ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • w01 1/5 стр. 29-30
  • Библијата во единечен том

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Библијата во единечен том
  • Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2001
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • Грижлив уредник на Библијата
  • Кодекс Грандиор
  • Од јужна Италија до Британските Острови
  • Враќање во Италија
  • Зошто е скапоцен Ватиканскиот кодекс?
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2009
  • Од свиток до книга — како Библијата станала книга
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2007
  • Дешифрирање на еден скапоцен библиски текст
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2009
Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2001
w01 1/5 стр. 29-30

Библијата во единечен том

ЗА ДА прават преписи од Библијата, раните христијани биле најистакнати во употребата на кодексот — кој е книга, а не свиток. Меѓутоа, христијаните не почнале веднаш да произведуваат единечен том кој ги содржел сите библиски книги. Важен чекор кон раширеното производство на Библии во еден том презел Флавиј Касиодор во шестиот век.

Флавиј Магнус Аврелиј Касиодор е роден околу 485—490 н.е. во богато семејство во Калабрија, најјужниот дел на денешна Италија. Живеел во еден бурен период во италијанската историја кога полуостровот бил окупиран, првин од Готите а потоа од Византијците. Кога имал околу 60 или 70 години, Касиодор го основал манастирот Вивариум и една библиотека во близина на својот дом во Скилаче (Калабрија).

Грижлив уредник на Библијата

Меѓу главните грижи на Касиодор била како да им се направи Библијата достапна на луѓето. „Според Касиодор“, пишува историчарот Питер Браун, „целата латинска литература требало да се стави во служба на таа цел. Сите помагала кои претходно се користеле за студирање и препишување на класичните текстови требало да се употребат за да се разбере Писмото и интелигентно да се препише. Како еден новоформиран планетарен систем, латинската култура во целина требало да се врти во орбита околу огромното сонце на Божјата реч.“

Касиодор собрал преведувачи и граматичари во манастирот Вивариум за да го споредат текстот од целата Библија со текстот од оригиналот и го надгледувал грижливиот процес на уредување. Работата им ја доверил само на неколку учени луѓе. Тие требало да избегнуваат избрзани поправки на наводните грешки на препишувачите. Ако се појавело прашање во врска со граматиката, древните библиски манускрипти требало да се земат предвид како поголем авторитет од прифатената латинска употреба. Касиодор ги упатил: „Граматичките особености . . . мора да се сочуваат, бидејќи не може текст познат како инспириран да биде подложен на отстапување . . . Библиските методи на изразување, метафора и идиоми мора да се сочуваат, дури и ако според латинските стандарди се многу чудни, како што мора да биде случај и со ‚хебрејските‘ форми на сопствените имиња“ (The Cambridge History of the Bible).

Кодекс Грандиор

Препишувачите во манастирот Вивариум добиле налог да направат најмалку три засебни изданија на Библијата на латински јазик. Едното од нив, во девет тома, веројатно го содржело стариот латински текст, превод кој се појавил кон крајот на вториот век. Второто издание ја содржело латинската Вулгата, која ја довршил Ероним кон почетокот на петтиот век. А третото, Кодекс Грандиор, што значи „поголем кодекс“, било земено од три библиски текста. Во последниве две изданија, на едно место биле собрани сите библиски книги во единечен том.

Изгледа Касиодор бил првиот што направил латински Библии во единечни томови, давајќи им назнака пандекта.a Тој несомнено увидел колку е практично сите библиски книги да се стават во еден том, и на тој начин да се елиминира барањето во неколку тома, процес кој одзема многу време.

Од јужна Италија до Британските Острови

Кратко по смртта на Касиодор (веројатно околу 583 н.е.), започнало патувањето на Кодекс Грандиор. Се верува дека, во тоа време, дел од библиотеката Вивариум бил преместен во Латеранската библиотека во Рим. Во 678 н.е., англо-саксонскиот опат Чалфрит го однел кодексот со себе на Британските Острови кога се вратил од една посета на Рим. На тој начин влегол во двата манастири, во Вирмут и Џароу, со кои раководел Чалфрит, во она што денес е Нортамбрија (Англија).

Библијата на Касиодор во единечен том сигурно ги фасцинирала Чалфрит и неговите калуѓери, кои веројатно биле привлечени од нејзината лесна употреба. Затоа, за само неколку децении, тие произвеле уште три комплети Библии како единечни томови. Единствениот преживеан примерок од нив е еден огромен манускрипт наречен Кодекс Амијатинус. Тој има 2.060 страници од телешка кожа, а димензиите на секоја страница се околу 51х33 сантиметри. Заедно со кориците, неговата дебелина изнесува 25 сантиметри, а тежината повеќе од 34 килограми. Тоа е најстариот комплетен единечен том на латинска Библија кој сѐ уште постои. Угледниот библичар од 19 век Фентон Џ. А. Хорт го идентификувал кодексот во 1887. Неговиот ентузијазам се гледа во коментарот што го дал: „Дури и кај еден современ набљудувач, ова чудо [од манускрипт] остава впечаток кој се сведува речиси на страхопочит“.

Враќање во Италија

Оригиналниот Кодекс Грандиор, за кој издал налог Касиодор, сега го нема. Но, неговиот англо-саксонски потомок, Кодекс Амијатинус, набрзо откако бил довршен тргнал на едно повратно патување кон Италија. Кратко пред да умре, Чалфрит решил да се врати во Рим. Со себе зел еден од своите три латински библиски манускрипти како подарок за папата Григориј II. Чалфрит умрел додека бил на пат, во 716 н.е., во Лангр (Франција). Но, неговата Библија го продолжила патувањето со група патници. Кодексот на крајот бил вклучен во библиотеката на манастирот на планината Амијата (централна Италија), и по тоа место го добива името Кодекс Амијатинус. Во 1782 манускриптот бил преместен во библиотеката Медичи-Лауренцијана во Фиренца (Италија) каде што останува еден од најценетите поседи на библиотеката.

Какво влијание врз нас извршил Кодекс Грандиор? Од времето на Касиодор, препишувачите и печатарите сѐ повеќе биле наклонети кон производство на Библии во единечен том. До ден-денес, поседувањето Библија во ваков облик им олеснува на луѓето да ја отворат и со тоа да извлечат корист од нејзината моќ во својот живот (Евреите 4:12).

[Фуснота]

a Комплетни Библии на грчки изгледа се во оптек од четвртиот или петтиот век.

[Карта на страница 29]

(Види во публикацијата)

Патувањето на Кодекс Грандиор

манастир Вивариум

Рим

Џароу

Вирмут

Патувањето на Кодекс Амијатинус

Џароу

Вирмут

пл. Амијата

Фиренца

[Извор на слика]

Mountain High Maps® Copyright © 1997 Digital Wisdom, Inc.

[Слики на страница 30]

горе: Кодекс Амијатинус лево: Портрет на Езра во Кодекс Амијатинус

[Извор на слика]

Библиотеката Медичи-Лауренцијана, Фиренца

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели