Марливо барај библиски студии
1 Постојат сѐ повеќе докази дека му истекува времето на овој стар свет (2. Тим. 3:1-5). Што значи тоа? Значи дека се во прашање човечки животи. Сепак, во наша моќ е да им помогнеме на некои да се спасат (Изр. 3:27). За таа цел треба марливо да настојуваме да започнеме и водиме библиски студии.
2 Многу добра се направени со разделувањето на нашата литература темелена на Библијата. Но, она што најмногу им треба на луѓето е лична помош преку редовна домашна библиска студија. Како можеме да им помогнеме да го сфатат тоа?
3 Можеме да поставиме прашања за кои се интересираат многу луѓе. Таквите прашања можат да бидат: зошто моралот драстично слабее, зошто семејниот живот е толку нестабилен, зошто насилството и криминалот се толкава опасност, зошто Бог, кој е полн со љубов, ги дозволува сегашниве услови итн. Имај ги на ум публикациите и настаните кои се од особен интерес за луѓето на твоето подрачје. Укажи на библиските јасни одговори на овие прашања. Покажи како литературата што ја делиме може да им помогне да научат што вели Библијата за тие и други битни спорни прашања што се однесуваат на секој од нас.
4 Важно е да се вклучи станарот во разговор. Биди спремен да распознаеш што го интересира. Твојот разговор нека се одвива на темел на неговите интереси или грижи. Сврти го вниманието на информациите во некоја книга, брошура, списание или трактат кој го објаснува библиското решение за проблемите на човештвото. Пред да си заминеш, постави едно или две прашања за кои мислиш дека ќе го зголемат неговото учество на твојата следна посета. Кога ќе дојдеш повторно, немој да заборавиш да го потсетиш на овие прашања, а потоа да ја употребиш литературата за да му помогнеш да ги најде библиските одговори.
5 Нашето започнување и редовно водење на студии може да ги промени животите на луѓето. Треба да покажеме искрен интерес за интересите на оние кои ги среќаваме на подрачјето или во неформални прилики. Тоа бара добра подготовка за постепено да се подбудува нивниот интерес. Потребно е трпение за редовно да се посетуваат сѐ додека не се навикнат на редовен образец на духовно хранење. За тоа е потребен интерес од љубов кон самите луѓе. Ние мораме искрено да сакаме да им помогнеме на луѓето да бидат спасени од претстојното уништување. Нашето дело на библиски студии треба да го направиме предмет на редовна и искрена молитва (1. Сол. 5:17).
6 Најмногу охрабрува кога се гледа дека скоро милион луѓе станале крстени ученици во изминатите три години (Мат. 28:19, 20). Сега водиме скоро четири и пол милиони библиски студии секој месец, а ова ја покажува нашата заинтересираност за животите на другите. Што е со тебе? Дали си вложил искрени напори да учествуваш во делото на домашни библиски студии? Запомни, нашите животи и животите на другите зависат од нашата верност во овој поглед (Езек. 3:17-19).