Помош во надминувањето на секојдневните проблеми
Многумина го изразија своето задоволство откако ја добија книгата Среќа — Како да се пронајде? на Обласниот конгрес „Божествена љубов“ во 1980. Истакнувајќи ја практичната вредност на оваа публикација, еден објавител изјавил: „Дојде во право време бидејќи луѓето денес не се толку многу заинтересирани за доктрини како што се заинтересирани да дознаат кој нѐ создал, зошто постоиме и како може да се надминат секојдневните проблеми“. Почнувајќи од 9. мај 1994, на Собраниската студија на книга уште еднаш ќе се проучува оваа одлична публикација. Добро подготви се и редовно присуствувај за да можеш и ти да добиеш помош во надминувањето на секојдневните проблеми.