Можеш ли овој месец да ја зголемиш својата фалба на Јехова?
1 Псалмистот Давид имал сесрдна желба прифатливо да го фали Јехова, па затоа изјавил: „И јас со устата моја многу ќе го славам Господа и меѓу мнозина ќе Го прославувам“ (Пс. 108:30). Април е одличен месец за ‚да Го восхвалуваме сѐ повеќе‘ така што ќе го зголемиме нашето учество во службата на подрачјето (Пс. 70:14). Дали си планирал да бидеш меѓу многуте кои ќе го сторат ова така што ќе се вклучат во редовите на помошните пионери?
2 Планирај сега: „Плановите на марливите сигурно придонесуваат за напредок“, потсетени сме во Изреки 21:5 (НС). Ова бара од тебе да ја изнесеш работата пред Јехова во молитва, ставајќи го него на прво место во своите планови (Изрек. 3:5, 6). Потоа, испитај го својот моментален план за да одредиш каде се потребни промени за да поминуваш во просек по два часа дневно во службата. Твоето ‚откупување‘ (НС) на времето од другите активности ќе ти дозволи да посветиш повеќе време на делото на проповедање (Ефес. 5:16).
3 Комуницирај и соработувај: Апостол Павле зборувал за извесни поединци кои му биле „утеха [зајакнувачка помош, НС]“ во извршувањето на службата (Кол. 4:11). Дискутирај за своите планови со други кои сакаат да се пријават за април. Нивната поддршка и придружба може да донесе взаемна духовна корист. Надгледникот за служба може да ти помогне ако имаш прашања за подготовките за служба на проповедање или за подрачјето што треба да го работиш.
4 Соработката и поддршката од семејството може да им помогне на поедини членови да бидат помошни пионери. Домашните обврски може привремено да се прераспределат. Планот за извршување на истите може исто така да се прилагоди. Еден семеен состанок за да се дискутира за овие потреби може да ви користи за да ја исполните вашата цел. Добрата комуникација и соработка се клучот за успех.
5 Задржи позитивен став: Немој брзо да ја отпишеш помошната пионерска служба поради неповолни околности. Млади кои одат на училиште, пензионери, домаќинки со деца, семејни поглавари кои работат полновремено, сите тие биле во состојба да ја дадат жртвата — и тоа со задоволство — да бидат помошни пионери во април. Тие се согласуваат со псалмистот дека „прикладна е фалбата од страна на праведните“, и не сметаат дека е премногу ако вложат посебни напори што се потребни за да се поминат 60 часа во службата (Пс. 33:1, НС). Ако не си во состојба да се пријавиш, зошто да не ја делиш радоста така што ќе ја зголемиш својата активност како собраниски објавител?
6 За многумина, помошната пионерска служба во април била отскочна даска за општата пионерска служба. Со тоа што ја засилиле својата активност, увиделе дека преминот до работата како општ пионер не е толку тежок.
7 Да, самото годишно време е погодно за зголемена теократска активност во април. Подолгиот ден дозволува повеќе да се сведочи наутро и приквечер. Сакаме да сториме сѐ што можеме за да го фалиме нашиот Бог, Јехова. Помошното пионерење во април е одличен начин да го покажеме нашето ценење за многуте негови дела на незаслужена доброта што ги направил за нас.