ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • km 1/94 стр. 2
  • Службени состаноци за јануари

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Службени состаноци за јануари
  • Нашата служба за Царството 1994
  • Поднаслови
  • Седмица од 3. јануари
  • Седмица од 10. јануари
  • Седмица од 17. јануари
  • Седмица од 24. јануари
  • Седмица од 31. јануари
Нашата служба за Царството 1994
km 1/94 стр. 2

Службени состаноци за јануари

Седмица од 3. јануари

Песна 101

5 мин: Месни известувања. Накратко истакни специфични мисли од најновите списанија кои ќе одговараат за луѓето на месното подрачје.

25 мин: „Обласен конгрес на Јеховините сведоци за 1994 ‚Божествен страв‘.“ Секретарот го разгледува додатокот со прашања и одговори.

15 мин: „Да им помагаме на другите да ја сфатат вредноста на нашите публикации.“ Дискутирај ја статијата со собранието. Да се одржат кратки прикази после 3. и 4. пасус. Информирај ги објавителите за публикациите од 192 страници кои собранието ги има на залиха.

Песна 116 и заклучна молитва.

Седмица од 10. јануари

Песна 147

10 мин: Месни известувања и прикладни Известувања од Наша служба за Царството.

15 мин: Дали си спремен да се соочиш со медицински ситуации кои би ја испитале твојата вера? Способен старешина одржува подбудувачки говор за да им помогне на браќата да сфатат каква заштитна вредност има картичката Медицинско упатство/Ослободување од одговорност, при што користи мисли од додатокот на Наша служба за Царството од ноември 1990, пасуси 1-3. На некои Обласни конгреси „Божествена поука“, повеќе од 50 отсто од картичките, кои биле употребени за да се добие ново издание, биле непотпишани од страна на сопственикот и сведоците или биле застарени. Нека им се поделат нови картички само на крстени објавители, а потоа нека се разгледа писмото со упатство за пополнување на картичките од 15. октомври 1991. Советувај ги браќата да НЕ ги пополнуваат картичките таа вечер, туку да ги однесат дома, во молитва да ги разгледаат своите потреби, а потоа да ги пополнат. Но да НЕ ГИ ПОТПИШУВААТ ТОГАШ. Да се донесат пополнетите картички на следната Собраниска студија на книга каде што старешините ќе помогнат картичките да ги потпишат сопствениците и сведоците, и да се стави датум и потоа ќе проверат. Водителот на Собраниска студија на книга ќе го употреби најновиот список за да се увери дека сите во неговата група пополниле картичка. (На крстените родители може да им се помогне да исполнат Легитимации за своите деца.) На секој кој е тогаш отсутен од студијата на книга може да му помогне водител/старешина на следниот Службен состанок и тоа да се прави сѐ додека сите крстени објавители исправно ги пополниле и потпишале своите картички. Старешините треба да имаат список на сите преостанати поединци и да се обидат да ги комплетираат сите картички што е можно побрзо.

20 мин: „Дојди повторно за да изградиш ценење.“ Дискусија со присутните. Ако објавителите користат постари публикации, прикажи како може да се направи повторна посета кај лице кое зело една од овие книги.

Песна 154 и заклучна молитва.

Седмица од 17. јануари

Песна 167

10 мин: Месни известувања и благајнички извештај. Вклучи и благодарност за донациите. Изрази ценење за финансиската поддршка што објавителите ја даваат за активностите на Заедницата, како и на активностите на собранието. Потсети ги сите кои сѐ уште не ги комплетирале своите картички Медицинско упатство/Ослободување од одговорност да го сторат тоа вечерва, така што ќе му се обратат на својот водител на Собраниска студија на книга или на некој друг старешина.

