ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • km 2/97 стр. 3-5
  • Се бараат — 100.000 помошни пионери

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Се бараат — 100.000 помошни пионери
  • Нашата служба за Царството 1997
  • Сличен материјал
  • Убава цел за новата службена година
    Нашата служба за Царството 2007
  • Ќе го сториме ли тоа повторно? — друг повик за помошни пионери
    Нашата служба за Царството 1998
  • Објавувајте ги доблестите на Јехова
    Нашата служба за Царството 2007
  • Прашања
    Нашата служба за Царството 1993
Повеќе
Нашата служба за Царството 1997
km 2/97 стр. 3-5

Се бараат — 100.000 помошни пионери

Можеш ли да бидеш помошен пионер во март? април? мај?

1 „Се бараат 1.000 проповедници“ — вака гласел насловот на една статија објавена во изданието на Стражарска кула од април 1881. Таа содржела еден апел до сите предадени мажи и жени „на кои Господ им доверил спознание за Неговата вистина“, да го користат секое можно време за да учествуваат во ширењето на библиската вистина. Оние кои можеле да дадат половина или повеќе од своето време исклучително за Господовото дело, биле охрабрени доброволно да се пријават како евангелизаторски колпортери — претходници на денешните пионери.

2 Иако од 1800-тите па наваму времињата се измениле, еден факт останува ист — Божјите предадени слуги сакаат и понатаму да користат колку што е можно повеќе време во ширењето на добрата вест. Служењето како помошни пионери им овозможува на собраниските објавители да ја подобрат својата делотворност додека вложуваат додатно време во службата за Царството (Кол. 4:17; 2. Тим. 4:5).

3 Уште од нејзиниот зачеток, на помошната пионерска служба се радувале стотици илјади браќа и сестри. Одушевеноста за оваа гранка од пионерската служба пораснала до тој степен што во април 1985, во подрачјето на подружницата на Соединетите Држави бил достигнат најголемиот број со преку 100.000 помошни пионери! Оттогаш, во помошната пионерска служба трипати учествувале над 100.000 објавители во текот на месец април — во 1988, 1989 и 1992. Сигурно дека постои потенцијал да се повтори овој прекрасен обид и оваа пролет 1997.

4 Ние ве охрабруваме да си поставите за цел помошна пионерска служба во текот на еден или повеќе од месеците март, април и мај. Зошто го вклучуваме март? Затоа што оваа година, Споменот на Христовата смрт се паѓа в недела, на 23 март. Нема подобар начин на кој би можеле да ги поминеме седмиците кои му претходат на Споменот од ревното учествување во делото на проповедање на Царството, кое го воспоставил нашиот Господ и Спасител Исус Христос. Со големиот куп сведоштво кое ќе се даде во март, можеме да поканиме многу заинтересирани лица да ни се придружат на поменот на Христовата смрт. Исто така, март ќе биде посебен и затоа што тогаш за првпат ќе ја претставуваме новата книга — Тајната на семејната среќа. Освен тоа, месец март има пет саботи и пет недели и овозможува засилена активност во службата на подрачјето за време на викендите. Се разбира, во текот на месеците април и мај, еден продолжителен ревен напор во службата ќе ни овозможи да го проследиме интересот кој сме го нашле и да започнеме нови домашни библиски студии, користејќи ја притоа брошурата Што бара Бог од нас? Исто така, темелно ќе го обработиме нашето подрачје, особено за време на викендите, со текуштите навремени изданија на Стражарска кула и Разбудете се!

5 Кој ги исполнува условите да биде помошен пионер?: Книгата Организирани за да ја извршуваме нашата служба, на страница 114 објаснува: „Без разлика какви се твоите околности, ако си крстен, ако си на добар глас во морален поглед, ако можеш да средиш за да го исполниш барањето да се поминат 60 часа месечно во службата на подрачјето и ако веруваш дека би можел да служиш како помошен пионер еден или повеќе месеци, на собраниските старешини ќе им биде задоволство да ја разгледаат твојата молба за оваа предност во службата“. Можеш ли да направиш простор за оваа предност во март? април? мај?

6 Позитивниот став од страна на старешинствата, заедно со искрената поддршка од останатите објавители, треба да направи одѕивот на овој повик за 100.000 помошни пионери да биде успех што одекнува (Евр. 13:7). Сите поглавари на семејствата се охрабрени да утврдат колкумина од нивното домаќинство ќе можат да се придружат во редовите на помошните пионери во текот на еден или повеќе од претстојните месеци (Псал. 148:12, 13; спореди Дела 21:8, 9).

