ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • w00 15/7 стр. 21-23
  • Дали си под влијание на циниците?

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Дали си под влијание на циниците?
  • Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2000
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • Древни циници — нивното потекло и верувања
  • Ефект врз нивниот начин на живот
  • Денешни циници — дали треба да ги покажуваш нивните карактеристики?
  • Начини да се бориме против цинизмот
  • Препуштени на свет во кој сѐ е релативно
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2007
  • Дали сте знаеле?
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2012
  • Не сме праматари со Божјата Реч
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1992
  • Бесмртност на душата — раѓање на доктрината
    Што ни се случува кога ќе умреме?
Повеќе
Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2000
w00 15/7 стр. 21-23

Дали си под влијание на циниците?

„ЦИНИК е оној кој никогаш не гледа добра особина кај некој човек, и никогаш не пропушта да ја види лошата. Тој е човек-був, буден во темнина, и слеп на светлина, внимателно пребарувајќи за да најде некој штеточинец, и никогаш не гледајќи благороден плен.“ Оваа изјава му се припишува на Хенри Ворд Бичер, американски свештеник од 19 век. Можеби многумина мислат дека тоа е точен опис на духот на еден современ циник. Но, зборот „циник“ потекнува од древна Грција, каде што не означувал само човек кој покажувал таков став. Тој со векови укажувал на една школа на филозофи.

Како се развила филозофијата на циниците? За што поучувале тие? Дали карактеристиките на еден циник би биле пожелни за еден христијанин?

Древни циници — нивното потекло и верувања

Древна Грција била легло на дискусии и дебати. Низ вековите кои воделе до нашата ера, мажи како што се Сократ, Платон и Аристотел ги предложиле филозофиите со кои се прочуле. Нивните учења имале длабок ефект врз луѓето, а таквите идеи сѐ уште можат да се најдат во западната култура.

Сократ (470—399 пр.н.е.) аргументирал дека трајна среќа нема да се најде во стремежот по материјални работи ниту во уживањето во сетилните задоволства. Тврдел дека вистинската среќа е резултат на живот посветен на потрагата по доблести. Сократ сметал дека доблеста е конечното добро. За да ја постигне оваа цел, го отфрлил материјалниот луксуз и непотребните стремежи бидејќи мислел дека тие би му претставувале пречка. Се залагал за умереност и самооткажување, за водење едноставен, штедлив живот.

Сократ развил една метода на поучување позната како сократика. Додека повеќето мислители изнесувале идеи и давале потпорни аргументи, Сократ го правел спротивното. Ги слушал теориите на другите филозофи и настојувал да ги разоткрие недостатоците во нивните идеи. Ваквиот пристап охрабрувал на критизерски и презирен став кон другите.

Меѓу следбениците на Сократ бил и еден филозоф по име Антистен (околу 445—365 пр.н.е.). Тој и неколку други го одвеле основното учење на Сократ чекор понатаму така што рекле дека доблеста е единственото добро. За нив стремежот по задоволства не бил само пречка туку и еден облик на зло. Со тоа што станале крајно недруштвени, тие покажувале голем презир кон другите луѓе. Станале познати како циници. Името циник можеби е изведено од еден грчки збор (киникос) што го опишувал нивното мрзоволно и арогантно однесување. Тоа значи „како куче“.a

Ефект врз нивниот начин на живот

Иако елементите на циничката филозофија како што се, на пример, противењето кон материјализмот и кон самопопустливоста можеби биле сметани сами по себе за нешто пофално, циниците претерувале со своите идеи до крајности. Ова се гледа од животот на најпознатиот циник — филозофот Диоген.

Диоген е роден во 412 пр.н.е. во Синопе, град на Црно Море. Со својот татко се преселил во Атина каде што дошол во контакт со учењата на циниците. Диоген бил поучуван од Антистен и сосема се внел во циничката филозофија. Сократ водел едноставен живот, а Антистен суров живот. Но, Диоген водел аскетски живот. Се верува дека за да нагласи дека ги отфрла материјалните удобности, Диоген кратко време живеел во буре!

Се вели дека во потрага по врховното добро, Диоген сред бел ден шетал низ Атина со ламба барајќи доблесна личност! Таквото однесување привлекло внимание и било средство преку кое Диоген и другите циници поучувале. Се вели дека еднаш Александар Велики го прашал Диоген што најмногу сака. Наводно Диоген одговорил дека само сака Александар да му се тргне за да не му го затскрива сонцето!

Диоген и другите циници живееле како питачи. Немале време за нормални човечки односи, и ги отфрлале граѓанските должности. Можеби под влијание на сократичката метода на аргументирање, станале луѓе кои воопшто немале почит кон другите. Диоген станал познат по својот зајадлив сарказам. Циниците заработиле репутација дека се „како кучиња“, но самиот Диоген го добил прекарот Кучето. Умрел отприлика во 320 пр.н.е., на околу 90-годишна возраст. Над неговиот гроб бил подигнат мермерен споменик во облик на куче.

Некои аспекти на циничката филозофија биле апсорбирани во другите школи на мислење. Меѓутоа, со текот на времето ексцентриците поврзани со Диоген и подоцнежните следбеници ја довеле циничката школа на лош глас. На крај, таа сосема исчезнала.

Денешни циници — дали треба да ги покажуваш нивните карактеристики?

The Oxford English Dictionary опишува еден денешен циник како „лице кое е склоно да се кара и да наоѓа грешки . . . Некој кој покажува тенденција да не верува во искреноста или добрината на човечките мотиви и постапки, и е склон да го изразува тоа со подбивање и сарказам; потсмевлив ситничар“. Овие карактеристики ги покажува светот околу нас, но, се разбира, тие не можат да се спојат со христијанската личност. Разгледај ги следниве учења и начела од Библијата.

„Штедар и милостив е Господ, долготрпелив и многумилостив; Он не се гневи до крај [не наоѓа грешки, NW], ниту вечно се лути“ (Псалм 102:8, 9). На христијаните им е речено да ‚се угледаат на Бог‘ (Ефесјаните 5:1). Штом Семоќниот Бог избира да покаже штедрост и да биде многумилостив наместо ‚склон да се потсмева и да наоѓа грешки‘, сигурно дека и христијаните треба да се обидат да го прават истото.

Исус Христос, точниот отпечаток на Јехова, ‚ни оставил пример [тесно, NW] да врвиме по Неговите стапки‘ (1. Петрово 2:21; Евреите 1:3). Понекогаш Исус ги разоткривал религиозните лаги и сведочел во врска со злобните дела на светот (Јован 7:7). Сепак, за искрените луѓе кажувал пофални работи. На пример, во врска со Натанаил рекол: „Еве вистински Израелец во кого нема лукавство“ (Јован 1:47). Кога Исус ќе направел некое чудо, се сосредоточувал на верата на примателот (Матеј 9:22). И кога некои мислеле дека дарот на ценење на една жена бил нешто претерано, Исус не бил циничен во врска со нејзините мотиви туку рекол: „Каде и да биде проповедано ова Евангелие, по цел свет ќе се прикажува за нејзин спомен и тоа што го направи таа“ (Матеј 26:6—13). Исус бил доверлив пријател и нежен придружник на своите следбеници, ‚сакајќи ги до крај‘ (Јован 13:1).

Со оглед на тоа што бил совршен, Исус можел лесно да најде грешки кај несовршените луѓе. Меѓутоа, наместо да манифестира дух на неверување и наоѓање мани, тој настојувал да ги освежи луѓето (Матеј 11:29, 30).

„[Љубовта] во сѐ верува“ (1. Коринтјаните 13:7). Оваа изјава е во директна спротивност со природата на циникот кој се сомнева во мотивите и постапките на другите. Се разбира, светот е полн со луѓе кои имаат задни мотиви; па затоа постои потреба да се биде претпазлив (Изреки 14:15). Сепак, љубовта е спремна да верува бидејќи има доверба, таа не е претерано сомничава.

Бог ги сака своите слуги и им верува. Тој ги знае нивните ограничувања многу подобро отколку тие самите. Меѓутоа, Јехова никогаш не постапува со својот народ сомничаво, и не очекува од нив повеќе отколку што можат разумно да направат (Псалм 102:13, 14). Освен тоа, Бог го бара доброто кај луѓето, и со доверба им дава предности и авторитет на своите лојални — иако несовршени — слуги (3. Царства 14:13; Псалм 81:6).

„Јас, Господ, проникнувам во срцето и ја испитувам утробата, за да му дадам на секого според патот негов и според плодовите на делата негови“ (Јеремија 17:10). Јехова може точно да го прочита срцето на едно лице. Ние не можеме. Затоа треба да бидеме внимателни во врска со припишувањето извесни мотиви на другите.

Ако му дозволиме на циничниот дух да пушти корен во нас и на крај да доминира со нашето размислување, тоа има потенцијал да создаде поделби меѓу нас и соверниците. Може да го наруши мирот во христијанското собрание. Затоа, да го следиме примерот на Исус кој бил реалистичен, а сепак позитивен во постапувањето со своите ученици. Тој им станал доверлив пријател (Јован 15:11—15).

„Како што сакате да постапуваат луѓето со вас, така постапувајте и вие со нив!“ (Лука 6:31). Постојат многу начини да го примениме овој совет на Исус Христос. На пример, сите ние претпочитаме со нас да се разговара со љубезност и со почит. Тогаш, сигурно дека и ние треба да зборуваме со другите на начин кој е љубезен и полн со почит. Дури и кога жестоко ги разоткривал лажните учења на верските водачи, Исус никогаш не го правел тоа на циничен начин (Матеј 23:13—36).

Начини да се бориме против цинизмот

Ако сме доживеале разочарувања, можеби е лесно да дозволиме да паднеме под влијание на цинизмот. Можеме да се бориме против оваа склоност ако сфатиме дека Јехова постапува со својот несовршен народ со доверба. Ова може да ни помогне да ги прифатиме другите Божји обожаватели заради она што тие се — несовршени луѓе кои се обидуваат да го прават она што е исправно.

Болните искуства може да наведат некои да немаат доверба во луѓето. Точно, не е мудро да ја положиме целата наша доверба во несовршени луѓе (Псалм 145:3, 4). Меѓутоа, во христијанското собрание многумина искрено сакаат да бидат извор на охрабрување. Помисли само на илјадниците кои им се како мајки, татковци, сестри, браќа и деца на оние кои ги изгубиле своите семејства (Марко 10:30). Помисли на тоа колкумина се покажуваат како вистински пријатели во времиња на неволјаb (Изреки 18:25).

Братската љубов, а не цинизмот, е таа која ги идентификува Исусовите следбеници, зашто тој рекол: „По тоа ќе ве познаат сите дека сте Мои ученици, ако имате љубов помеѓу себе“ (Јован 13:35). Затоа, да покажуваме љубов, и да се сосредоточиме на добрите особини на сохристијаните. Тоа ќе ни помогне да ги избегнуваме карактеристиките на циник.

[Фусноти]

a Друга веројатност е дека името циник доаѓа од киносаргес, гимназија во Атина каде што предавал Антистен.

b Види ја статијата со наслов „Христијанското собрание — извор на зајакнувачка помош“ во Стражарска кула од 15 мај 1999.

[Слика на страница 21]

Најпознатиот циник, Диоген

[Извор на слика]

Од книгата Great Men and Famous Women (Големите мажи и прочуените жени)

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели