успешно да се бориме против материјализмот е да го следиме овој совет, а за христијанинот секако има многу работа! Во некои земји каде што бројот на објавителите на Царството не е голем, многу луѓе имаат ограничен пристап до вистината. Исус прецизно прорекол: „Жетвата е голема, а работници малку“ (Матеј 9:37).

Наместо да дозволат економските грижи во тие земји да ги одвлечат од духовното дело што е пред нив, Јеховините сведоци ја искористуваат таа ситуација така што во потполност ги употребуваат сегашните можности. Кога се привремено невработени, повеќето од нив ја прошируваат својата проповедничка активност. Покрај тоа што нивната служба гласно ја шири фалбата за Јехова, таа им ја дава и радоста која е потребна за да се борат со сопствените економски проблеми.

Тие Сведоци му даваат предност на проповедничкото дело, а економските потешкотии ги ставаат на второ место, кое на светското братство му покажува дека безусловно имаат доверба дека Јехова ќе се грижи за нив. Неговото ветување е: „Но барајте го најнапред царството на Бога и Неговата правда, и сѐ ова ќе ви се придаде“ (Матеј 6:33).

Од обновувањето на вистинското обожавање во 1919, Јехова не дозволил неговиот народ да се спрепне. Тој го заштитувал во време на жестоки прогонства, а во некои места низ децении на илегална активност. Јеховините сведоци се одлучни она што Ѓаволот не успеал да го постигне со прогонство, да не го постигне ниту преку попрефинетата замка на материјализмот!

Да научиме да чекаме во секој поглед

Пространите Царски сали, скапите звучни системи, Конгресните сали и привлечните бетелски домови му носат слава на Бог и даваат немо сведоштво дека тој го благословува својот народ. Јеховините сведоци во земјите каде што делото било долго време забрането, би можеле да мислат дека во тој поглед имаат уште многу да работат за да ги стигнат другите. Но она што е од првенствена важност е да бидат во чекор во духовна смисла. Надворешниот доказ на Божјиот благослов во материјален поглед ќе дојде во свое време.

Предадените Јеховини слуги треба да бидат будни за да не би се случило, во потрагата по лични интереси, да почнат да размислуваат дека доволно долго биле без одредени материјални работи. Разбирливо е да се копнее по ослободување од економски и општествени нееднаквости, но Јеховиниот народ не го превидува фактот дека сите Божји слуги копнеат по ослободување. Слепите копнеат да прогледаат, хронично болните копнеат по обновено здравје, депресивните по посветла иднина, ожалостените повторно да ги видат своите блиски кои умреле.

Поради околностите, секој христијанин во некој поглед е принуден да го чека Јеховиниот нов свет за да ги реши своите проблеми. Тоа би требало да нѐ мотивира да се запрашаме: ‚Ако имам храна и облекло, зарем не би требало да бидам задоволен со тоа и да бидам спремен да чекам ослободување од економските проблеми?‘ (1. Тимотеј 6:8).

Христијаните кои во потполност имаат доверба во Јехова можат да бидат сигурни дека само ако се спремни да чекаат, сите нивни исправни желби и потреби наскоро ќе бидат задоволени. Никој нема да чека залудно. Ги повторуваме Павловите зборови: „Бидете цврсти, непоколебливи и секогаш богати во делото Господово, знаејќи дека трудот ваш пред Господа нема да биде залуден“ (1. Коринтјаните 15:58).

Значи, дали треба навистина да биде толку голем проблем да научиш да чекаш?

[Слика на страница 10]

Учењето да чекаш може да ти го спаси животот

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели