ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • w96 15/6 стр. 3
  • Можеш ли навистина да го сакаш Бог?

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Можеш ли навистина да го сакаш Бог?
  • Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1996
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • Да се оди со вистинитиот Бог
  • „Имајте нежна наклоност еден кон друг“
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2004
  • Сакај го Богот што те сака
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2006
  • Што значи да се сака Бог?
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1996
  • Да го научиме ненадминливиот пат на љубовта
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1999
Повеќе
Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1996
w96 15/6 стр. 3

Можеш ли навистина да го сакаш Бог?

„НЕ МОЖЕ човек да Го види лицето Мое и да остане жив“ (2. Мојсеева 33:20). Освен тоа, уште од библиски времиња немало доказ дека некој човек имал директна комуникација со него. Зарем не изгледа тешко — дури и невозможно — да се развие длабока наклоност спрема некого кого никогаш директно не си го видел или чул? Дали е навистина возможно да се има еден однос полн со љубов со Творецот на вселената?

Не би требало да постои сомневање во тоа дека е возможно да се развие една срдечна лична приврзаност кон Бог. Во 5. Мојсеева 6:5 читаме дека на нацијата Израел ѝ било заповедано: „Сакај Го Господа, твојот Бог, од сѐ срце, со сета душа твоја и со сите сили твои!“ Подоцна, Исус им го повторил овој закон на своите следбеници и додал: „Тоа е прва и најголема заповед“ (Матеј 22:37, 38). Дали Библијата би нѐ советувала да го сакаме Бог доколку еден таков однос би бил недостижен?

Но, дали Јехова очекува од нас да го сакаме само затоа што тој го заповеда тоа? Не. Бог ја создал првата човечка двојка со способноста да го сакаат. Адам и Ева не биле присилени на еден однос полн со љубов со нивниот Творец. Напротив, Бог ги поставил во идеални околности во кои требало да развијат длабока наклоност кон него. Имале избор — или да се зближат со Бог или да се повлечат од него.

Адам и Ева избрале да се побунат (1. Мојсеева 2:16, 17; 3:6, 7). Меѓутоа, нивните потомци ја имале можноста со Творецот да развијат однос полн со љубов.

Да се оди со вистинитиот Бог

На пример, во Библијата за Авраам се зборува дека бил Божји „пријател“ (Јаков 2:23). Сепак, Авраам сигурно не бил единствениот кој уживал присен однос со Бог. Библијата зборува за многу други несовршени луѓе кои покажувале искрена наклоност кон Јехова и кои ‚живееле според волјата Божја‘ [оделе со вистинскиот Бог, НС] (1. Мојсеева 5:24, НС; 6:9, НС; Јов 29:4; Псалм 24:14; Изреки 3:32).

Божјите слуги од старо време не биле родени со љубов и наклоност спрема Бог. Тие морале да ја развијат. Како? Така што ќе го запознаат по неговото лично име, Јехова (2. Мојсеева 3:13—15; 6:2, 3, обата НС); ќе бидат свесни за неговото постоење и Божество (Евреите 11:6); често ќе размислуваат за неговите дела полни со љубов (Псалм 62:6); во молитва до Бог ќе ги изразуваат своите најдлабоки мисли (Псалм 38:12); ќе научат за неговата доброта (Захарија 9:17) и ќе развијат еден здрав страв да не го навредат (Изреки 16:6).

Можеш ли да станеш Божји пријател и да одиш со него? Вистина, ти не можеш да го видиш Бог или да го чуеш неговиот глас. Меѓутоа, Јехова те повикува да бидеш ‚гостин во неговиот шатор‘ (НС), негов пријател (Псалм 14:1—4). Значи, можно е да го сакаш Бог. Но, како можеш да развиеш еден присен и предан однос со него?

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели