ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • km 8/93 стр. 2
  • Службени состаноци за август

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Службени состаноци за август
  • Нашата служба за Царството 1993
  • Поднаслови
  • Седмица од 2. август
  • Седмица од 9. август
  • Седмица од 16. август
  • Седмица од 23. август
  • Седмица од 30. август
Нашата служба за Царството 1993
km 8/93 стр. 2

Службени состаноци за август

Седмица од 2. август

Песна 63

10 мин: Месни известувања и избрани Известувања од Наша служба за Царството. Разгледај точки за разговор од текуштите списанија. Охрабри ги сите да учествуваат во службата на подрачјето овој викенд.

20 мин: „Настојувај да придобиеш уво што слуша.“ Дискусија со присутните. Нагласи колку е важно секој станар да го третираме како поединец, со цел да разговараме со него. Да се одржат кратки прикази на темел на предлозите од 2. и 3. пасус. Потсети на редовно употребување на списанијата во службата на подрачјето.

15 мин: „Сведочење преку телефон — начин да се достигнат мнозина.“ Обработка со прашања и одговори на првите 13 пасуси од додатокот. Колку што допушта времето, нека се прочитаат избрани пасуси. Потсети го собранието за следната седмица да се подготви за обработка на останатите седум пасуси.

Песна 193 и заклучна молитва.

Седмица од 9. август

Песна 70

10 мин: Месни известувања, вклучувајќи го благајничкиот извештај и благодарност за донациите. Пофали го собранието за финансиската поддршка на месното собрание, како и на светското дело на Друштвото.

15 мин: „Сведочење преку телефон — начин да се достигнат мнозина.“ Обработка на 14-20. пасус со прашања и одговори. Да се прочитаат избрани пасуси колку што дозволува времето. Замоли ги присутните да ги коментираат објаснувањата од книгата Расудување кои се споменати во 16. пасус. Истакни додатни точки од Наша служба за Царството од јули 1990, стр. 4.

20 мин: „Врати се да им помогнеш на луѓето да научат како да живеат засекогаш.“ Обработка со прашања и одговори. Да се одржи еден приказ на повторна посета кој се темели на понудата изнесена во 5. и 6. пасус.

Песна 71 и заклучна молитва.

Седмица од 16. август

Песна 20

15 мин: Месни известувања. Теократски вести. Дискусија на статијата „Нова програма за Денот на посебен состанок“. Охрабри ги сите однапред да направат планови за во текот на 1994 службена година да присуствуваат на програмата на Денот на посебен состанок. Ако е познато, објави ги датумот и местото на одржување. Исто така охрабри на активност на подрачјето во текот на викендот.

10 мин: Истакни ја вредноста на книгата Живеј засекогаш. Може да се прочитаат некои бројки за да се покаже порастот во текот на годините кога се користеше оваа книга. Многумина ја запознале вистината преку проучување на оваа книга. Интервјуирај еден или двајца објавители кои ја проучувале оваа книга кога дошле во вистината. Нека кажат што научиле од неа, а што посебно го ценат, и како може да се користи на подрачјето. Охрабри ги браќата да ја нудат со одушевување кога ќе забележат интерес.

20 мин: „Барања и за новите и за искусните слуги.“ Старешина обработува со прашања и одговори. Заклучи со срдечно но кратко резиме на мислите кои се однесуваат на потребите на месното собрание.

Песна 6 и заклучна молитва.

Седмица од 23. август

Песна 148

10 мин: Месни известувања.

20 мин: „Марливо барај библиски студии.“ Надгледникот за служба ја обработува статијата со прашања и одговори. Прочитај ги и примени ги сите наведени стихови. Разгледај го напредокот на собранието во делото на библиски студии во последниве пет години и изнеси заклучни коментари според месните потреби.

15 мин: Важноста на датумите во нашето проучување на Библијата. После краток говор според материјалот за „Дефиниција“ на страница 86, во книгата Расудување, води дискусија со присутните за останатите информации под „Датуми“. Разгледај „Зошто Јеховините сведоци велат дека Божјето Царство е воспоставено во 1914?“ Истакни како овие информации им помагаат на новите да бидат подготвени да ја бранат пораката за Царството.

Песна 43 и заклучна молитва.

Седмица од 30. август

Песна 156

5 мин: Месни известувања.

15 мин: „Во својата служба работи со сета душа.“ Говор на старешина. Кога ќе се дискутира пасус 2, дај прикладни коментари за освртот на Стражарска кула. Во заклучокот прочитај го и примени го Малахија 3:10.

10 мин: „Сведочење преку телефон — начин да се достигнат мнозина“ (2. мин.). Кратко повторување на главните мисли од статијата. Сцена I (3 мин.). Прикажи ги чекорите за подготвување кои се истакнати во пасуси 12 и 13. Сцена II (3 мин). Употреби една од обрасците на понуди од пасус 16 и прикажи стварно сведочење преку телефон. (2 мин.) Изнеси одушевувачки заклучок така што ќе повториш за големите можности кои постојат при користење на овој метод на сведочење.

15 мин: Месни потреби. Може да се дискутира за охрабрувањето што го дал покраинскиот надгледник на последната посета. Потсети ги браќата да проверат дали се предадени сите извештаи за 1993 службена година.

Песна 31 и заклучна молитва.

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели