ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • w95 15/5 стр. 4-7
  • Нов живот за нашите претци

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Нов живот за нашите претци
  • Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1995
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • Состојбата на мртвите
  • Надежта за воскресение
  • Воскресение за живот на небо
  • Настани пред воскресението на Земјата
  • Рај на Земјата
  • Што се случува со нашите блиски кои умреле?
    Спознание кое води до вечен живот
  • Воскресение — за кого и каде?
    Ти можеш засекогаш да живееш во рајот на Земјата
  • Има ли надеж за мртвите?
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2015
  • Единствениот лек!
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2006
Повеќе
Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1995
w95 15/5 стр. 4-7

Нов живот за нашите претци

ДАЛИ Божјата реч, Библијата, учи дека секој, како нешто само по себе разбирливо, после смртта продолжува да живее во духовното царство? Не, тоа не е случај. Библијата прикажува една прекрасна надеж за живот после смртта, но не на начин како што многумина тоа си го замислуваат.

Разгледај што вели Библијата за нашиот прв предок, Адам. Јехова го направил од „прав земен“ (1. Мојсеева 2:7). Адам ја имал можноста вечно да живее во среќа на Земјата (1. Мојсеева 2:16, 17). Меѓутоа, тој се побунил против својот Творец полн со љубов, а резултатот бил смрт.

Каде отишол Адам при смртта? Бог му рекол: ‚Ќе се вратиш во земјата, од која си земен; зашто си земја, и во земја ќе се вратиш!‘ (1. Мојсеева 3:19).

Каде бил Адам пред да го створи Јехова од прав? Никаде. Тој не постоел. Така, кога Јехова рекол дека Адам ќе се ‚врати во земјата‘, тој само мислел дека Адам повторно ќе стане безживотен, токму како правот. Адам не ‚преминал никаде‘ за да стане основоположник на некаков свет на духови на претци. Тој не преминал во живот на блаженство на небото ниту, пак, во некаква вечност на страдање, во некое место на маки. Единствениот премин бил од живот во безживотност, од состојба на постоење во состојба на непостоење.

Што е со остатокот од човештвото? Дали и потомците на Адам престануваат да постојат при смртта? Библијата одговара: „Сѐ [и луѓето и животните] оди на едно место: сѐ произлегува од земја, и сѐ ќе се врати во земјата“ (Проповедник 3:19, 20).

Состојбата на мртвите

Да, мртвите се безживотни, неспособни да слушаат, да гледаат, да зборуваат или да размислуваат. На пример, Библијата вели: „Живите знаат, дека ќе умрат, а мртвите ништо не знаат . . . и љубовта нивна, и омразата нивна и љубомората нивна веќе исчезнале“. Библијата исто така изјавува: „Во гробот, каде што ќе појдеш, нема ни работа, ни размислување, ни знаење, ни мудрост“ (Проповедник 9:5, 6, 10).

Значи, според Божјата Реч, додека луѓето се живи, тие се свесни за смртта. Меѓутоа, кога ќе настапи смртта, не се свесни за ништо. Тие не стојат покрај своето сопствено тело, гледајќи што се прави со нив. Во непостоењето нема ниту задоволство, ниту болка, ниту, пак, среќа или тага. Мртвите не се свесни за одминувањето на времето. Тие се во една несвесна состојба која е многу подлабока од кој и да било сон.

Јов, еден Божји слуга од старо време, знаел дека луѓето не продолжуваат да живеат после смртта. Тој исто така сфатил дека без Божја интервенција, не би постоела надеж за повторно враќање во живот. Јов рекол: „А човекот умира и истлејува; си оди, и каде е тој? Така човекот ќе легне и нема да стане“ (Јов 14:10, 12). Јов сигурно не очекувал кога ќе умре, да им се приклучи на своите претци во еден свет на духови.

Надежта за воскресение

Бидејќи живите престануваат да постојат по смртта, решавачко е прашањето што го поставил Јов кога понатаму прашал: „Кога ќе умре човек ќе живее ли пак?“ Самиот Јов го дал овој одговор: „Во сите денови на одреденото време [времето во гробот] би чекал додека ми дојде смената. Ти [Јехова] би викнал, и јас би Ти дал одговор, и Ти би покажал благоволение кон созданието на Твоите раце“ (Јов 14:14, 15).

Со други зборови, иако Јов ќе преминел во непостоење, Бог немало да го заборави. Јов имал вера дека ќе дојде време кога Јехова Бог ќе го ‚повика‘ во живот преку воскресение.

Исус Христос, Синот Божји, покажал дека надежта на Јов во воскресение била реална. Тој докажал дека мртвите можат да бидат воскреснати. Како? Така што самиот го сторил тоа! Исус не бил таму за да го воскресне Јов, но додека бил на Земјата, го воскреснал синот на вдовицата од градот Наин. Исто така, тој ја воскреснал 12-годишната ќерка на еден човек по име Јаир. А го воскреснал и својот пријател Лазар, кој бил мртов четири дена (Лука 7:11-15; 8:41, 42, 49-56; Јован 11:38-44).

Освен што ги направил овие чуда, Исус зборувал и за прекрасното идно воскресение. Тој рекол: „Иде часот кога сите, кои што се во гробовите, ќе го чујат гласот на Синот Божји и ќе излезат“ (Јован 5:28, 29). Подоцна, апостол Павле, кого Јехова го употребил да воскресне еден млад човек, исто така изразил вера во едно идно воскресение. Тој рекол: „Се надевам на Бога, оти ќе има воскресение на мртвите, на праведните и на неправедните“ (Дела 20:7-12; 24:15).

Овие осврти на Писмото за едно идно воскресение не се однесуваат на некаков продолжен живот во духовното подрачје. Тие укажуваат на времето кога милиони мртви ќе се вратат во живот, во физички тела, токму овде на Земјата. Овие воскреснати нема да бидат луѓе кои нема да се сеќаваат на својот претходен живот на Земјата. Тие нема да бидат повторно родени како деца. Наместо тоа, ќе бидат истите личности какви што биле кога умреле, поседувајќи ги истите сеќавања и карактер. Ќе можат да се препознаат самите себе, а и другите ќе можат да ги препознаат нив. Каква само радост ќе биде тоа кога овие луѓе повторно ќе им се придружат на своите пријатели и семејства! И колку возбудливо ќе биде да ги сретнеме нашите претци!

Воскресение за живот на небо

Зарем Исус не рекол дека некои ќе одат на небо? Да, рекол. Вечерта пред да биде убиен, тој изјавил: „Во домот на Мојот Отец има многу места за живеење. . . . Одам да ви приготвам место. И кога ќе отидам и ви приготвам место, пак ќе дојдам, и ќе ве земам вас при Себе за да бидете и вие каде што сум Јас“ (Јован 14:2, 3). Исус им го зборувал ова на своите верни апостоли, но неговите зборови не значат дека сите добри луѓе одат на небо.

Тој покажал дека оние кои ќе воскреснат на небо мора да исполнуваат и други услови, а не само да водат еден пристоен живот. Едно барање е да се има точно спознание за Јехова и за неговите намери (Јован 17:3). Други барања се да се покажува вера во откупната жртва на Исус Христос и да се покорува на Бог (Јован 3:16; 1. Јованово 5:3). Уште едно друго барање е да се биде ‚повторно роден‘ како крстен христијанин, роден со Божјиот свет дух (Јован 1:12, 13; 3:3-6, НС). Понатамошно барање за небесен живот е да се издржи како што издржал и Исус, докажувајќи се верен на Бог дури до смрт (Лука 22:29; Откровение 2:10).

Постои причина за ваквите високи барања. Оние кои се воскреснати на небо имаат една важна задача пред себе. Јехова знаел дека човечките влади никогаш нема успешно да ги водат работите на Земјата. Затоа се погрижил за една небесна влада, или Царство, што ќе владее над човештвото (Матеј 6:9, 10). Исус ќе биде Цар на тоа Царство (Даниил 7:13, 14). Некои избрани од Земјата и воскреснати на небото ќе владеат со него. Библијата прорекла дека овие воскреснати ќе станат ‚цареви и свештеници; и ќе царуваат над Земјата‘ (Откровение 5:10).

Дали голем број луѓе ќе ги задоволат барањата за небесно воскресение? Не. Повеќето од оние кои спијат во смрт не ги задоволуваат тие барања, но не по своја вина. Многумина имале мала или немале никаква можност да ја запознаат вистината за Јехова и за неговите намери. Тие живееле и умреле без никакво спознание за Исус Христос или за Божјето Царство.

Оние кои ќе одат на небо Исус ги нарекол „мало стадо“ (Лука 12:32). Подоцна било откриено дека бројот на оние што се „откупени од земјата“, кои требало да владеат со Христос на небото, ќе биде 144.000 (Откровение 14:1-3; 20:6). Иако 144.000 е еден доволно голем број за да ги исполни ‚многуте места за живеење‘ на кои се осврнал Исус, сепак тоа е мал број во споредба со милијардите луѓе кои потекнале од Адам (Јован 14:2).

Настани пред воскресението на Земјата

Да повториме што разгледавме досега. Според Библијата, оние кои умираат се безживотни сѐ додека не бидат воскреснати од Јехова Бог. Некои се воскреснати за живот на небо, каде што ќе владеат со Исус Христос во Царската влада. Повеќето луѓе ќе бидат воскреснати на Земјата за да станат поданици на тоа Царство.

Преку земското воскресение, Јехова делумно ќе ја исполни својата намера со Земјата. Тој ја создал „за живеење“ (Исаија 45:18). Таа требало да биде постојан дом на човештвото. Оттука, псалмистот испеал: „Небото е Господово небо, а земјата Он им ја даде на синовите човечки“ (Псалм 113:24).

Пред да започне воскресението за живот на Земјата, мора да настапат големи промени. Веројатно ќе се согласиш дека не било Божја намера Земјата да биде исполнета со војни, загадување, криминал и насилство. Овие проблеми се предизвикани од луѓето кои немаат почитување кон Бог и кон неговите праведни закони. Според тоа, Божјето Царство ќе ‚ги погуби губителите на Земјата‘ — тоа е главен чекор во вршењето на неговата волја на Земјата (Откровение 11:18). Царството ќе ги уништи сите зли луѓе, оставајќи ги праведните вечно да живеат на Земјата (Псалм 36:9, 29).

Рај на Земјата

Оние кои ќе бидат воскреснати на исчистената Земја, ќе бидат кротки, внимателни луѓе кои го прават она што е исправно. (Спореди Матеј 5:5.) Под љубезното надгледување на Божјето Царство, тие ќе водат среќен живот во сигурност. Библијата ја дава оваа прекрасна најава за условите кои ќе преовладуваат: „Ќе ја избрише Бог секоја солза од очите нивни, и смрт нема да има веќе; ни плач, ни пискот, ниту болка нема да има веќе, бидејќи поранешното помина“ (Откровение 21:4).

Да, Земјата ќе биде претворена во рај (Лука 23:43). Замисли си што ќе значи тоа! Болниците и старечките домови ќе бидат вон употреба. Оние кои сега се погодени од последиците на староста, во рајот повторно ќе бидат јаки и здрави (Јов 33:25; Исаија 35:5, 6). Повеќе нема да има мртвачници, гробишта и надгробни споменици. Преку своето Царство, Јехова ‚ќе ја проголта смртта засекогаш‘ (Исаија 25:8). Ваквите благослови сигурно ќе значат нов живот за нас, како и за нашите претци.

[Слика на страница 7]

Оние кои ќе воскреснат на Земјата ќе бидат поданици на Царството

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели