Работење на често обработувани подрачја
1 Се радуваме кога ќе добиеме извештај дека многу собранија често го обработуваат своето подрачје (Мат. 24:14; 1. Тим. 2:3, 4). Иако ова претставува своевиден предизвик, искуствата покажале дека можеме со него успешно да се соочиме ако сме добро подготвени и опремени да се справиме со различни околности кои може да настанат.
2 Клучот е во делотворните уводи: Многу е важно да бидеме подготвени да користиме еден или повеќе добро промислени уводи. Тие треба да вклучуваат соодветни изјави кои ги разјаснуваат најважните причини за нашите чести посети.
3 Книгата Расудување ни пружа голем број одлични примери на прикладни уводи кои може да ги користиме. Три се наведени на 15. страница, под насловот „На подрачје кое се обработува често“. Извежбај ги оние кои би сакал да ги користиш на твоето подрачје.
4 Некои објавители имаат успех кога користат исечоци од месните весници за да започнат разговори на често обработувани подрачја. Книгата Расудување дава три примери како може да се стори тоа. Разгледај го вториот увод под насловот „Криминал/Безбедност“ на страница 12 и првите два уводи под насловот „Светски настани“ на страница 14.
5 Твои уводи: Слободно состави и користи прикладни воведни коментари по примерот на оние што се дадени во книгата Расудување. Изрази ги на свој својствен начин и со свои зборови. Можеш да ги пробаш со некој искусен објавител пред да ги примениш во пракса.
6 На пример, можеш да кажеш нешто слично на ова:
◼ „Откако ве посетив последен пат, [спомени понов настан за кој се зборува во населбата]. Бидејќи тоа влијае на сите нас на овој или оној начин, многумина наши соседи изразија сериозна загриженост. Можеби и вие сте размислувале за тоа. [Кратко застани за тој да одговори ако сака.] Со оглед на денешнава ситуација во светот, дали се слагате со она што го напишал пророкот Јеремија во 10. поглавје, 23. стих? Откако ќе се прочита стихот, сослушај го станаровото мислење, потоа насочи го вниманието на одделни библиски стихови кои покажуваат како Јехова ќе го реши проблемот за кој разговарате.
7 Или можеш да речеш:
◼ „Сигурно во денешните весници сте забележале [спомени специфичен настан]. Можеби ќе се сложите дека ова делува на сите нас. [Кратко застани заради можен одговор.] Можеме да се надеваме дека владите ќе предложат привремено решение; меѓутоа, Библијата покажува како проблемот ќе биде засекогаш решен.“ Насочи го вниманието на специфични стихови кои објаснуваат што ќе стори Бог.
8 „Зошто доаѓате толку често?“ Прикладни одговори за човек кој сака да го прекине разговорот се дадени во книгата Расудување, на 20. страница под насловот „Зошто доаѓате толку често?“ Дури и без да нѐ прашаат, можеме да дадеме добро сведоштво ако ја користиме секоја прилика да им помогнеме на другите да сфатат дека искрената љубов кон Бог и ближниот нѐ мотивира да ги посетуваме колку што е можно почесто. Дискусија за Исусовите зборови од Јован 21:15-17 може многу да послужи во тој поглед.
9 Сѐ додека Јехова не рече дека е доста, да продолжиме да се соочуваме со предизвикот да работиме на често обработувани подрачја. Со ваква решеност, можеме да бидеме уверени во неговото водство, заштита и благослов сѐ до крајот (Мат. 28:19, 20).