Користи им на другите така што ќе ги употребуваш списанијата
1 Колку сме среќни што ги добивме најновите изданија на Стражарска кула и Разбудете се! Гледаме да си создадеме прилика да ги прочитаме колку што е можно поскоро за да имаме корист од информациите што се изнесени. Покрај тоа што бараме мисли што можат да ни помогнат нам лично, добра идеја е да бараме мисли што ќе може да се користат при нудење на списанија на другите. Можеби ќе сакаме да ги означиме деловите кои би биле посебно привлечни за луѓето на нашето собраниско подрачје или дури да запишеме забелешки на маргините на нашиот примерок за да се потсетиме на мислите за разговор и како статијата може да се понуди локално.
2 Нашите списанија имаат трајна вредност. Иако можеби првенствено гледаме да ги понудиме текуштите списанија, нема потреба да ги отфрлиме постарите бидејќи информациите сами по себе не застаруваат. Имај во торбата постари изданија за да ти стојат на располагање кога ќе сведочиш. Тоа може особено да биде корисно кога ќе стане очигледна некоја конкретна потреба на станарот. Кога ќе се остави постаро списание, во ред е кратко да му се спомене на станарот дека има прилика да приложи за светското дело.