ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • w95 1/7 стр. 5-8
  • Зошто да се бара вистината?

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Зошто да се бара вистината?
  • Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1995
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • Цената на релативизмот
  • Што е вистината?
  • Вистината во акција
  • Највредно богатство
  • Христијаните обожаваат со дух и со вистина
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2002
  • „Ќе одам во твојата вистина“
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство (за проучување) 2018
  • Да го имитираме Богот на вистината
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2003
  • Живеј според вистината
    The Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство (за проучување) 2022
Повеќе
Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1995
w95 1/7 стр. 5-8

Зошто да се бара вистината?

МНОГУ религиозни организации тврдат дека ја имаат вистината и тие ревно им ја нудат на другите. Меѓутоа, помеѓу себе тие нудат збунувачко изобилие од „вистини“. Дали е ова само уште еден доказ дека сите вистини се релативни и дека не постојат апсолутни вистини? Не.

Во својата книга The Art of Thinking (Уметноста на размислувањето), професор В. Р. Руџеро го изразува неговото изненадување што дури и интелигентните луѓе понекогаш велат дека вистината е релативна. Тој заклучува: „Ако секој си ја утврдува својата сопствена вистина, тогаш ничија идеја не може да биде подобра од идејата на другиот. Сите мора да бидат еднакви. А ако сите идеи се еднакви, тогаш која е причината за истражување на која и да било тема? Зошто да се копа во земјата по одговори на археолошки прашања? Зошто да се испитуваат причините за напнатостите на Средниот Исток? Зошто да се бара лек за ракот? Зошто да се истражува галаксијата? Овие работи имаат смисла само ако некои одговори се подобри од другите, ако вистината е нешто одвоено и неизвештачено од индивидуалните гледишта“.

Всушност, никој вистински не верува дека не постои вистина. Кога се работи за физички реалности, како што се медицината, математиката или законите на физиката, дури и најлојалниот релативист ќе верува дека некои работи се вистинити. Кој од нас би се осмелил да патува со авион ако не веруваме дека законите на аеродинамиката се апсолутна вистина? Постојат вистини кои можат да се докажат; тие нѐ опкружуваат, а ние им го доверуваме нашиот живот.

Цената на релативизмот

Сепак, најочевидни се грешките на полето на моралот, бидејќи тоа е подрачјето на кое ваквото размислување направило најмногу штета. The Encyclopedia Americana доаѓа до овој заклучок: „Постоело сериозно сомневање дали спознанието, или познатата вистина, се достижни за човекот . . . Меѓутоа, сигурно е дека секогаш кога блиските идеали за вистината и спознанието се отфрлени како измислени или штетни, човечкото општество се распаѓа“.

Веројатно си забележал таков распад. На пример, библиските морални учења, кои јасно велат дека сексуалниот неморал е неисправен, денес ретко се сметаат за вистина. Ситуационата етика — „одлучи сам што е добро за тебе“ — е преовладувачко мислење. Дали некој може да тврди дека општествениот распад не произлегол од ова релативистичко сфаќање? Навистина, светските епидемии на сексуално преносливи болести, растурени домови и бремености кај тинејџерките се доволен доказ за тоа.

Што е вистината?

Но, да ги оставиме матните води на релативизмот и накратко да ги испитаме чистите води на вистината, опишани во Библијата (Јован 4:14; Откровение 22:17). Во Библијата, зборот „вистина“ воопшто не е како апстрактниот, недостижен поим околу кој дебатираат филозофите.

Кога Исус рекол дека главната цел во неговиот живот била да зборува за вистината, тој зборувал за нешто што верните Евреи го почитувале со векови. Во нивните свети списи, Евреите долго време читале за „вистината“ како за нешто конкретно, а не теоретско. Во Библијата, зборот „вистина“ е превод на хебрејскиот збор „’емет“, кој го означува она што е стабилно, цврсто и веројатно, најмногу од сѐ, веродостојно.

Евреите имале добра причина да ја посматраат вистината на тој начин. Својот Бог Јехова, тие го нарекувале ‚Бог на вистината‘ (Псалм 30:5). Ова било така бидејќи сѐ што рекол Јехова дека ќе стори, тој сторил. Кога дал ветувања, тој ги одржал. Кога вдахнал пророштва, тие се исполниле. Кога донесувал конечни пресуди, тие биле извршени. Милиони Израелци биле очевидци на овие вистини. Инспирираниот запишувач на Библијата ги запишал како неоспорни факти на историјата. За разлика од другите книги кои се сметаат за свети, Библијата не е заснована на митови или легенди. Таа е цврсто втемелена на факти што можат да се проверат — на историски, археолошки, научни и социолошки вистини. Не е ни чудо што псалмистот вели за Јехова: „Твојот закон е вистина. . . . Сите Твои заповеди се вистина. . . . Вистината е основа на Твоите слова“! (Псалм 118:142, 151, 160).

Исус Христос ги повторил зборовите на тој Псалм кога во молитва до Јехова рекол: „Твоето слово е вистина“ (Јован 17:17). Тој знаел дека сѐ што рекол неговиот татко било апсолутно стабилно и веродостојно. Исто така, Исус бил ‚полн со . . . вистина‘ (Јован 1:14). Неговите следбеници го научиле тоа како очевидци и за идните поколенија запишале дека сѐ што рекол било веродостојно, односно вистина.a

Меѓутоа, кога Исус му рекол на Пилат дека дошол на Земјата да зборува за вистината, тој имал на ум една специфична вистина. Исус ја дал таа изјава како одговор на Пилатовото прашање: „Цар ли си?“ (Јован 18:37). Божјето Царство и Исусовата улога како Цар на тоа Царство, биле главната тема, односно суштината на неговото учење додека бил на Земјата (Лука 4:43). Учењето дека ова Царство ќе го посвети Јеховиното име, ќе го оправда неговиот суверенитет и ќе го врати верното човештво во вечен и среќен живот, е „вистината“ во која сите вистински христијани се надеваат. Бидејќи Исусовата улога во исполнувањето на сите Божји ветувања е толку важна и бидејќи сите Божји пророштва станале „Амин“, или вистина поради него, Исус можел со полно право да каже: „Јас сум патот, вистината и животот“ (Јован 14:6; 2. Коринтјаните 1:20; Откровение 3:14).

Прифаќањето на оваа вистина како потполно веродостојна е од големо значење за христијаните денес. Тоа значи дека нивната вера во Бог и нивната надеж во неговите ветувања се темелат на факти, односно на вистини.

Вистината во акција

Не е ни чудо што Библијата ја поврзува вистината со акција (1. Царства 12:24; 1. Јованово 3:18). За богобојазливите Евреи, вистината не била предмет на филозофирање; таа била начин на живот. Хебрејскиот збор за „вистина“ може да значи и „верност“ и тој се користел за да го опише оној на којшто можело да му се верува дека ќе постапува по својот збор. Исус ги поучил своите следбеници вистината да ја гледаат од негова гледна точка. Жестоко го разоткрил лицемерството на фарисеите — широката бездна помеѓу нивните самооправдувачки зборови и нивните неправедни дела. Но, тој го поставил и примерот за живеење според вистините за кои поучувал.

Така треба да биде и со сите Христови следбеници. За нив, вистината од Божјата Реч — разведрувачката добра вест за Божјето Царство под власта на Исус Христос — е повеќе, многу повеќе од само една информација. Оваа вистина ги поттикнува на акција, ги тера да живеат според неа и да ја споделуваат со другите. (Спореди Јеремија 20:9.) За христијанското собрание од првиот век, начинот на живот што го прифатиле тие како следбеници на Христос понекогаш бил познат само како „вистина“ или „патот на вистината“ (2. Јованово 4; 3. Јованово 4, 8; 2. Петрово 2:2).

Највредно богатство

Навистина, прифаќањето на вистините од Божјата Реч си има одредена цена. Како прво, самото запознавање на вистината може да биде тешко искуство. The Encyclopedia Americana забележува: „Вистината честопати е непријатна, бидејќи таа не поддржува предрасуда или мит“. Да се види дека нашите верувања се разоткриени како невистини може да биде разочарувачко, особено ако сме биле поучувани од страна на доверливи религиозни водачи. Ова искуство за некои може да биде исто како да се открие дека родителите на кои им верувале се всушност потајни криминалци. Но, зарем не е подобро да се открие религиозната вистина отколку да се живее во заблуда? Зарем не е подобро да се знаат фактите отколку да се биде манипулиран со лаги?b (Спореди Јован 8:32; Римјаните 3:4.)

Како второ, живеењето според религиозната вистина може да значи неприфаќање од страна на некои кои порано биле наши пријатели. Во светот, каде што толку многу луѓе ‚ја замениле вистината Божја со лага‘, оние кои цврсто се држат за вистината од Божјата Реч изгледаат чудни и понекогаш се избегнувани и погрешно сфатени (Римјаните 1:25; 1. Петрово 4:4).

Но, вистината е вредна за оваа двојна цена. Познавањето на вистината нѐ ослободува од лаги, заблуди и суеверија. А кога живееме по неа, таа нѐ зајакнува да ги издржиме тешкотиите. Божјата вистина е толку веродостојна и добро заснована и толку ни влева надеж, што нѐ оспособува да останеме цврсти под секаков испит. Не е ни чудо што апостол Павле ја споредил вистината со широкиот, цврст кожен појас или каиш, каков што носеле војниците кога оделе во борба! (Ефесјаните 6:13, 14).

Библиската изрека вели: „Купувај вистина и не продавај мудрост, учење и разум“ (Изреки 23:23). Да се отфрли вистината како релативна или непостоечка значи да се биде лишен од највозбудливата и најисполнувачка потрага што животот ја нуди. Да се најде вистината значи да се најде надеж; да се знае и да се сака истата значи да се знае и да се сака Творецот на универзумот и неговиот единороден Син; да се живее според неа значи да се живее со смисла и со душевен мир — сега и засекогаш (Изреки 2:1-5; Захарија 8:19; Јован 17:3).

[Фусноти]

a Во евангелијата има преку 70 места каде што Исус е забележан како го користи единствениот израз за да ја нагласи вистинитоста на своите зборови. Тој често би рекол „Амин“ за да воведе една реченица. Соодветниот хебрејски збор значел „сигурно, вистина“. Забележи што вели The New International Dictionary of New Testament Theology (Новиот меѓународен речник на новозаветната теологија): „Со тоа што ги воведувал своите зборови со амин, Исус ги окарактеризирал како стабилни и сигурни. Тој си стоел на она што го рекол и своите зборови ги направил да бидат врска помеѓу него и неговите слушатели. Тие се израз на неговото величество и авторитет“.

b Грчкиот збор за „вистина“, але́теиа, потекнува од збор кој значи „нескриено“. Според тоа, вистината честопати вклучува откривање на она што порано било скриено. (Спореди Лука 12:2.)

[Рамка на страница 6]

Дали вистината воопшто се менува?

ОВА прашање го поставил В. Р. Руџеро, во својата книга The Art of Thinking (Уметноста на размислувањето). Неговиот одговор е не. Тој елаборира: „Понекогаш може да изгледа дека се менува, но ако се испита поподробно, ќе се увиди дека таа не се менува“.

„Размисли“, вели тој, „за случајот на авторството на првата книга од Библијата — 1. Мојсеева. Со векови, како христијаните така и Евреите, верувале дека таа книга има еден автор. Со текот на времето, ова гледиште било доведено во прашање и на крајот било заменето со верувањето дека најмалку пет автори работеле на книгата 1. Мојсеева. Тогаш, во 1981 биле објавени резултатите од 5-годишните лингвистички анализи на 1. Мојсеева, наведувајќи дека постои 82 постотна веројатност за единично авторство, како што и се мислело првобитно.

Дали вистината за авторството на 1. Мојсеева се променила? Не. Само нашето верување се променило. . . . Вистината нема да се промени поради нашето знаење или незнаење.“

[Рамка на страница 7]

Почитување на вистината

„ПОЧИТУВАЊЕТО на вистината не е едноставно псевдоцинизмот на нашата ера кој се обидува сѐ да ‚демаскира‘, верувајќи дека апсолутно никој или ништо не може да тврди дека ја поседува вистината. Почитувањето на вистината е ставот кој ја поврзува радосната доверба дека вистината сигурно може да се најде и понизната покорност на истата, кога и да е и каде и да се појави. Ваква непристрасност кон вистината се бара од оние кои го обожаваат Богот на вистината, бидејќи должното почитување на вистината осигурува чесност во нечии односи со блиските — било во зборови или на дела. Ова е ставот за кого, како што видовме, сведочат и С[тариот] З[авет] и Н[овиот] З[авет]“ (The New International Dictionary of New Testament Theology, том 3, страница 901).

[Слики на страница 7]

Научниот прогрес се темели на откривањето на научни вистини

[Слика на страница 8]

Вистината го опфаќа Царството и неговите благослови

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели