ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • w03 15/11 стр. 8-12
  • ‚Исправно ракувај со Божјата реч‘

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • ‚Исправно ракувај со Божјата реч‘
  • Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2003
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • Павле — ревносен објавител на Царството
  • Нашата служба мора да се темели на Божјата реч
  • Нашето однесување мора да биде добро
  • Божјата реч има моќ да преобрази
  • И понатаму исправно ракувај со Божјата реч
  • Дали исправно управуваш со Божјата Реч?
    Нашата служба за Царството 1996
  • Користи го вешто „мечот на духот“
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2010
  • Нашата „кутија со алатки“ за поучување
    Нашата служба за Царството 2015
  • Поучувај ги другите за вистината
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство (за проучување) 2018
Повеќе
Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2003
w03 15/11 стр. 8-12

‚Исправно ракувај со Божјата реч‘

„Дај сѐ од себе да се покажеш како одобрен пред Бог, како работник кој нема од што да се срами, кој исправно ракува со речта на вистината“ (2. ТИМОТЕЈ 2:15).

1, 2. а) Зошто на работниците им се потребни алатки? б) Во кое дело се зафатени христијаните, и како покажуваат дека најнапред го бараат Царството?

НА РАБОТНИЦИТЕ им се потребни алатки за да можат да си ја завршат работата. Но, не е доволно само да имаш некаква алатка. На работникот му се потребни исправните алатки и мора да ги користи на исправен начин. На пример, ако сакаш да прицврстиш две даски додека градиш колиба, нема да ти требаат само чекан и шајки. Ќе треба да знаеш како да ја заковеш шајката во дрвото без да ја свиткаш. Ќе ти биде многу тешко, па дури и ќе се исфрустрираш, ако се обидеш да заковеш шајка во дрвото без да знаеш како да користиш чекан. Но, ако исправно ракуваме со алатките, ќе можеме да ги извршиме задачите со задоволувачки резултати.

2 Како христијани, и ние треба да завршиме една работа. Тоа е работа што е од најголема важност. Исус Христос ги поттикнал своите следбеници ‚да го бараат најнапред царството‘ (Матеј 6:33). Како можеме да го правиме тоа? Еден начин е да бидеме ревносни во проповедањето на Царството и во делото на правење ученици. Друг начин е цврсто да ја темелиме нашата служба на Божјата реч. Трет начин е добро да се однесуваме (Матеј 24:14; 28:19, 20; Дела 8:25; 1. Петрово 2:12). За да бидеме делотворни и среќни на оваа христијанска доделба, потребни ни се соодветни алатки и спознание како да ракуваме исправно со нив. Во врска со тоа, апостол Павле дал извонреден пример како христијански работник и ги охрабрил соверниците да го имитираат (1. Коринќаните 11:1; 15:10). Според тоа, што можеме да научиме од Павле, кој го извршувал истото дело како и ние?

Павле — ревносен објавител на Царството

3. Зошто може да се рече дека апостол Павле бил ревносен работник за Царството?

3 Каков работник бил Павле? Тој сигурно бил ревносен. Павле многу се напрегал, ширејќи ја добрата вест низ едно големо подрачје околу Медитеранот. Давајќи една причина зошто толку воодушевено го објавува Царството, овој неуморен апостол рекол: „Ако ја објавувам добрата вест, тоа за мене не е причина да се фалам, зашто наметната ми е нужност. Навистина, тешко мене ако не ја објавувам добрата вест!“ (1. Коринќаните 9:16). Дали Павле бил заинтересиран само за тоа да си го спаси сопствениот живот? Не. Тој не бил себичен. Наместо тоа, сакал и другите да извлечат корист од добрата вест. Павле напишал: „Сѐ правам заради добрата вест, за да имам удел во неа со другите“ (1. Коринќаните 9:23).

4. Која алатка најмногу ја ценат христијанските работници?

4 Апостол Павле бил скромен работник што сфатил дека не може да се потпира само на своите вештини. Исто како што на еден дрводелец му треба чекан, на Павле му требала исправната алатка за да ја всади Божјата вистина во срцата на оние што го слушале. Која алатка ја користел најмногу? Божјата реч, Светото писмо. На сличен начин, и за нас целата Библија е главната алатка што ја користиме како помош да правиме ученици.

5. За да бидеме делотворни министри, што треба да правиме освен што ќе цитираме библиски стихови?

5 Павле знаел дека исправното ракување со Божјата реч вклучувало нешто повеќе отколку само да цитира од неа. Тој користел ‚уверливост‘ (Дела 28:23). Како? Павле успешно ја користел Божјата пишана реч за да убеди многумина да ја прифатат вистината за Царството. Тој резонирал со нив. Во текот на три месеци, во синагогата во Ефес Павле ‚држел говори и изнесувал уверливи аргументи за Божјето царство‘. Иако некои ‚станале закоравени и не верувале‘, други слушале. Како резултат на службата што ја извршувал Павле во Ефес, ‚Јеховината реч моќно растела и преовладувала‘ (Дела 19:8, 9, 20).

6, 7. На кој начин Павле ја славел својата служба, и како можеме и ние да го правиме тоа?

6 Како ревносен објавител на Царството, Павле ‚ја славел својата служба‘ (Римјаните 11:13). Како? Тој не бил заинтересиран за тоа лично да се истакне ниту, пак, се срамел да биде јавно познат како Божји соработник. Наместо тоа, својата служба ја сметал за најголема чест. Павле ракувал со Божјата реч вешто и делотворно. Неговата плодна активност им дала поттик на другите, мотивирајќи ги поцелосно да ја извршуваат својата служба. И на овој начин ја славел својата служба.

7 Исто како Павле, и ние можеме да го славиме нашето дело како министри користејќи ја Божјата реч често и делотворно. Во сите гранки на службата на теренот, треба да имаме за цел да споделиме по нешто од Писмото со колку што е можно повеќе луѓе. Како можеме да го правиме тоа со уверливост? Да разгледаме три важни начини: 1) Да го насочиме вниманието на Божјата реч на начин на кој ќе предизвикаме кај другите почит кон неа. 2) Тактично да го објасниме и да укажеме на примената на она што го вели Библијата. 3) Да резонираме на темел на Писмото на еден убедлив начин.

8. Кои алатки за проповедање на Царството ги имаме денес, и како си ги користел?

8 Денешните објавители на Царството имаат алатки што ги немал Павле додека ја извршувал својата служба. Тоа се книги, списанија, брошури, покани, трактати и аудио и видеокасети. Во минатиот век се користеле и картички за сведочење, фонографи, автомобили со озвучување и радиоемисии. Се разбира, најдобра алатка ни е Библијата. Оваа неопходна алатка треба да ја користиме добро и исправно.

Нашата служба мора да се темели на Божјата реч

9, 10. Во врска со користењето на Божјата реч, што можеме да научиме од советот што Павле му го дал на Тимотеј?

9 Како можеме да ја користиме Божјата реч како делотворна алатка? На тој начин што ќе ги послушаме овие зборови што Павле му ги упатил на својот соработник Тимотеј: „Дај сѐ од себе да се покажеш како одобрен пред Бог, како работник кој нема од што да се срами, кој исправно ракува со речта на вистината“ (2. Тимотеј 2:15). Што повлекува со себе ‚исправното ракување со речта на вистината‘?

10 Грчкиот збор преведен со „исправно ракува“ дословно значи „да сече право“ или „да се сече право по една линија“. Во христијанските грчки списи овој термин се користи само во советот што Павле му го дал на Тимотеј. Истиот збор може да се употреби и за да се опише орање на права бразда во нива. Секако дека би било срам за еден искусен земјоделец да изора крива бразда. За да биде „работник кој нема од што да се срами“, Тимотеј бил потсетен дека во ништо не смее да отстапи од вистинските учења од Божјата реч. Тимотеј не смеел да дозволи неговите лични гледишта да го обликуваат неговото учење. Тој требало да го сосредоточи своето проповедање и поучување строго на Писмото (2. Тимотеј 4:2—4). На овој начин, лицата со искрени срца ќе бидат насочени да го имаат Јеховиното гледиште за работите, а не да ја прифатат световната филозофија (Колошаните 2:4, 8). Истото важи и денес.

Нашето однесување мора да биде добро

11, 12. Како влијае нашето однесување врз исправното ракување со Божјата реч?

11 Не е доволно само исправно да ракуваме со Божјата реч објавувајќи ги нејзините вистини. Нашето однесување мора да биде во склад со неа. „Ние сме Божји соработници“ и затоа не смееме да бидеме лицемерни работници (1. Коринќаните 3:9). Божјата реч вели: „Меѓутоа, зарем ти кој учиш друг, не се учиш самиот себе? Зарем ти кој проповедаш ‚Не кради‘, крадеш? Зарем ти кој велиш ‚Не врши прељуба‘, вршиш прељуба? Зарем ти кој изразуваш гадење од идолите, пљачкаш храмови?“ (Римјаните 2:21, 22). Значи, како Божји работници во денешно време, еден начин на кој исправно ракуваме со Божјата реч е да го послушаме следниов совет: „Надевај се на Господа со сето свое срце и не се потпирај врз сопствениот разум. Мисли на Него на сите свои патишта и Тој ќе ги исправи твоите патеки“ (Пословици 3:5, 6).

12 Кои резултати можеме да ги очекуваме ако исправно ракуваме со Божјата реч? Да ја разгледаме моќта што пишаната Божја реч може да ја има врз животот на луѓето со искрени срца.

Божјата реч има моќ да преобрази

13. Што може да создаде кај една личност применувањето на Божјата реч?

13 Кога ќе се прифати како меродавна, пораката од Божјата реч врши силно влијание што им помага на луѓето да прават извонредни промени во својот живот. Павле видел како дејствува Божјата реч и бил сведок на нејзиното позитивно влијание врз оние што станале христијани во древниот Солун. Затоа им рекол: „Ние непрестајно му благодариме на Бог, зашто кога ја примивте Божјата реч која ја чувте од нас, ја прифативте не како реч од луѓе туку, како што таа навистина е, како реч Божја која и дејствува во вас, верниците“ (1. Солуњаните 2:13). За тие христијани — всушност, за сите вистински следбеници на Христос — инфериорната логика на човекот не може да се мери со супериорната мудрост на Бог (Исаија 55:9). Солуњаните ‚ја прифатиле речта со радоста на светиот дух‘ и им станале пример на другите верници (1. Солуњаните 1:5—7).

14, 15. Колку е моќна пораката од Божјата реч, и зошто?

14 Божјата реч е моќна, исто како и нејзиниот Извор, Јехова. Таа доаѓа од „живиот Бог“, оној што со својот збор „ги создаде небесата“ и чиј збор секогаш ‚го извршува она заради кое го испратил‘ (Евреите 3:12; Псалм 33:6; Исаија 55:11). Еден библиски изучувач го дал следниов коментар: „Бог не се одвојува себеси од својата Реч. Тој не се одрекува од неа како да му е нешто туѓо . . . Затоа таа никогаш не е нешто мртво, нешто што не чувствува што се прави со него; бидејќи таа е врска на обединетост со живиот Бог“.

15 Колку е моќна пораката што доаѓа од Божјата реч? Таа има огромна моќ. Со право Павле напишал: „Речта Божја е жива и врши силно влијание и е поостра од кој и да било меч со две сечила и продира дури до разделување на душа и дух, на зглобови и нивната срцевина, и може да ги распознае мислите и намерите на срцето“ (Евреите 4:12).

16. Колку темелно може Божјата реч да промени една личност?

16 Пораката во Божјата пишана реч е „поостра од кој и да било меч со две сечила“. Значи, таа има толку силна продорна моќ што надминува секаков човечки инструмент или алатка. Божјата реч продира до највнатрешните делови на една личност и може да ја промени однатре, влијаејќи врз тоа како размислува таа и што сака, правејќи ја прифатлив, побожен работник. Колку само моќна алатка!

17. Објасни ја преобразувачката моќ на Божјата реч.

17 Божјата реч разоткрива каква навистина е личноста во сржта за разлика од она што таа личност го мисли за себе или што дозволува да го видат другите (1. Самоил 16:7). Дури и некој што е злобен понекогаш може да скрие каков е однатре прикривајќи се зад маска на добрина и побожност. Злобните се прикажуваат во лажно светло од злобни причини. Гордите се кријат зад лажна понизност додека во исто време копнеат да го чујат одобрувањето од луѓето. Меѓутоа, разоткривајќи што навистина им е во срцето, Божјата реч може силно да поттикне некој понизен поединец да ја соблече старата личност и ‚да ја облече новата личност која е создадена по Божја волја во вистинска праведност и лојалност‘ (Ефешаните 4:22—24). Исто така, учењата од Божјата реч можат да ги преобразат плашливите во смели Сведоци на Јехова и ревносни објавители на Царството (Еремија 1:6—9).

18, 19. Врз основа на овие пасуси или на лично искуство од службата на теренот, покажи како библиската вистина може да го промени ставот на една личност.

18 Преобразувачката моќ на Божјата реч влијае позитивно врз луѓето насекаде. На пример, објавителите на Царството од Пном Пен (Камбоџа) двапати месечно проповедале во провинцијата Компонг Шам. Откако чула како другите свештеници зборуваат против Јеховините сведоци, една пасторка од тоа место се договорила да се види со Сведоците следниот пат кога ќе појдат во таа провинција. Ги преплавила со прашања во врска со прославувањето празници и внимателно слушала додека резонирале со неа на темел на Писмото. Тогаш извикнала: „Сега знам дека она што го велат другите пастори за вас не е точно! Тие тврдеа дека не ја користите Библијата, но вие цело утро ја користевте само неа!“

19 Оваа жена ги продолжила своите библиски дискусии со Сведоците и не дозволила да ја спречат заканите дека ќе ја отстранат од положбата на пастор. Таа ѝ спомнала за своите библиски дискусии на некоја пријателка, која потоа почнала да ја проучува Библијата со Сведоците. Пријателката била толку воодушевена од она што го учела што на една од црковните служби во црквата во која одела, била поттикната да рече: „Дојдете, проучувајте ја Библијата со Јеховините сведоци!“ По кратко време поранешната пасторка и други поединци исто така почнале да ја проучуваат Библијата со Јеховините сведоци.

20. На кој начин искуството на една жена од Гана ја илустрира моќта на Божјата реч?

20 Моќта на Божјата реч е илустрирана и во случајот на Паулина, една жена од Гана. Една полновремена објавителка на Царството водела со неа библиска студија со книгата Спознание кое води до вечен живот.a Паулина била во полигамен брак и увидела дека треба да направи промени, но нејзиниот сопруг и сите роднини жестоко ѝ се спротивставиле. Дедо ѝ, судија во вишиот суд и црковен старешина, се обидел да ја разубеди погрешно применувајќи ги стиховите од Матеј 19:4—6. Судијата звучел авторитативно, но Паулина брзо сфатила дека тоа е слично на ситуацијата кога Сатана го извртувал Писмото додека го искушувал Исус Христос (Матеј 4:5—7). Таа се сетила на Исусовата јасна изјава во врска со бракот, која всушност вели дека Бог создал машко и женско, а не машко и женски, и дека двајца, а не тројца, ќе станат едно тело. Таа останала цврсто на својата одлука и на крајот го добила вообичаениот развод од полигамниот брак. Наскоро таа станала среќно крстена објавителка на Царството.

И понатаму исправно ракувај со Божјата реч

21, 22. а) На што треба да бидеме решени како објавители на Царството? б) Што ќе разгледаме во следната статија?

21 Божјата пишана реч навистина е моќна алатка што можеме да ја користиме за да им помогнеме на другите да направат промени во својот живот за да му се приближат на Јехова (Јаков 4:8). Исто како што искусните работници користат алатки за да постигнат добри резултати, да бидеме решени да вложуваме искрени напори да ја користиме вешто Божјата реч, Библијата, во делото што ни го дал Бог како објавители на Царството.

22 Како можеме поделотворно да ракуваме со Писмото додека учествуваме во делото на правење ученици? Еден начин е да ги развиеме своите способности како убедливи учители. Те молиме, обрни внимание на следната статија, бидејќи во неа ни се укажува на кои начини да ги поучуваме и да им помагаме на другите да ја прифатат пораката за Царството.

[Фуснота]

a Објавена од Јеховините сведоци.

Дали се сеќаваш?

• Кои алатки им стојат на располагање на објавителите на Царството?

• Во кој поглед Павле бил пример на работник за Царството?

• Што е вклучено во тоа исправно да се ракува со Божјата реч?

• Колку моќна алатка е Јеховината пишана Реч?

[Слики на страница 10]

Некои алатки што ги користат христијаните во делото на објавување на Царството

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели