Добро користи ги постарите списанија
Ако постарите списанија стојат на залиха или се фрлаат, никој нема да извлече корист од нив. Затоа е добро да ги користиме во службата. Само едно списание може да разгори нечиј интерес за вистината и да го поттикне да го „повикува името на Јехова“ (Рим. 10:13, 14). Да разгледаме неколку предлози за тоа како можеме добро да ги користиме постарите списанија.
Кога проповедаш на подрачја кои ретко се обработуваат, би можел да оставиш некое постаро списание на неупадливо место кај оние што не се дома.
Кога им сведочиш на луѓе што чекаат на јавни места како, на пример, на автобуска или на железничка станица, прашај ги дали би сакале нешто за читање. Потоа покажи им неколку постари списанија и дозволи им да изберат.
Кога одиш во амбуланта, во болница, во старечки дом или на слични јавни места кои припаѓаат на твоето собраниско подрачје, би можел да оставиш неколку постари списанија во чекалната. Обично најпрво треба да побараш дозвола од некое одговорно лице во тој објект. Ако видиш дека некој веќе оставил од нашите списанија, немој да оставаш други.
Кога се подготвуваш за некоја повторна посета, размисли за што се интересира оној што планираш да го посетиш. Дали е семеен човек? Дали сака да патува? Дали сака да ја уредува градината? Разгледај ги постарите списанија за да видиш дали има некоја статија која ќе му биде интересна за читање, и покажи му ја кога ќе го посетиш.
Кога повторно ќе се сретнеш со некое заинтересирано лице кое подолго време не си можел да го најдеш дома, покажи му некои списанија од изминатите месеци што не си успеал да му ги дадеш.