7 Немој брзо да заклучиш дека помошната пионерска служба е над твоите можности поради тоа што имаш световна работа со цело работно време, школски распоред, семејни одговорности или други библиски обврски. За некои можеби нема да биде лесно да земат учество; но и покрај тоа, со добра организација и Јеховин благослов можат да успеат (Псал. 36:5; Изр. 16:3). Дозволи желбата да учествуваш во пионерската служба да има контрола над твоите околности; не дозволувај твоите околности да имаат контрола над твојата желба да бидеш пионер (Изр. 13:20). Спрема тоа, со силна љубов кон Јехова и кон ближните многумина можат да ја прилагодат својата седмична животна рутина за одвреме навреме да ја прошират својата служба еден месец (Лука 10:27, 28). Многу благослови ги очекуваат оние кои силно се напрегаат во службата за Царството (1. Тим. 4:10, НС).

8 Што постигнува помошната пионерска служба: Од трудот што со сета душа го вложуваат илјадници Божји слуги во помошната пионерска служба произлегува голем извик на фалба за Јехова. Додека овие објавители на Царството се напрегаат да ја шират добрата вест до што повеќе луѓе, тие сѐ повеќе му се приближуваат на Јехова лично, затоа што учат да бидат позависни од него во поглед на неговиот дух и благослов.

9 Кога во нашата средина имаме активни помошни, општи и специјални пионери, тоа донесува свеж дух на живост во собранието. Нивната одушевеност додека зборуваат за своите искуства од подрачјето е заразна. Тоа ги мотивира другите да ги преиспитаат сопствените приоритети и потенцијал за да имаат проширено учество во многу важното дело на службата. Една сестра која се крстила на 70-годишна возраст веднаш започнала со редовна помошна пионерска служба. Кога после неколку години била запрашана зошто на нејзина возраст сѐ уште толку многу се напрега во службата како помошен пионер секој месец, таа рекла дека чувствува како првите 70 години од нејзиниот живот да ѝ пропаднале и дека не сака да ѝ пропадне ниту една од преостанатите години од животот!

10 Секој учесник во помошното пионерско дело развива подобрена вештина во службата. Еден млад Сведок признал: ‚Во текот на раното детство ги придружував моите родители во нивните проповеднички активности. Службата на подрачјето беше навистина забавна. Но, со текот на времето, сфатив дека на училиште се издвојувам од останатиот дел од друштвото. Потоа, ми стана непријатно да зборувам со соучениците за вистината. Кога проповедав од куќа до куќа, почнав да стравувам од помислата да не сретнам некого што го знам од училиште. Во мојот случај мислам дека проблемот беше стравот од луѓето (Изр. 29:25). Откако го завршив училиштето, решив да се обидам повремено да пионерам. Како резултат на тоа, проповедањето ми стана привлечно како никогаш порано. Навистина, повеќе не гледав на него како на забавна активност ниту, пак, како на тешко бреме. Кога видов како моите библиски ученици напредуваат во вистината, имав чувство на длабоко задоволство поради доказот дека Јехова Бог ги поддржува моите напори‘. Овој млад човек напредувал до тој степен што служи како општ пионер.

11 Од практична гледна точка, кога многумина во собранието служат како помошни пионери, резултатот е темелна обработка на подрачјето. Братот кој е задолжен за доделба на подрачјата може да ги замоли помошните пионери да помогнат на ретко обработуваните делови. Ако си понесеш сендвич и ако поминеш цел ден во службата, тоа ќе ти овозможи да ги работиш дури и оддалечените предели од подрачјето.

12 Старешините однапред да прават подготовки: Во текот на следните три месеци треба да се направат подготовки за да се планираат различни видови активности на сведочење во различни термини од седмицата, вклучувајќи и доцна попладне и рано навечер, за да можат да земат учество колку што е можно повеќе лица. Освен за редовното дело од куќа до куќа, вклучи термини и за сведочење на улица, за обработување на деловното подрачје и посетување на лицата од типот „не се дома“. Правејќи го тоа, старешините ќе им помогнат на оние кои не пионерат да учествуваат во службата со собранието во време кое ќе биде најпрактично и најпогодно за пионерите. Собранието треба да биде добро информирано за сите подготовки за служба на подрачјето. Водењето на состаноците за служба треба да биде добро организирано. Освен тоа, треба да се има на располагање адекватно подрачје и доволно списанија, како и навреме да се нарача залиха од друга литература.

13 Планирај го твојот личен распоред за служба: Еден брат кој на почетокот бил плашлив во врска со помошната пионерска служба, рекол: „Навистина е многу полесно отколку што мислев дека ќе биде. Само треба добар распоред“. Дали го виде на последната страна од овој додаток, распоредот за помошен пионер, што служи како пример, кој би бил практичен за тебе? Сето време што се бара од помошните пионери е 15 часа за служба секоја седмица.

14 За да служат како помошни пионери, домаќинките и оние кои работат втора смена честопати можат да ги планираат за служба на подрачјето своите претпладниња. Учениците и оние кои работат трета смена можат да ги посветат во делото на проповедање главно доцните попладниња. Оние кои имаат световна работа со цело работно време утврдиле дека освен вечерното сведочење, можно е или да земат еден слободен ден од работа во седмицата или да посветат цели викенди во службата. Многумина чија служба на подрачјето е ограничена воглавно на активност за време на викендите, избираат месеци кои имаат пет цели викенди. Оваа година, тоа е случај во март, како и во август и ноември. Користејќи го празниот распоред на 6. страница кој е даден како водич, внимателно и во молитва размисли кој би бил практичен личен распоред за служба во твојата ситуација лично.

15 Една корист од подготовката да се биде помошен пионер е нејзината флексибилност. Можеш да ги избереш месеците во кои ќе пионериш и можеш да служиш онолку колку што сакаш. Ако сакаш да бидеш редовен помошен пионер, но не можеш да го сториш тоа, дали си помислил да се пријавуваш секој втор месец во текот на годината? Од друга страна, пак, некои можат редовно да служат како помошни пионери подолги временски периоди.

16 Загревање за полновремена пионерска служба: Многумина кои имаат пионерски дух би сакале да служат како општи пионери, но се прашуваат дали ќе имаат време, околности или дали ќе го издржат тоа. Несомнено, повеќето од оние кои сега се општи пионери, првин ја користеле помошната пионерска служба како загревање за полновременото дело. Ако човек го зголеми распоредот за помошен пионер за само еден час дневно или еден цел ден секоја седмица, можно е да го исполни распоредот за општ пионер. За да откриеш дали тоа е возможно за тебе, зошто не се обидеш да посветиш 90 часа во службата во текот на еден или повеќе месеци кога си помошен пионер? Во исто време, ќе си отвораш повторни посети и библиски студии кои ќе ти овозможат да се радуваш на комплетна пионерска служба.

17 Една сестра уживала шест години во непрекината помошна пионерска служба. За сето тоа време имала цел да стапи во општата пионерска служба. Со таква намера, испробала четири различни световни вработувања со надеж да си создаде ситуација во која ќе го постигне барањето за општите пионери од 90 часа. Секој месец таа составувала по еден или два распореди за да пресмета дали тоа би било можно. Но, кога ги разгледувала, имала чувство дека полновремената служба е недостижна за неа. Сепак, продолжила да го моли Јехова за негово водство. Потоа, еден ден, додека се подготвувала за Состанокот за служба, во изданието на Наша служба за Царството од септември 1991, прочитала една статија која наведува: „Наместо да ставаме претеран нагласок на барањето за часови, зошто не го сосредоточиме нашето внимание на сѐ поголемата прилика да учествуваме во делото на собирање? (Јован 4:35, 36)“. Таа раскажува: „Оваа реченица ја препрочитав пет или шест пати и бев сосема сигурна дека ова беше Јеховин одговор. Во тој момент донесов одлука да стапам во општата пионерска служба“. Иако нејзиниот распоред за световна работа со скратено работно време бил далеку од идеален, таа ја предала својата молба за општ пионер. После една седмица, нејзиниот распоред се променил и ѝ била дадена световна работа со работни часови кои баш ѝ одговарале. Таа заклучила: „Дали е ова Јеховината рака или не?“ и додала: „Кога го молиш Јехова за водство и го добиваш тоа водство, не бегај од него — прифати го“. Ако имаш искрена желба да бидеш општ пионер, можеби на крајот од трите месеци — овој март, април и мај — поминати во помошна пионерска служба, ќе бидеш уверен дека и ти можеш да успееш во полновремената служба.

18 Ние сме сигурни дека Јехова ќе ја благослови ревноста и ќе ги поддржи напорите на својот народ додека тој ја објавува добрата вест за спасение во текот на овој посебен пролетен период на активност (Иса. 52:7; Рим. 10:15). Дали ќе одговориш на повикот за 100.000 помошни пионери со тоа што ќе учествуваш во март? април? мај?

[Рамка на страница 3]

Како да се успее како помошен пионер

■ Биди позитивен во врска со твоите изгледи

■ Моли го Јехова да ги благослови твоите напори

■ Покани друг објавител да пионери со тебе

■ Изработи практичен распоред за служба

■ Нарачај доволна залиха на списанија

■ Поддржувај ги собраниските подготовки за служба

■ Барај прилики за неформално сведочење

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели