Користи трактати за да ја воведеш книгата Најголемиот човек
1 Во текот на јуни многу објавители ќе користат трактати за да подбудат интерес за книгата Најголемиот човек кој некогаш живеел. Овој пристап ќе им помогне да го одредат степенот на интерес и да одлучат дали ќе биде прикладно на првата посета да му ја понудат книгата на станарот.
2 Ќе преживее ли овој свет? Трактатите се од голема помош за започнување на разговори. Помагаат да се задржи вниманието на станарите бидејќи се обработуваат значајни теми кои ги засегаат нив лично.
На пример, отприлика можеш да речеш:
◼ „Од разговорите со луѓето забележавме дека многумина ја споменуваат нивната загриженост околу . . . [избери актуелен настан во весниците]. Се чини дека светските прилики одат од лошо на полошо. Некои дури се прашуваат дали овој свет може да преживее. Што мислите вие за тоа? [Дозволи му на станарот да одговори. Повеќето луѓе се оптимисти.] Прочитав нешто охрабрувачко, па би сакал да ви го покажам. Тоа е во овој трактат. [Врачи му го на станарот трактатот Ќе преживее ли овој свет?, а и ти држи в раце ист таков.] Забележете како Исус прорекол дека . . . “ Прочитај еден пасус на страница 4 или 5 кој се совпаѓа со текуштиот настан што си го споменал во уводот. Ако поединецот искрено се интересира, можеш да му ја покажеш книгата Најголемиот човек. Ако изгледа прикладно, сврти кај додатните информации за Исусовото пророштво кои се изнесени во 111. поглавје. Пред да си отидеш, можеби ќе можеш накратко да му ја објасниш општата природа на нашето светско дело и да опишеш како тоа се потпира. Исто така, не заборави да поставиш прашање на некоја тема за кое ќе дискутирате кога ќе дојдеш повторно.
3 Живот во мирољубивиот нов свет: Што значи за тебе живот во еден мирољубив нов свет? Воглавно, луѓето помислуваат на привлечни глетки на величествени реки и мирољубиви долини со прекрасни животни кои живеат во меѓусебен мир. За оние кои се потресени од сегашниве прилики во светот изгледот за мирољубив нов свет може да биде мошне закрепнувачки.
4 Дали си подготвен да им понудиш нешто закрепнувачко и угодно на твоите соседи, колеги или на оние кои ги среќаваш од куќа до куќа?
Користејќи го трактатот „Живот во мирољубивиот нов свет“ можеш да кажеш нешто како ова:
◼ „Што мислите, ќе биде ли некогаш можно луѓето да живеат во мир како што е покажано на овој трактат? [Дозволи му на станарот да одговори.] Ве молам погледнете ја последнава реченица од првиот пасус на страница 2. Таа прашува: ‚Но, зарем тоа не е само сон или фантазија да веруваме дека некогаш ќе постои ваква состојба на Земјата?‘ [Потоа прочитај го следниот пасус во трактатот.] Овој цитат за новото небо и новата земја е од Библијата, од 2. Петрово 3:13. Ако ви е позгодно да ја земете својата Библија, можеме да прочитаме Псалми 103:5 за да научиме повеќе за иднината на Земјата.“ Или можеш само да го прочиташ стихот од својата Библија. Ако поединецот покажува интерес, насочи ја дискусијата на книгата Најголемиот човек, 133. поглавје.
5 Ќе бидат потребни натамошни повторни посети за да се ‚полее‘ семето што било посадено (1. Кор. 3:6, 7). Долната статија предлага како би можела да се започне студија со книгата Најголемиот човек, било на прва било на повторна посета.