20 мин: „Работење на често обработувани подрачја.“ Надгледникот за служба го разгледува со прашања и одговори. Во собранијата кои често го обработуваат подрачјето, да се изведе приказ на еден од уводите од книгата Расудување што се препорачани во 4. и 5. пасус, како и на друг прикладен увод кој или е земен од 6. и 7. пасус или е посебно подготвен за месното подрачје. Во собранијата кои не го обработуваат подрачјето често, треба да се изнесат во прикази други соодветни уводи од книгата Расудување. Приказите треба добро да се извежбаат.

15 мин: Каква е иднината на Земјата? Темелено на книгата Расудување, страници 128-133. (5 мин.) Говор што ги обработува мислите под поднасловите што почнуваат на 128. и 129. страница и го опфаќаат материјалот до средината на 130. страница. (7. мин.) Понов објавител и зрел, искусен објавител зборуваат за информациите од 130-132. страница. Световни роднини на новиот објавител тврдат дека Библијата укажува на уништување на Земјата. Тој бара поискусниот објавител да му помогне да ги разбере библиските сихови во врска со Земјата. (3 мин.) Во заклучокот, разгледајте го прашањето од 133. страница, „Какви луѓе ќе награди Бог со бескраен живот на Земјата?“ Охрабри ги сите да се потрудат да ги исполнат условите за таква благословена предност.

Песна 176 и заклучна молитва.

Седмица од 24. јануари

Песна 178

5 мин: Месни известувања. Охрабри ги сите да учествуваат во службата на подрачјето оваа седмица. Објави ги собраниските подготовки за служба на подрачјето.

10 мин: Прашања. Говор со извесно учество на присутните. Помогни им на сите да разберат зошто треба да се постапува како што е опишано во првите три пасуси. Повремено, разлутени станари телефонираат и испраќаат писма на Заедницата и велат дека во неколку прилики им кажале на Јеховините сведоци да не им доаѓаат, а тие пак ги посетуваат. Затоа, кога работиме од куќа до куќа, не треба да заборавиме да погледнеме во обвивката за карта на подрачјето и да ги земеме белешките за домови во кои сме замолени да не ги посетуваме.

15 мин: По потреба на собранието или говор на претседавачкиот надгледник темелен на w 1.10.89, стр. 26-32, „Однесувајте се како што прилега на добрата вест“.

15 мин: Собраниска активност на подрачјето. Надгледникот за служба и уште еден старешина ја разгледуваат активноста на собранието во последните четири месеци. Помина една третина од службената година (септември-декември). Како напредува собранието? Искрено пофали го собранието за сферите на кои работи добро. Исто така спомени сфери на кои собранието може да се поправи и дај практични предлози. Вметни едно или две кратки охрабрувачки искуства од проповедањето од првите четири месеци на службената година. Заврши со позитивни, изградувачки забелешки. Радоста на Исус доаѓала од неговото извршување на службата. И ние ќе најдеме голема радост ако останеме вработени во делото кое Јехова ни го доверил (Јован 4:34; 1. Кор. 15:58).

Песна 179 и заклучна молитва.

Седмица од 31. јануари

Песна 186

5 мин: Месни известувања. Охрабри ги сите рано да почнат со службата на проповедање така што ќе учествуваат во неа овој викенд. Дај корисни предлози за нудење на најновите списанија.

10 мин: Нудење на Ти можеш засекогаш да живееш во рајот на Земјата од куќа до куќа. Краток говор со одушевеност за тоа колку книгата им помогнала на луѓето да го запознаат и обожаваат Јехова. Прикажи како еден објавител може да ги употреби предлозите од ова издание на Наша служба за Царството за да се подготви да ја користи оваа книга во службата на проповедање.

20 мин: „Посетување на состаноците — сериозна одговорност.“ Обработка со прашања и одговори. Во врска со 2. пасус, интервјуирај објавители кои совладале некои препреки за редовно да присуствуваат на состаноците.

10 мин: По потреба на собранието. Или говор на старешина на тема „Исправно гледај на Божјата милосрдност“, темелен на Стражарска кула од 1. октомври 1993, страници 22-25.

Песна 188 и заклучна молитва.

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели