ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • w95 1/5 стр. 4-7
  • Наскоро, никој нема да биде сиромашен!

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Наскоро, никој нема да биде сиромашен!
  • Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1995
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • Помош за сиромашните
  • Помош да се излезе на крај со сиромаштијата
  • Конечно, нема повеќе сиромаштија!
  • Следи го Исусовиот пример и покажувај грижа за сиромашните
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2006
  • Наскоро свет без сиромаштија
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2005
  • Сиромаштија — да се најде трајно решение
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2003
  • Дај им надеж на сиромашните
    Нашата служба за Царството 2007
Повеќе
Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1995
w95 1/5 стр. 4-7

Наскоро, никој нема да биде сиромашен!

„НЕ БОЈТЕ се! Еве, ви соопштувам [добра вест на, НС] голема радост, која ќе биде за сите луѓе“ (Лука 2:10). Овие разведрувачки зборови ги слушнале вчудовидените овчари близу Витлеем, во ноќта кога се родил Исус. Во склад со таа објава, Исус ставил голем нагласок на „добрата вест“ во текот на својата служба на Земјата. Денес, кога толку многу зависиме од пари за да се грижиме за нашите потреби, како може да ни користи добрата вест за Исус?

Исус Христос ја објавил ‚добрата вест на сиромашните‘ (Лука 4:18, НС). Според Матеј 9:35, ‚Исус одел по сите градови и села, и поучувал по нивните синагоги, го проповедал Евангелието на царството [добрата вест за Царството, НС]‘. Неговата вест била особено охрабрувачка за оние кои биле погодени од сиромаштија. „А штом виде многу народ, се сожали, зашто беа изморени и прснати како овци без пастир“ (Матеј 9:36). Точно, Исус рекол: „Сиромасите ги имате секогаш покрај себе“, но не треба од овие зборови да заклучиме дека не постои надеж за сиромашните (Јован 12:8). Сѐ додека трае овој зол систем, ќе има сиромашни луѓе, без разлика што ја предизвикало нивната тешка состојба. Божјата Реч не ја игнорира реалноста на сиромаштијата ниту, пак, се задржува на негативните аспекти. Наместо тоа, таа им нуди помош на сиромашните да излезат на крај со грижите на животот.

Помош за сиромашните

Вреди да се забележи следнава изјава: „Нема поголемо бреме за еден поединец од сознанието дека никој не се грижи за него или не го разбира“. Сепак, и покрај недостигот на сочувство од страна на мнозинството, сѐ уште постои добра вест за сиромашните — како сега, така и во иднина.

За жал, многумина имаат мал интерес да им помагаат на сиромашните. Според The World Book Encyclopedia, некои веруваат дека „луѓето во општеството се борат за опстанок, а . . . супериорните поединци стануваат моќни и богати“. Оние кои веруваат во оваа теорија, наречена Општествен дарвинизам, може да гледаат на сиромашните само како на мрзливи луѓе или расипници. Сепак, земјоделците, сезонските работници и други, иако слабо платени, често работат многу напорно за да ги прехранат своите семејства.

Во многу земји сиромаштијата е прилично вообичаена. Па заради тоа, сиромашните, односно мнозинството, не се присилени да се чувствуваат дека ништо не постигнале. Меѓутоа, во таквите земји има луѓе кои живеат во големо изобилство среде сиромаштијата. Удобни, раскошни куќи се наоѓаат покрај пренатрупаните бараки со нездрави услови. Добро платени луѓе се возат со своите скапи автомобили по улиците преполни со бедни и невработени. Во таквите земји сиромашните се болно свесни за својата тешка состојба. Навистина, „сиромашните не страдаат само од слаба исхрана, лоши станбени услови и неадекватна медицинска нега туку и од постојаната загриженост за својата состојба“, вели The World Book Encyclopedia. „Неспособни да си најдат и да задржат некое добро работно место, губат секакво чувство на достоинство и самопочитување.“ Тогаш, како некои од најсиромашните излегуваат на крај со својата ситуација? Каква врска со тоа има добрата вест за Исус?

Како прво, запомни дека сиромаштијата може да стане уште поголема преку немудри навики. Разгледај некои примери. Валдесир признава дека додека неговата сопруга и малите деца имале малку за јадење, тој се расфрлал со пари водејќи неморален начин на живот. Тој вели: „Иако бев вработен, никогаш немав пари за семејството, но затоа, пак, секогаш по моите џебови имав разни ливчиња за лото“. Поради прекумерно пиење и пушење, Милтон изгубил едно претпријатие со 23 вработени. Тој вели: „Со ноќи бев на улица, неспособен да си отидам дома, а моето семејство многу страдаше заради мене“.

И Жоао ја фрлал својата плата на пороци. „Поминував ноќи далеку од дома. Сета моја заработувачка не ми беше доволна за моите пороци и љубовни афери. Ситуацијата стана неподнослива, а мојата сопруга бараше да се разделиме.“ Покрај финансиските и брачните, имало и други проблеми. Тој вели: „Предизвикував проблеми со роднините и соседите, а особено имав проблеми на работа. Поради тоа, постојано бев без работа“. Жулио бил наркоман. Меѓутоа, тој објаснува: „Бидејќи платата никогаш не беше доволна за да ја поддржува мојата навика, почнав да работам како дилер на дрога за да не мора да ја купувам“.

Одгледан во сиромашно семејство со осум деца, Жозе сакал да има нешто свое. Резонирајќи дека нема што да изгуби, заедно со уште некои други млади почнал да ограбува луѓе. Еден друг младич, разочаран, станал член на банда по име „Разбивачи на глави“. Тој објаснува: „Бидејќи повеќето од нас беа многу сиромашни, најдовме некакво задоволство во кршење предмети и напаѓање на луѓе“.

Сепак, овие луѓе и нивните семејства денес повеќе не страдаат од длабока немаштина или чувства на огорченост и злоба. Тие веќе не се беспомошни или безнадежни. Зошто не? Бидејќи ја проучувале добрата вест која ја проповедал Исус. Го примениле библискиот совет и се дружеле со истомисленици во собранијата на Јеховините сведоци. А научиле и некои многу важни работи во врска со богатството и сиромаштијата.

Помош да се излезе на крај со сиромаштијата

Прво, тие научиле дека ако се применуваат библиските начела, можат да се ублажат лошите последици од сиромаштијата. Библијата осудува неморал, пијанство, коцкање и злоупотреба на дрога (1. Коринтјаните 6:9, 10). Таквите работи се многу скапи. Богатиот човек можат да го осиромашат, а сиромашниот да го направат уште посиромашен. Напуштањето на ваквите пороци, како и други слични на нив, помага многу во поправање на економската состојба на семејството.

Како второ, тие согледуваат дека во животот постојат многу поважни работи од богатството. Во овие инспирирани зборови е изразен еден урамнотежен став: „Мудроста служи како заштита, исто како што и парите служат како заштита, но предноста на спознанието е во тоа што мудроста ги чува во живот оние што ја поседуваат“ (Проповедник 7:12, НС). Да, парите се неопходни. Но, мудроста темелена на Библијата и спознанието за Божјите намери се многу покорисни. Навистина, оној на кого му недостига мудрост, а има премногу пари, може да биде исто толку оптоварен како и да ги има премалку. Библискиот писател мудро молел: „Сиромаштија и богатство не ми давај, — храни ме со насушниот леб, та, откако ќе се пренаситам, да не се откажам од Тебе и да кажам: ‚Кој е Господ‘ и, откако ќе осиромашам, за да не почнам да крадам и да го употребувам името на мојот Бог напразно“ (Изреки 30:8, 9).

Трето, тие откриваат дека ако едно лице живее според добрата вест која ја проповедал Исус, тоа никогаш ќе нема причина да се чувствува напуштено. Добрата вест се однесува на Божјето Царство. Пораката се вика „добра вест за Царството“ и, во наше време, таа е проповедана по целата населена Земја (Матеј 24:14, НС). Исус кажал дека ќе бидеме поддржувани ако ја ставиме нашата надеж во тоа Царство. Тој рекол: „Но барајте го најнапред царството на Бога и Неговата [Божјата] правда, и сѐ ова ќе ви се придаде“ (Матеј 6:33). Бог не ветува „луди“ автомобили или луксузни куќи. Исус зборувал за животните потреби, за работи како што се храната и облеката (Матеј 6:31). Но, милиони денес можат да потврдат дека Исусовото ветување е сигурно. Еден поединец, дури и да е многу сиромашен, не е потполно напуштен ако на прво место го става Царството.

Четврто, тие сфаќаат дека оној што на прво место го става Божјето Царство не е онесреќен со економска тешкотија. Да, еден сиромашен човек мора напорно да работи. Но, ако му служи на Бог, тој има привилегиран однос со својот Творец, за кого Библијата вели: „Зашто Он не ја презре ниту ја одби молитвата на страдалникот, не го сокри лицето Свое од мене, а ме послуша кога Те повикав“ (Псалм 21:24). Освен тоа, сиромашниот има помош во борбата со животните проблеми. Тој ужива во срдечно друштво со сохристијаните и има спознание и доверба во Јеховината откриена волја. Ваквите работи „поскапи се од злато и од скапоцени камења“ (Псалм 18:10).

Конечно, нема повеќе сиромаштија!

На крај, поединците кои ѝ обрнуваат внимание на добрата вест дознаваат дека Јехова Бог одлучил преку своето Царство еднаш засекогаш да го реши проблемот со сиромаштијата. Библијата ветува: „Зашто нема засекогаш да биде заборавен сиромавиот, и надежта на бедните нема никогаш да престане“ (Псалм 9:18). Царството е вистинска влада, воспоставена на небесата со Исус Христос како Владетел. Наскоро, тоа Царство ќе ги замени човечките влади во управувањето со работите на човештвото (Даниил 2:44). Тогаш, како востоличен Цар, Исус „ќе го поштеди бедниот и сиромавиот и ќе го спаси животот на сиромасите; и од лихви и неправди ќе ги избави душите нивни, и чесно ќе биде името нивно пред Него“ (Псалм 71:13, 14).

Очекувајќи го тоа време, Михеј 4:3, 4, вели: „Секој ќе седи под лозата своја и под смоквата своја, и никој нема да ги плаши, зашто устата на Господа Саваот го изрекла тоа“. За кого станува збор овде? Замисли, за сите оние кои се подложуваат на Божјето Царство. Тоа Царство ќе ги реши сите проблеми кои го мачат човештвото — дури и проблемот со болеста и смртта. „Смртта ќе биде проголтана засекогаш, ќе ги избрише Господ Бог солзите од сите лица“ (Исаија 25:8; 33:24). Колку поинаков свет ќе биде тоа! И запомни, можеме да им веруваме на овие ветувања бидејќи тие се инспирирани од самиот Бог. Тој вели: „Тогаш народот Мој ќе живее во мирни живеалишта и во безопасни села и во пребивалишта на блажените“ (Исаија 32:18).

Довербата во Божјето Царство го надминува недостигот на самопочитување, честопати предизвикан од сиромаштија. Сиромашниот христијанин знае дека тој е исто толку важен во Божји очи колку и еден христијанин кој е богат. Бог ги сака и двајцата подеднакво, и двајцата ја имаат истата надеж. И едниот и другиот со нетрпение го очекуваат времето кога, под Божјето Царство, сиромаштвото ќе биде само минато. Какво величествено време ќе биде тоа! Конечно, никој нема да биде сиромашен!

[Слика на страница 5]

Зошто средствата да се трошат на пушење, пијанчење, злоупотреба на дрога, или на неморален начин на живот?

[Слика на страница 7]

Преку своето Царство, Јехова Бог ќе ги реши проблемите на човечката сиромаштија

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели