ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • w96 15/6 стр. 23-28
  • Сведоци до најоддалечениот дел од Земјата

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Сведоци до најоддалечениот дел од Земјата
  • Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1996
  • Поднаслови
  • ‚Кога можеме да одиме за Туле?‘
  • На пат за Туле
  • Пресудниот предизвик
  • Нашето добредојде
  • Завршено патување
Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1996
w96 15/6 стр. 23-28

Сведоци до најоддалечениот дел од Земјата

ЕТА

ТУЛЕ

ГОДХАВН

ГОТХОБ

ЈУЛИАНЕХОБ

АНГМАГСАЛИК

ТУЛЕ е дел од едно име што се користи уште од старо време за да се опише некоја конечна цел, географска или некоја друга. Денес, Туле е името на една населба на далечниот север од Гренланд, најголемиот остров на светот. Населбата била наречена така во 1910 година, кога данскиот истражувач Кнут Расмусен ја користел како редовна постојка за поларните експедиции. Дури и сега, одењето во Туле повеќе личи на експедиција отколку на патување од задоволство.

Сепак, постои итна потреба од експедиции за Туле. Во одговор на Исусовата заповед: „Ќе ми бидете сведоци . . . до крајот на земјата“, Јеховините сведоци се желни да ја однесат добрата вест за Божјето Царство до ова место, што е една од најсеверните постојани човечки населби на Земјината топка (Дела 1:8; Матеј 24:14).

‚Кога можеме да одиме за Туле?‘

Во 1955 година, двајца дански Сведоци кои сакаа да имаат удел во проповедањето „до крајот на земјата“, пристигнаа на Гренланд. Подоцна дојдоа и други, и постепено нивното дело на проповедање ги опфати јужниот и западниот брег сѐ до Мелвиловиот Залив и делумно нагоре по источниот брег. Но, до пооддалечените делови како Туле се стигнува скоро исклучително преку писма или по телефон.

Еден ден во 1991 година, Бо и неговата сопруга Хелен, двајца полновремени слуги, стоеја на една карпа од која се гледаше Мелвиловиот Залив. Гледајќи кон север, тие се прашуваа: ‚Кога ќе бидеме во можност да отидеме до Туле и да ја однесеме добрата вест за Царството до тамошните луѓе?‘

Во 1993 година, Вернер, еден друг полновремен слуга, се осмели да го помине Мелвиловиот Залив со својот 5,5-метарски глисер Qaamaneq (Светлост). Тој веќе беше пловел 1.200 километри од Готхоб до подрачјето на Упернавик. Меѓутоа, минувањето на Мелвиловиот Залив — 400 километри на отворена арктичка вода — е сосема друга работа. Поголемиот дел од годината заливот е блокиран од лед. Вернер успеа да го помине заливот, иако поради ледот го загуби едниот мотор. Успеа малку и да проповеда пред да мораше да се врати.

На пат за Туле

После тоа патување, Вернер почна да прави нови планови. Разговараше со Арне и Карин — кои исто така поседуваа брод од 7 метри со четири легла и, што е најважно, со модерна навигациона опрема — во врска со тоа да направат едно заедничко патување до Туле. Бродовите би овозможиле сместување, а со два брода кои патуваат заедно, минувањето на Мелвиловиот Залив би било помалку ризично. За да го обработат главниот дел од градот со неговите 600 жители и шест населби во тоа подрачје, им беше потребно повеќе помош. Затоа ги поканија Бо и Хелен, како и Јорген и Инге — сите искусни слуги кои се запознаени со патувањето во оваа земја — да дојдат со нив. Петмина од оваа група, исто така, зборуваа гренландски.

Тие однапред испратија залихи со библиска литература. Бродовите исто така беа натоварени со литература, како и со други неопходни залихи во храна и вода, гориво, еден резервен мотор, како и еден гумен чамец. Потоа, на 5 август 1994 година, после повеќемесечни подготовки, тимот беше собран и обата брода лежеа спремни и натоварени во пристаништето Илулисат. Патувањето кон север почна. Вернер, Бо и Хелен патуваа со помалиот од двата брода. „Единствено што можеше да правиш беше да седиш или да лежиш на своето легло и да се држиш за нешто“, пишува Бо. Да го проследиме бродскиот дневник од патувањето.

„Имаше долги пространства од мирно море. Пред нашите очи се отвораа прекрасни панорами — светликаво море, места со дебела магла, сјајно сонце и сино небо, ледени брегови со најфасцинантни облици и нијанси, кафеави моржеви кои се сончаат на некоја санта мраз, крајбрежјето со темни планински стрмнини и мали рамници — пејзажот бесконечно се менуваше.

Секако, најинтересниот дел беа посетите во населбите долж патот. Во пристаништата секогаш имаше луѓе, обично деца, за да видат кои се посетителите и да им изразат добредојде. Дистрибуиравме библиска литература и им изнајмувавме на луѓето видеокасета за нашата организација. Многумина беа во можност да ја видат пред да си заминеме. Во Јужен Упернавик, повеќе луѓе допловија до нашите бродови пред ние да влеземе. И така, цела вечер имавме гости на палубата и одговаравме на многу библиски прашања.“

Сега, после првите 700 километри од патувањето, двата брода беа спремни да го поминат Мелвиловиот Залив.

Пресудниот предизвик

„Тоа општо се сметаше за пресуден дел од патувањето. А ние моравме да го минеме во еден замав, бидејќи населбата Сависивик (каде што почнува подрачјето и каде што инаку би нашле засолниште), сѐ уште беше блокирано од лед.

И така, тргнавме. Поради тоа што имаше многу лед, отпловивме уште понатаму кон отворено море. За среќа, водите беа мирни. Првите неколку часа беа монотони — браздејќи милја по милја по океанот. До вечерта го забележавме ’Ртот Јорк и полека свртивме кон север, поблиску до копното. Сега повторно имаше лед — стар, дебел и санти што се распаѓаат, докај што ти гледа окото. Долго време го следевме работ на ледот, понекогаш маневрирајќи меѓу тесните премини. Потоа имаше магла, како некоја густа сивкава супа, необично прекрасна на светлината на зајдисонцето. И бранови! Магла, бранови и лед во исто време — а обично секое за себе претставува доволен предизвик“.

Нашето добредојде

„Кога наближивме до Питуфик, навлеговме во помирни води. Творештвото ни даде едно надмоќно добредојде: високото сонце на синото, сино небо; пред нас — широкиот, блескав фјорд, начичкан со ледени планини што пловат; а далеку напред — карактеристичната силуета на карпата кај Дандас — стариот Туле!“ Околу 100 километри понатаму кон север, патниците дојдоа до своето конечно одредиште.

Сега тие беа желни да почнат со проповедање од куќа до куќа. Двајца од нив наидоа на груб одѕив уште на својата прва врата. „Бевме одбиени како да сме во Данска“, рекоа тие. „Но, мнозинството ни изрази срдечно добредојде. Луѓето беа склони кон размислување и беа добро информирани. Некои спомнаа дека чуле за нас и се радувале што најпосле сме дошле. Запознавме некои прекрасни луѓе, како што се ловци на фоки, кои биле на експедиции до Северниот пол, и староседелци — задоволни и штедливи, со некако скептичен став спрема модерната цивилизација.“

Следните неколку дена им донесоа одлични искуства на сите. Библиската литература насекаде беше примана со ценење. Во повеќе домови, Сведоците веднаш започнаа библиски студии. Инге раскажува за еден дом каде што нашла интерес: „Беше тоа една чиста и удобна куќа со една соба. Три дена едноподруго го посетувавме благиот човек кој живееше таму и многу го засакавме. Тој беше вистински ловец на фоки, имаше кајак надвор пред неговата куќа. Имал убиено многу поларни мечки, моржеви и, се разбира, фоки. При нашата последна посета, се помоливме со него, а очите му се наполнија со солзи. Сега мораме да оставиме сѐ во Јеховини раце и да се надеваме дека ќе имаме време и прилика да се вратиме“.

Туле често го посетуваат канадски Ескими. Инге известува: „Хелен и јас запознавме повеќе Ескими од Канада. Интересно е што тие можат да комуницираат со Гренландците; изгледа дека луѓето од арктичкото подрачје зборуваат сродни јазици. Иако канадските Ескими имаат свој пишан јазик, тие можеа да ја читаат нашата литература на гренландски. Тоа може да им отвори интересни прилики“.

Со чамец беа посетени и населбите на оддалеченост од 50—60 километри. „На нашиот пат до населбата Кекертат, тесно се држевме до крајбрежјето, надевајќи се дека ќе најдеме луѓе кои ловат нарвали. Како и што се надевавме, на еден гребен најдовме еден камп составен од три или четири семејства, облечени во крзно, со своите шатори и кајаци. Со харпун в раце, мажите се менуваа во седењето на една карпа, очекувајќи ги многу посакуваните нарвали. Поради тоа што веќе залудно чекале повеќе денови, не им беше драго што нѐ видоа, бидејќи можевме да ги исплашиме нарвалите! Се чинеше како да се потполно во некој свој свет. Жените зедоа нешто литература, но не беше вистински момент за натамошен разговор. Најпосле, во 23 часот навечер пристигнавме во Кекертат и до 2 часот изутрина ја завршивме нашата последна посета во населбата!

Шеесет километри северно од Каанаак, стигнавме до населбата Сиорапалук, најсеверната населба на Гренланд. Таа е сместена на еден песочен брег на подножјето од едни зелени карпи покриени со трева, во една инаку неплодна околина.“ Во своето дело на проповедање, Сведоците дословно допреа до далечните делови од Земјата, барем во северен правец.

Завршено патување

Сведоците ја завршија својата работа. Тие проповедаа од куќа до куќа и од шатор до шатор, даваа литература, правеа претплати, покажуваа видеофилмови, разговараа со многумина Гренландци и водеа библиски студии. Сега е време да си одат дома. „Вечерта кога влеговме во нашиот гумен чамец за да одвесламе од населбата Мориусак, долу на брегот имаше многу луѓе за да нѐ испратат, мавтајќи ни со книгите или со брошурите што ги беа добиле.“

Подоцна, на еден пуст дел од брегот, Сведоците беа зачудени кога видоа како некој човек им мавта од една карпа — и тоа среде една пустелија! „Се разбира, отидовме кон копното за да се сретнеме. Испадна дека тоа е еден младич од Берлин (Германија), кој патувал покрај брегот во својот кајак и кој бил на пат веќе еден месец. Во Германија редовно го посетувале Јеховини сведоци и имал повеќе нивни книги. Поминавме неколку часа со него, и тој беше навистина импресиониран што сретнал Сведоци на едно вакво место.“

Во населбата Сависивик, што беше заобиколена на поаѓањето, патувачките слуги добија едно огромно добредојде. Некои луѓе таму претходната година добиле и читале литература и гладуваа по уште духовна храна.

За враќање преку Мелвиловиот Залив ни требаа 14 часа. „Бевме очевидци на едно зајдисонце, кое овде горе е доживување од многу часови, со постојана промена на хипнотизирачки бои. Изгрејсонцето, кое веднаш следи, исто така траеше долго време. Додека зајдисонцето од црвени и пурпурни лепези сѐ уште го прекриваа североисточното небо, малку понајуг сонцето штотуку изгреваше. Тоа е сцена што е невозможно адекватно да се опише — или дури и да се фотографира.“ Екипата остана будна цела ноќ.

„Кога стигнавме до Кулорсуак, бевме многу уморни. Но, бевме среќни и задоволни. Успешно го завршивме патувањето! На остатокот од патувањето најдовме многу интерес во градовите и населбите долж брегот. Често беше повторувано прашањето: ‚Зошто не можат некои од вас да останат со нас? Жал ни е што си одите толку брзо!‘“

Во Каарсут, едно љубезно семејство покани петмина од посетителите на оброк. „Семејството бараше да преноќиме таму. Но, поради тоа што на 40 километри понатаму имаше подобри места за укотвување, ја одбивме поканата и отпловивме. Подоцна чувме дека рано следното утро се откорнал еден огромен леден брег, а таму каде што беа нашите бродови, еден бран превртел 14 мали бротчиња!“

Најпосле, групата се врати назад во Илулисат, со што експедицијата до Туле потполно заврши. Отприлика во исто време, двајца други објавители патуваа до изолирани делови на источниот брег од Гренланд. На овие две патувања, објавителите дистрибуираа вкупно 1.200 книги, 2.199 брошури, 4.224 списанија и направија 152 претплати. Контактот со многуте нови интересенти сега се одржува преку телефон и преку допишување.

И покрај времето, енергијата и финансиите што се вклучени, Јеховините сведоци наоѓаат огромна радост во извршувањето на налогот од својот Учител да ‚му бидат сведоци . . . до најоддалечениот дел на Земјата‘ (Дела 1:8, НС).

[Рамка на страница 28]

На источниот брег на Гренланд

ОТПРИЛИКА во исто време кога групата објавители стигна до Туле, една двојка Сведоци, Виго и Соња, патуваа до едно друго необработувано подрачје — Итокортоормиит (Скорсбисун) на источниот брег на Гренланд. За да стигнат дотаму, мораа да патуваат до Исланд, да земат авион назад до Констабл Поинт на брегот на Гренланд, а потоа да одат со хеликоптер.

„Ова беше првпат овде да дојдат Јеховини сведоци“, раскажуваат овие двајца пионери, чиј мајчин јазик е гренландски. „И покрај нивната изолираност, луѓето беа изненадувачки добро упатени. Сепак, се радуваа да научат нови работи. Како надарени раскажувачи, желно ни раскажуваа за нивниот лов на фоки и за други доживувања во природата.“ Како реагираа тие на проповедничкото дело?

„Проповедајќи од куќа до куќа, се запознавме со Џ., кој е катихет. ‚Ви благодарам што ме вклучивте во вашите посети‘, рече тој. Му ја покажавме нашата литература и како да ја користи. Следниот ден тој дојде кај нас и сакаше да дознае повеќе за името Јехова. Му покажавме едно објаснување во една фуснота во неговата сопствена гренландска Библија. Кога заминавме, тој им телефонирал на нашите пријатели во Нуук за да ја изрази својата благодарност за нашата посета. Мораме да се потрудиме да му помагаме и понатаму на овој човек.

Исто така, се запознавме со О., наставник кој знае за Јеховините сведоци. Ни даде два часа да зборуваме пред неговото одделение од 14 до 16-годишници. Така, им го покажавме нашиот видеофилм и одговаравме на нивните прашања. Книгата Questions Young People Ask—Answers That Work (Младите прашуваат — делотворни одговори)a и други книги одеа како алва. Подоцна се сретнавме со три девојки од одделението. Имаа многу прашања, а едната од нив беше особено заинтересирана. Таа праша: ‚Како се станува Сведок? Сигурно е добро да се биде како вас. И татко ми е на ваша страна‘. Ние ѝ ветивме дека ќе ѝ пишеме.

Во една од населбите се запознавме со еден друг катихет, М., со кого имавме интересна дискусија. Тој се понуди дека ќе се погрижи за луѓето кои биле излезени на лов, веднаш штом се вратат да добијат наша литература. Така, сега тој е наш ‚објавител‘ во тоа оддалечено место.“

Иако тоа беше кружно и исцрпувачко патување, двајцата пионери мислат дека нивните напори беа богато наградени.

[Фуснота]

a Издадена од Библиското и трактатно Друштво Стражарска кула, Њујорк, инк.

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели