Мудро користи ги важните помагала
1 Додека сведочиш од врата до врата, твоја цел треба да биде да го вклучиш секој станар во конструктивен, библиски разговор, така што ќе ја употребуваш Библијата и други важни помагала. (Спореди 2. Кор. 6:1; 2. Тим. 2:15). За што се заинтересирани луѓето на твоето подрачје во ова време? Дали се загрижени за економската ситуација или падот на квалитетот на семејниот живот? Неколку уводни забелешки за било која од овие теми може да доведе до одличен библиски разговор.
2 Би можел да речеш:
◼ „Во овие времиња на предизвик, многу луѓе увидуваат дека е тешко да се состави крај со крај. Сметате ли дека човечките влади ќе ги решат нашите финансиски проблеми на начин кој ќе биде фер спрема секого? [Сослушај го одговорот.] Јас лично сметам дека оваа мисла е мошне охрабрувачка . . .“
3 Потоа можеш да прочиташ Псалми 71:12-14 и заврши го разговорот така што ќе избереш некој додатен текст од оние што се наоѓаат на стр. 75 и 76 од книгата Расудување. Или, откако ќе прочиташ еден стих, можеш да се осврнеш на некој пасус од трактатот Живот во мирољубивиот нов свет. Многу објавители — вклучувајќи ги и младите — успешно започнале библиски студии со еден од трактатите така што прочитале еден пасус и го прашале станарот за неговото мислење за она што било прочитано.
4 Во некои општини можеби повеќе ќе сакаш да го употребиш овој пристап:
◼ „Многу луѓе би сакале да го доживеат враќањето на традиционалните семејни вредности. Мислите ли дека секој поединец треба да одлучи кои треба да бидат тие вредности, или треба да постои едно мерило за сите? [Дозволи одговор.] Мнозина се согласуваат дека ако се следи мудриот совет на Библијата, ќе настапи осетно подобрување на квалитетот на семејниот живот.“
5 На ова место можеш или да ја воведеш и да ја продискутираш изјавата на апостолот од Колосјаните 3:12-14, или да се потрудиш да започнеш домашна библиска студија на прва посета така што ќе ги употребиш мислите од поднасловот „Кој е патот до успехот?“ од трактатот Радувај се на семејниот живот.
6 Ако станарот покаже интерес, покажи му ја вредноста на една од книгите на Заедницата од 192 стр. која ја нудиш во текот на месецот. Ако не си сигурен до која мера е заинтересиран, мудро употреби други важни помагала така што ќе споделиш некоја прикладна мисла од трактат, списание или брошура.
7 Ако можеш да започнеш студија на првата посета, конкретно договори се да го продолжиш разговорот по извесно време. Можеш да положиш темел за својата следна посета така што ќе му кажеш на станарот дека кога ќе дојдеш повторно би сакал да го споделиш одговорот на вообичаеното прашање: „Зошто Бог го допушта страдањето?“ Долната статија предлага како може да се развие таа тема на повторната посета.